Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед во дел 5

Вовед во дел 5

Два месеци откако го преминале Црвеното Море, Израелците стигнале до планината Синај. Таму Јехова со нив склучил сојуз, односно договор, за да бидат негов посебен народ. Тој ги штител Израелците и им давал сѐ што им било потребно — мана за да јадат, облека која не се кинела и не стареела, како и безбедно место за живеење. Ако си родител, помогни му на детето да разбере зошто Јехова им дал на Израелците закон, свет шатор и свештенство. Истакни колку е важно да си стоиме на зборот, да бидеме понизни и секогаш да му бидеме верни на Јехова.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 23

Израелците му дале ветување на Јехова

Израелците му дале едно посебно ветување на Бог додека биле на подножјето на планината Синај.

ПОГЛАВЈЕ 24

Израелците не го исполниле ветувањето

Додека го чекале Мојсеј да се симне од планината Синај, Израелците направиле многу сериозен грев.

ПОГЛАВЈЕ 25

Светиот шатор

Во овој посебен шатор се наоѓал ковчегот на сојузот.

ПОГЛАВЈЕ 26

Дванаесетте извидувачи

Исус Навин и Халев биле поинакви од другите десет мажи што ја извиделе земјата Ханаан.

ПОГЛАВЈЕ 27

Некои се побуниле против Јехова

Кореј, Датан, Авирон и 250 други заборавиле една важна вистина во врска со Јехова.

ПОГЛАВЈЕ 28

Магарицата на Валаам прозборела

Магарицата видела нешто што Валаам не можел да го види.