Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед во дел 12

Вовед во дел 12

Исус ги поучувал луѓето за Божјето Царство. Тој ги поучувал и да се молат да се свети Божјето име, да дојде неговото Царство и да се врши неговата волја на Земјата. Ако си родител, објасни му на детето од какво значење е оваа молитва за нас. Исус не дозволил Сатана да го наведе да му згреши на Јехова. Подоцна, Исус ги избрал апостолите, кои добиле посебни задачи како идни членови на Божјето Царство. Исус сакал луѓето да му служат на Бог на исправен начин. Тој им помагал на другите така што ги лекувал болните, ги хранел гладните, па дури и воскреснал неколкумина. Со овие чуда, Исус покажал што ќе направи Божјето Царство за луѓето.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 74

Исус станал Месија

Што сакал Јован да каже кога рекол дека Исус е Божјето Јагне?

ПОГЛАВЈЕ 75

Ѓаволот го искушал Исус

Ѓаволот го искушал Исус три пати. Како го искушал? Што направил Исус?

ПОГЛАВЈЕ 76

Исус ги истерал продавачите од храмот

Зошто Исус ги истерал животните од храмот и им ги превртел масите на менувачите на пари?

ПОГЛАВЈЕ 77

Жената кај бунарот

Една Самарјанка се изненадила кога Исус почнал да ѝ зборува. Зошто? Што било тоа што ѝ го кажал Исус а дотогаш го немал кажано никому?

ПОГЛАВЈЕ 78

Исус проповедал за Божјето Царство

Исус повикал некои од неговите ученици да станат „рибари на луѓе“. Подоцна, обучил 70 негови следбеници да ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство.

ПОГЛАВЈЕ 79

Исус правел многу чуда

Каде и да одел, кај него доаѓале болни луѓе и тој ги лекувал сите. Дури и воскреснал едно девојче.

ПОГЛАВЈЕ 80

Исус избрал дванаесет апостоли

Со која цел ги избрал? Ги знаеш ли нивните имиња?

ПОГЛАВЈЕ 81

Проповедта на гората

Исус поучувал мноштво луѓе.

ПОГЛАВЈЕ 82

Поуки од Исус за молитвата

За кои работи им рекол на учениците да не се откажуваат кога се молат?

ПОГЛАВЈЕ 83

Исус нахранил илјадници луѓе

Што ни покажува тоа чудо за Исус и за Јехова?

ПОГЛАВЈЕ 84

Исус одел по вода

Можеш ли да си замислиш како се чувствувале апостолите кога го виделе ова чудо?

ПОГЛАВЈЕ 85

Исус лекувал во сабота

Зошто не се радувале сите поради тоа што го правел?

ПОГЛАВЈЕ 86

Исус го воскреснал Лазар

Кога Исус ја видел Марија како плаче, почнал да плаче и тој. Но, по кратко време нивната тага се претворила во радост.