Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Писмо од Водечкото тело

Писмо од Водечкото тело

До оние што го сакаат Јехова Бог и неговата Реч, Библијата:

„Ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“, рекол Исус (Јован 8:32). Се сеќаваш ли како се чувствуваше кога ја најде вистината од Библијата? Сигурно беше воодушевен кога сфати дека во овој свет полн со лаги можеме да ја дознаеме вистината (2. Тимотеј 3:1).

Јехова Бог сака да ја знаеме вистината. А бидејќи ги сакаме луѓето, правиме сѐ што можеме за да им ја пренесеме и ним. Но, за да му служиме на Бог, потребно е уште нешто. Бидејќи длабоко ги почитуваме Јеховините начела, треба да даваме сѐ од себе за да живееме како христијани. Исус објаснил кој е еден важен начин на кој можеме да му покажеме на Бог дека го сакаме. Исус рекол: „Ако ги држите моите заповеди, ќе останете во мојата љубов, како што јас ги држев заповедите на Таткото и останувам во неговата љубов“ (Јован 15:10).

Исус многу го сака својот Татко и го прави сето она што тој го бара од него. Ако со нашиот начин на живот покажуваме дека го следиме примерот на Исус, Јехова ќе нѐ сака и ќе бидеме вистински среќни. Исус го потврдил ова со следниве зборови: „Кога го знаете тоа, среќни сте ако го правите“ (Јован 13:17).

Се надеваме дека оваа книга ќе ти помогне да живееш според вистината од Библијата и да му бидеш пријател на Бог. Се молиме твојата љубов кон Јехова сѐ повеќе да расте и да останеш близок со него. Ако го правиш тоа, Бог ќе ти даде вечен живот (Јуда 21).

Водечко тело на Јеховините сведоци