Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 70: Јона и големата риба

Приказна 70: Јона и големата риба

ПОГЛЕДНИ ГО човекот во водата. Тој е многу исплашен, зар не? Рибата сака да го голтне! Знаеш ли кој е овој човек? Тој се вика Јона. Да видиме како упаднал во толку голема неволја.

Јона бил пророк на Јехова. Не поминало долго време по смртта на пророкот Елисеј кога Јехова му рекол на Јона: 'Оди во големиот град Ниневија. Лошотијата на тамошните луѓе е многу голема, и јас сакам ти да им го кажеш тоа‘.

Јона и големата риба

Но, Јона не сакал да оди. Затоа се качил на брод кој отпатувал во спротивната насока од Ниневија. Јехова не бил задоволен со тоа што Јона избегал. Затоа, предизвикал голема бура. Таа била толку силна што бродот бил во опасност да потоне. Морнарите многу се исплашиле, па почнале да ги викаат своите богови да им помогнат.

На крајот, Јона им рекол: 'Јас му служам на Јехова, Богот кој ги создаде небото и Земјата. И јас бегам за да не го направам она што Јехова ми рече да го направам‘. Затоа, морнарите го прашале: 'Што да направиме со тебе за да престане бурата?‘

'Фрлете ме во морето, и тоа повторно ќе се смири‘, рекол Јона. Морнарите не сакале да го сторат тоа, но бидејќи бурата станувала сѐ посилна, на крајот го фрлиле Јона од бродот. Бурата веднаш престанала и морето повторно се смирило.

Додека Јона тонел во водата, една голема риба го голтнала. Но тој не умрел. Три дена и три ноќи бил во стомакот на таа риба. На Јона му било многу жал што не го послушал Јехова и не отишол во Ниневија. Затоа, знаеш ли што направил?

Јона му се помолил на Јехова за помош. Тогаш Јехова ѝ заповедал на рибата да го исплука Јона на копното. Потоа, Јона отишол во Ниневија. Зарем од ова не учиме колку е важно да направиме сѐ што Јехова ќе рече?

Библиската книга Јона.



Прашања

  • Кој бил Јона, и што му рекол Јехова да направи?
  • Што направил Јона поради тоа што не сакал да оди таму каде што го испратил Јехова?
  • Што им рекол Јона на морнарите да направат за да престане бурата?
  • Што се случило додека Јона тонел во водата, како што гледаш на сликата?
  • Колку долго бил Јона во големата риба, и што направил таму?
  • Каде отишол Јона откако излегол од големата риба, и што учиме ние од тоа?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Јона 1:1-17.

    Што мислел Јона за својата задача да им проповеда на Ниневијците? (Јона 1:2, 3; Изр. 3:7; Проп. 8:12).

  • Прочитај Јона 2:1, 2, 10.

    На кој начин искуството на Јона нѐ уверува дека Јехова ќе одговори на нашите молитви? (Пс. 22:24; 34:6; 1. Јов. 5:14).

  • Прочитај Јона 3:1-10.

    Какво охрабрување црпиме од фактот дека Јехова продолжил да го користи Јона и покрај тоа што на почетокот тој не ја исполнил својата задача? (Пс. 103:14; 1. Пет. 5:10).

    Што учиме од искуството на Јона со Ниневијците во врска со предрасудите кон луѓето на нашето подрачје? (Јона 3:6-9; Проп. 11:6; Дела 13:48).