6. дел: Од раѓањето на Исус до неговата смрт
Ангелот Гавриел бил испратен кај една многу добра млада жена која се викала Марија. Тој ѝ рекол дека таа ќе има дете кое засекогаш ќе владее како цар. Детето, Исус, се родило во една штала каде што го посетиле некои овчари. Подоцна, една ѕвезда довела некои луѓе од исток кај малото дете. Ќе дознаеме кој предизвикал тие да ја видат таа ѕвезда и како Исус бил спасен од обидот да биде убиен.
Потоа, ќе видиме како Исус, кога имал 12 години, разговарал со учителите во храмот. Осумнаесет години подоцна, Исус се крстил и почнал да проповеда и да поучува за Царството бидејќи за таа цел Бог го испратил на Земјата. За да има кој да му помогне да ја исполни таа задача, Исус избрал 12 мажи, кои му станале апостоли.
Исус, исто така, направил многу чуда. Тој нахранил илјадници луѓе само со неколку рипчиња и неколку леба. Лекувал болни, па дури и воскреснувал мртви. На крајот, ќе дознаеме што сѐ му се случило на Исус на последниот ден од неговиот живот и како бил убиен. Исус проповедал три и пол години, па затоа, ШЕСТИОТ дел опфаќа малку повеќе од 34 години.