ВТОРО ПОГЛАВЈЕ
Како да задржиш чиста совест?
„Зачувајте чиста совест“ (1. ПЕТРОВО 3:16).
1, 2. Зошто компасот е многу важен инструмент, и во која смисла совеста е слична на него?
ЕДЕН морепловец ги сече брановите на океанската шир со својот брод. Еден човек патува пеш низ пространи пусти предели. Еден пилот го вивнува авионот над облаците кои се протегаат во недоглед. Знаеш ли што им е заедничко на сите тројца? Па, секој од нив може да се најде во голема неволја ако нема компас — особено ако нема други современи апарати.
2 Компасот е едноставен инструмент и обично се состои од бројченик и магнетна игла што покажува кон север. Кога работи исправно, и особено кога се користи заедно со точна карта, компасот може да значи живот. Во извесна смисла, тој е сличен на еден Јаков 1:17). Без совест, би биле потполно изгубени. Ако ја користиме како што треба, таа може да ни помогне да го најдеме исправниот пат во животот и да останеме на него. Затоа, да разгледаме што е совеста и како функционира таа. Потоа ќе позборуваме за следново: 1) Како можеме да ја обликуваме својата совест, 2) зошто да мислиме на совеста на другите и 3) како ни користи чистата совест.
скапоцен дар што сме го добиле од Јехова — совеста (ШТО Е СОВЕСТА И КАКО ФУНКЦИОНИРА
3. Што буквално значи грчкиот збор за „совест“, и на која извонредна способност што ја имаат луѓето се однесува овој збор?
3 Во Библијата, грчкиот збор што се користи за „совест“ буквално значи „да се познаваш себеси“. За разлика од сите други суштества на Земјата, Бог ги обдарил луѓето со способност да се осознаваат себеси. Ние, така да се каже, можеме да застанеме за миг и да се проанализираме, односно да процениме дали постапуваме исправно. Како наш внатрешен судија, совеста може да ги процени нашите постапки, ставови и одлуки. Може да ни помогне да донесеме некоја добра одлука и да нѐ предупреди да не донесеме некоја погрешна. Потоа, може да нѐ исполни со задоволство за добрата одлука или силно да нѐ пече поради лошата одлука.
4, 5. а) Од каде знаеме дека и Адам и Ева имале совест, и какви биле последиците од тоа што не го послушале Божјиот закон? б) Кои примери покажуваат дека на верните луѓе од претхристијанската ера им реагирала совеста?
4 Бог ги создал луѓето со оваа способност. И Адам и Ева покажале дека имаат совест. Доказ за тоа е срамот што го почувствувале откако направиле грев (1. Мојсеева 3:7, 8). За жал, тогаш веќе немало никаква корист од тоа што ги печела совеста. Тие намерно не го послушале Божјиот закон. Со тоа свесно избрале да станат бунтовници, противници на Јехова Бог. Како совршени луѓе, многу добро знаеле што прават, и немало враќање назад.
5 За разлика од Адам и Ева, мнозина несовршени луѓе го послушале гласот на својата совест. На пример, верниот Јов можел да рече: „Се држам за својата праведност, и нема да ја оставам. Моето срце нема да ме прекорува за ниту еден мој ден“ * (Јов 27:6). Јов бил навистина совесен човек. Тој го слушал гласот на својата совест и ѝ дозволувал да ги води неговите постапки и одлуки. Затоа, можел да каже дека совеста не го прекорувала, односно дека не го мачела со чувства на срам или вина. Но, кај Давид работите стоеле поинаку. ‚Срцето го осудувало‘ затоа што покажал непочитување кон Саул, Јеховиниот помазан цар (1. Самоилова 24:5). Острите бодежи на совеста сигурно му користеле на Давид, зашто од тоа научил никогаш повторно да не ја направи истата грешка.
6. Што покажува дека совеста е дар што го имаат сите луѓе?
6 Дали совеста им била дадена како дар само на луѓето што му служеле на Јехова? Види што запишал апостол Павле воден од светиот дух: „Кога незнабошците, кои немаат закон, по природа го држат она што е во законот, тие самите за себе се закон, иако немаат закон. Тие покажуваат дека она што се наоѓа во законот е запишано во нивните срца, а за тоа сведочи и нивната совест, па во своите мисли се обвинети или, пак, се оправдани“ (Римјаните 2:14, 15). Дури и оние што ништо не знаат за Јеховините закони, понекогаш совеста може да ги натера да постапуваат според Божјите начела.
7. Зошто понекогаш совеста може да згреши?
7 Но, во некои случаи совеста може да нѐ води во погрешен правец. Зошто? Па, ако ставиш компас во близина на некој метален предмет, тој може да покаже погрешен правец поради влијанието на металот. А ако компасот не го користиш заедно со точна карта, тој ќе ти биде практично безвреден. Слично на тоа, ако врз нашата совест претерано влијаат себичните желби на срцето, таа може да ни покаже погрешен правец. А ако совеста не ја користиме заедно со непогрешливото водство од Божјата Реч, за голем број важни работи не ќе можеме да разликуваме што е исправно, а што погрешно. За совеста да ни работи исправно, ни треба водството од Јеховиниот свет дух. Павле напишал: „Мојата совест сведочи со мене во согласност со светиот дух“ (Римјаните 9:1). Но, што треба да направиме за нашата совест да реагира во согласност со Јеховиниот свет дух? Па, за да го постигнеме тоа, треба да ја обликуваме.
КАКО ДА СИ ЈА ОБЛИКУВАМЕ СОВЕСТА?
8. а) Како може срцето да влијае врз совеста, и што треба да ни биде најважно кога донесуваме одлуки? б) Зошто за еден христијанин не е секогаш доволно совеста да му биде чиста? (Види ја фуснотата.)
8 Како можеш да ја вклучиш совеста во своите одлуки? Некои изгледа сметаат дека е доволно едноставно да постапат така како што им кажува срцето. Откако ќе го направат тоа, својата постапка можеби ја оправдуваат со зборовите: „Мене совеста не ме пече“. Но, желбите на срцето можат да бидат многу силни, па дури и да влијаат врз совеста. Библијата вели: „Срцето е поизмамливо од сѐ друго и е готово на сѐ. Кој може да проникне во него?“ (Еремија 17:9). Значи, кога донесуваме одлуки, не е најважно она што ни го кажува срцето, туку дали тоа што ќе го направиме е добро во очите на Јехова Бог. *
9. Што е стравот од Бог, и како тој страв може да влијае врз нашата совест?
9 Ако сме ја научиле совеста исправно да реагира, врз нашите одлуки ќе влијае стравот од Бог, а не нашите лични желби. Да разгледаме еден пример. Верниот управител Неемија имал право да побара од луѓето во Ерусалим да плаќаат извесни давачки и даноци. Но, не го сторил тоа. Зошто? Па, не сакал ни да помисли да го загрози својот однос со Бог со тоа што ќе го угнетува Неговиот народ. Тој рекол: „Јас не постапував така од страв од Бог“ (Неемија 5:15). Многу е важно искрено, од срце да се плашиме да не му згрешиме на нашиот небесен Татко. Таквиот страв ќе нѐ поттикне да бараме водство од Божјата Реч кога треба да донесеме некоја одлука.
10, 11. Кои библиски начела се однесуваат на пиењето алкохол, и како ќе добиеме водство од Бог за да знаеме како да ги примениме тие начела?
10 На пример, да разгледаме едно прашање со кое мораат да се соочат мнозина од нас кога се во друштво: ‚Да се напијам алкохол или не?‘ Најпрво треба да дознаеме кои библиски начела се однесуваат на ова прашање. Библијата не е против умереното пиење алкохол. Во неа дури и му се оддава слава на Јехова што го дал виното како дар (Псалм 104:14, 15). Меѓутоа, Библијата ги осудува опивањето и разузданите гозби (Лука 21:34; Римјаните 13:13). Освен тоа, во неа пијанството се вбројува меѓу други тешки гревови, како што се блудот и прељубата * (1. Коринќаните 6:9, 10).
11 Ваквите начела му помагаат на еден христијанин да ја научи својата совест исправно да реагира. Затоа, кога сме поканети да одиме некаде и треба да одлучиме дали таму ќе пиеме алкохол или не, добро е да се прашаме: ‚Каква ќе биде атмосферата? Има ли шанси работите да излезат од контрола и да се претера со пиењето? Какви склоности имам јас? Дали едвај чекам да се напијам, дали сум зависен од алкохол, дали пијам за да се опуштам и да се расположам? Имам ли доволно самосовладување за да не претерам со пиењето?‘ Додека размислуваме за библиските начела и за прашањата што произлегуваат од нив, треба да го молиме Јехова за водство. (Прочитај Псалм 139:23, 24.) Така бараме тој да нѐ води со светиот дух. Освен тоа, ја учиме совеста да просудува во склад со Божјите начела. Но, има уште еден фактор што треба да го земеме предвид.
ЗОШТО ДА МИСЛИМЕ НА СОВЕСТА НА ДРУГИТЕ?
12, 13. Зошто совеста на различни христијани не реагира исто, и како треба да гледаме на тие разлики?
12 Понекогаш можеби сме изненадени кога ќе видиме колку многу се разликува совеста од христијанин до христијанин. За една иста работа некого совеста би го печела, а друг со задоволство ја прави и не гледа никаква причина да ја осуди. На пример, кога станува збор за пиењето алкохол, некој ужива да се напие чашка или две во опуштено друштво со пријателите. На друг, пак, тоа може да му пречи. Зошто има вакви разлики, и како треба тие да влијаат врз нашите одлуки?
13 Луѓето се разликуваат од многу причини. Сите сме растеле во различни околности. На пример, некои едвај успеале да се изборат со некоја слабост, и сега тоа им е 1. Царевите 8:38, 39). Ако алкохолот им бил слабост, сега најверојатно се многу претпазливи. Кога ќе ти дојде на гости некој таков пријател, можеби совеста со право ќе му вели да одбие кога ќе му понудиш алкохол. Дали ќе се навредиш? Ќе навалуваш ли да се напие? Не прави го тоа. Без разлика дали знаеш или не од кои причини одбива — причини за кои можеби не сака да зборува во таа прилика — братската љубов ќе те поттикне да не го тераш да се напие.
болна точка (14, 15. Во врска со која работа различно реагирала совеста на христијаните од првиот век, и што препорачал Павле?
14 Апостол Павле увидел дека и кај христијаните во првиот век совеста честопати не реагирала исто. Во тоа време, некои христијани имале проблем кога станувало збор за храна што била жртвувана на идоли (1. Коринќаните 10:25). Таа храна потоа била продавана на пазарите, и Павле сметал дека може да ја јаде со чиста совест. Нему идолите не му значеле ништо — храната ја создал Јехова и му припаѓала нему, а не на идолите. Сепак, Павле сфатил дека другите не гледаат на тоа исто како него. Пред да станат христијани, некои можеби биле големи идолопоклоници. Ним им било одвратно сѐ што некогаш имало некаква врска со идолопоклонството. Како било решено ова прашање?
15 Павле рекол: „Ние силните мораме да ги носиме слабостите на оние што не се силни, а не да си угодуваме себеси. Зашто, ниту Христос не си угодуваше себеси“ (Римјаните 15:1, 3). Со тоа сакал да каже дека доброто на браќата треба да го ставаме пред своето, исто како што правел и Христос. Во едно друго писмо во врска со истата работа, Павле рекол дека попрво не би јадел месо отколку да сопне некоја од скапоцените овци за кои Христос го дал својот живот. (Прочитај 1. Коринќаните 8:13; 10:23, 24, 31-33.)
16. Зошто оние на кои совеста не им дозволува некои работи не треба да ги осудуваат оние на кои совеста им вели поинаку?
16 Од друга страна, пак, оние на кои совеста не им дозволува Римјаните 14:10.) Всушност, совеста треба да ни служи за да се просудуваме самите, односно да биде наш внатрешен судија, а не за да им судиме на другите. Исус рекол: „Не судете, за да не бидете судени“ (Матеј 7:1). Никој во собранието не треба да прави проблем од работи што се оставени на совест. Наместо тоа, да бараме начини да ги зајакнуваме љубовта и мирот меѓу нас и да се изградуваме еден со друг, а не да си ставаме сопки (Римјаните 14:19).
да прават нешто, не треба да ги критикуваат другите и да очекуваат сите да гледаат како нив на работите што се оставени на совест. (ПрочитајКАКО НИ КОРИСТИ ЧИСТАТА СОВЕСТ
17. Што се случило со совеста на многу луѓе денес?
17 Апостол Петар напишал: „Зачувајте чиста совест“ (1. Петрово 3:16). Совеста што е чиста во очите на Јехова Бог е вистински благослов. Денес малкумина имаат таква совест. Павле напишал дека има луѓе „на кои совеста им е запечатена со вжештено железо“ (1. Тимотеј 4:2, фуснота). Вжештеното железо го гори месото, по што изгореното место веќе не чувствува ништо. На мнозина совеста им е таква, мртва — не чувствува ништо и повеќе не ги предупредува, не се буни и не ги измачува со чувства на срам или вина поради направената грешка. Изгледа дека многу луѓе денес намерно не им обрнуваат внимание на чувствата на вина.
18, 19. а) Како може да ни користат чувствата на вина или срам? б) Што можеме да направиме ако совеста сѐ уште нѐ мачи за поранешните гревови за кои веќе сме се покајале?
18 Но, всушност, чувствата на вина можеби се гласот на совеста кој ни кажува дека сме направиле нешто погрешно. Псалм 51:1-19; 86:5). Но, што ако силните чувства на вина и срам нѐ измачуваат дури и откако сме се покајале и ни било простено?
Кога ваквите чувства ќе го поттикнат грешникот да се покае, може да му бидат простени дури и најтешките гревови. На пример, цар Давид бил виновен за тешки гревови, но му било простено, пред сѐ затоа што се каел од срце. Бидејќи го мразел она што го направил и бил решен оттогаш натаму да им биде послушен на Јеховините закони, лично се уверил дека Јехова е ‚добар и спремен да прости‘ (19 Понекогаш совеста може претерано да го осудува оној што згрешил и да го измачува со чувства на вина долго време откако ќе се покае. Но тогаш таквите чувства веќе не се корисни. Во таков случај, можеби ќе треба да се увериме самите себеси дека Јехова е поголем од „нашето срце“ и од сите чувства што извираат од него. Треба да веруваме дека тој нѐ сака и ни простува, како што им кажуваме и на другите. (Прочитај 1. Јованово 3:19, 20.) Од друга страна, чистата совест ни носи внатрешен мир, спокој и вистинска радост каква што ретко се наоѓа во овој свет. Мнозина што порано направиле тежок грев го почувствувале ова големо олеснување и денес со чиста совест му служат на Јехова Бог (1. Коринќаните 6:11).
20, 21. а) Во што треба да ти помогне оваа книга? б) Каква слобода имаме како христијани, но како треба да ја користиме таа слобода?
20 Целта на оваа книга е да ти помогне да најдеш таква радост и да задржиш чиста совест во овие тешки последни денови од Сатановиот поредок. Се разбира, не е можно во неа да ги опфатиме сите библиски закони и начела што треба да ги земеш предвид во различните ситуации со кои ќе се соочуваш секој ден. Освен тоа, во неа нема да најдеш едноставни, јасно зацртани правила за работи што се оставени на совест. Целта на оваа книга е да ти помогне да ја научиш својата совест исправно да реагира. Во неа е разработено како можеме да Галатите 6:2). Значи, Јехова им дава огромна слобода на христијаните. Меѓутоа, неговата Реч нѐ потсетува дека таа слобода не смееме да ја користиме како „покривка за злобата“ (1. Петрово 2:16). Напротив, таквата слобода ни дава извонредна можност да му покажеме на Јехова дека го сакаме.
живееме според Божјата Реч. За разлика од Мојсеевиот закон, „законот Христов“ ги поттикнува луѓето повеќе да ја користат својата совест и да се водат според начела, а не само според пишани правила и закони (21 Под молитва размислувај како најдобро да живееш според библиските начела и потоа спроведувај ги своите одлуки. Така ќе продолжиш со еден многу важен процес кој започнал кога си го запознал Јехова — ќе продолжиш да ја вежбаш својата „моќ на согледување преку искуство“ (Евреите 5:14). Совеста, која си ја научил да реагира во склад со библиските начела, ќе те води секој ден. Како што компасот го води патникот, така и твојата совест ќе ти помага да донесуваш одлуки кои го радуваат твојот небесен Татко. На тој начин ќе ја зачуваш Божјата љубов.
^ пас. 5 Во Хебрејските списи нема конкретен збор за „совест“. Меѓутоа, од примерот на Јов и од други примери јасно се гледа дека станува збор за совеста. Зборот „срце“ обично се однесува на тоа какви луѓе сме. Во овој и во други стихови очигледно е дека овој збор се однесува на еден конкретен дел од личноста — совеста. Во Христијанските грчки списи, грчкиот збор преведен со „совест“ се појавува 30 пати.
^ пас. 8 Библијата покажува дека не е секогаш доволно само да имаме чиста совест. На пример, Павле рекол: „За ништо не чувствувам грижа на совеста. Но тоа не докажува дека сум праведен, туку Јехова е тој што суди за мене“ (1. Коринќаните 4:4). Дури и оние што ги прогонуваат христијаните, како што едно време правел и Павле, може да го прават тоа со чиста совест зашто мислат дека со тоа му угодуваат на Бог. Многу е важно да имаме чиста совест пред себе, но и пред Бог (Дела 23:1; 2. Тимотеј 1:3).
^ пас. 10 Многу доктори велат дека за алкохоличарите е невозможно да пијат во умерени количини — за нив „умерено“ значи воопшто да не пијат.