ЧЕТВРТО ПОГЛАВЈЕ
Зошто да ги почитуваме оние што имаат авторитет?
„Почитувајте го секого“ (1. ПЕТРОВО 2:17).
1, 2. а) Каква борба се води во нас кога станува збор за почитување на авторитетот? б) Кои прашања ќе ги разгледаме?
СИ ЗАБЕЛЕЖАЛ ЛИ како реагира едно мало дете кога треба да направи нешто што не сака? На лицето му се чита дека во него се води борба. Слуша што му вели татко му и знае дека треба да го послуша. Ама овојпат не сака да послуша. Понекогаш таква борба се води во сите нас.
2 Не ни е секогаш лесно да ги почитуваме оние што имаат авторитет. Си го почувствувал ли некогаш и ти тоа? Па, не си единствениот. Живееме во време кога почитта кон авторитетот никогаш не била на пониско ниво. Сепак, Библијата вели дека треба да ги почитуваме оние што имаат авторитет (Изреки 24:21). Всушност, мораме да го правиме тоа ако сакаме да ја зачуваме Божјата љубов. Затоа, нормално е да ни се појават некои прашања. Зошто понекогаш е толку тешко да ги почитуваме оние што имаат авторитет? Зошто Јехова го бара тоа од нас, и што ќе ни помогне да покажуваме почит? Како можеме да покажуваме почит кон оние што имаат авторитет?
ЗОШТО Е ТЕШКО
3, 4. Како луѓето станале грешни и несовршени, и зошто тоа што сме грешни ни отежнува да ги почитуваме оние што имаат авторитет?
3 Да разгледаме накратко две причини зошто понекогаш може да ни биде толку тешко да покажеме почит 1. Мојсеева 2:15-17; 3:1-7; Псалм 51:5; Римјаните 5:12).
кон оние што имаат авторитет. Прво, ние самите сме несовршени, и второ, несовршени се и луѓето што имаат авторитет. Луѓето станале грешни и несовршени многу одамна, уште во Еденската градина, кога Адам и Ева се побуниле против авторитетот на Бог. Значи, гревот почнал со бунт. И ден-денес ние имаме вродена склоност да се бунтуваме против авторитетот (4 Бидејќи сме грешни, повеќето од нас лесно може да станат горделиви и арогантни, а понизноста, од друга страна, е ретка особина за која мораме напорно да работиме за да ја имаме. Дури и ако со години верно му служиме на Бог, може да се случи да попуштиме и да станеме тврдоглави и горди. На пример, размисли за Кореј, кој верно останал со Јеховиниот народ низ многу тешкотии. Сепак, копнеел да има поголем авторитет и дрско кренал побуна против Мојсеј, најкроткиот човек во тоа време (4. Мојсеева 12:3; 16:1-3). Размисли и за цар Озија, кого гордоста го натерала да влезе во Јеховиниот храм и да врши света служба која можеле да ја вршат само свештениците (2. Летописи 26:16-21). Тие луѓе скапо платиле за тоа што се бунтувале. Сепак, нивниот пример е убава лекција за сите нас. Мораме да се бориме против гордоста која само ни отежнува да ги почитуваме оние што имаат авторитет.
5. Како несовршените луѓе го злоупотребиле авторитетот што го имале?
5 Од друга страна, несовршените луѓе што се на некоја положба самите придонеле другите сѐ помалку да го почитуваат авторитетот. Мнозина биле сурови, насилни или вистински тирани. Всушност, човечката историја е преполна со луѓе кои ја злоупотребиле својата положба. (Прочитај Проповедник 8:9.) На пример, Саул бил добар, понизен човек кога Јехова го избрал за цар. Но, попуштил пред гордоста и зависта и почнал да го прогонува верниот Давид (1. Самоилова 9:20, 21; 10:20-22; 18:7-11). Подоцна Давид станал еден од најдобрите цареви во Израел, но и тој ја злоупотребил својата власт кога му ја украл жената на Хетеецот Урија и потоа го испратил тој недолжен човек во првите борбени редови за да загине во битка (2. Самоилова 11:1-17). Да, поради несовршеноста, на луѓето не им е лесно исправно да ја користат својата власт. А кога оние што се на некоја положба не го почитуваат Јехова, уште повеќе ја злоупотребуваат власта. Откако опишал на кој начин некои католички папи ги угнетувале луѓето, еден британски државник напишал: „Власта расипува, а апсолутната власт апсолутно расипува“. Имајќи го сево ова на ум, сега да го разгледаме прашањето: „Зошто да ги почитуваме оние што имаат авторитет?
ЗОШТО ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОНИЕ ШТО ИМААТ АВТОРИТЕТ?
6, 7. а) На што нѐ поттикнува љубовта кон Јехова, и зошто? б) Што значи да се биде подложен?
6 Најголемата причина зошто треба да го почитуваме авторитетот е љубовта — љубовта кон Јехова, кон ближните, па дури и кон самите себе. Бидејќи го сакаме Јехова повеќе од што и да е друго, сакаме да му го радуваме срцето. (Прочитај Изреки 27:11; Марко 12:29, 30.) Знаеме дека уште од побуната во Еден било оспорено неговото право да владее со вселената и дека повеќето луѓе застанале на страната на Сатана и го отфрлиле владеењето на Јехова. Ние, пак, од сѐ срце застануваме на страната на Јехова. Едноставно не можеме да останеме рамнодушни кога ги читаме прекрасните зборови од Откровение 4:11. Јасно ни е како ден дека само Јехова е законскиот Господар на вселената! Го признаваме неговото право да владее и оставаме тој да нѐ води во сѐ што правиме.
7 Ваквата почит кон Јехова значи да му бидеме послушни, па дури и повеќе од тоа. Ние го сакаме Јехова и затоа не ни е тешко да сме му послушни. Но, ќе има ситуации кога нема да ни биде баш лесно да останеме послушни. Во тие ситуации, ќе треба да се научиме Лука 22:42).
на подложност, како што беше во случајот со малото дете спомнато во почетокот на поглавјето. Знаеме дека Исус се подложил на волјата на својот Татко, дури и кога тоа можеби му се чинело многу тешко. „Нека не биде мојата волја, туку твојата“, рекол тој (8. а) Најчесто што е вклучено во тоа да се подложуваме на авторитетот на Јехова, и која ситуација ни покажува како гледа Јехова на тоа? б) Што ќе ни помогне да слушаме совети и да прифатиме укор? (Види ја рамката „ Слушај совет и прифати укор“.)
8 Се разбира, денес Јехова не зборува лично со секого од нас, туку тоа го прави преку својата Реч и преку луѓето што го претставуваат на Земјата. Според тоа, во најголем број случаи покажуваме дека сме подложни на авторитетот на Јехова со тоа што ги почитуваме луѓето што тој ги поставил и кои дозволува да имаат авторитет над нас. Ако се буниме против тие луѓе — на пример, ако не ги прифаќаме библиските совети што ни ги даваат — ќе го навредиме нашиот Бог. Кога Израелците се жалеле и се бунтувале против Мојсеј, Јехова гледал на тоа како да се бунтуваат против него (4. Мојсеева 14:26, 27).
9. Зошто љубовта кон ближните ќе нѐ поттикне да ги почитуваме оние што имаат авторитет? Дај пример.
9 Го почитуваме авторитетот и затоа што ги сакаме ближните. Како се поврзани овие две работи? Па, замисли си дека си војник во една војска. Успехот, па дури и самиот опстанок на војската, зависи од тоа дали секој војник соработува, ја почитува и е послушен на командната структура. Ако не го почитуваш тој ред и се бунтуваш, може да го доведеш во опасност животот на своите соборци. Точно, денес во светот човечките војски предизвикуваат големи штети. Но, Јехова има војски кои го прават само она што е добро за луѓето. Во Библијата, Бог стотици пати е наречен „Јехова над војските“ (1. Самоилова 1:3). Тој е Заповедник на една огромна војска составена од моќни духовни суштества. Понекогаш Јехова ги споредува своите слуги на Земјата со војска (Псалм 68:11; Езекиел 37:1-10). Ако се бунтуваме против луѓето што Јехова ги поставил над нас, зарем нема да ги доведеме во опасност нашите духовни соборци? Кога еден христијанин ќе се побуни против поставените старешини, може да страдаат и другите во собранието (1. Коринќаните 12:14, 25, 26). Кога едно дете се бунтува против родителите, може да страда целото семејство. Значи, ќе покажеме дека ги сакаме своите ближни со тоа што ќе ги почитуваме и ќе соработуваме со оние што имаат авторитет над нас.
10, 11. Зошто е за наше добро да ги почитуваме оние што имаат авторитет?
10 Ги почитуваме оние што имаат авторитет бидејќи тоа е за наше добро. Кога Јехова бара од нас да го почитуваме авторитетот, честопати спомнува и кои се благословите ако го правиме тоа. На пример, на децата им вели да им бидат послушни на своите родители за да можат да имаат долг и убав живот (5. Мојсеева 5:16; Ефешаните 6:2, 3). Ни вели да ги почитуваме собраниските старешини, зашто ако не сме им послушни, ќе си го нарушиме односот со него (Евреите 13:7, 17). А ни вели да ги почитуваме и властите зашто тоа е за наша заштита (Римјаните 13:4).
11 Сигурно ќе се сложиш дека кога знаеме зошто Јехова сака да бидеме послушни, полесно ни е да ги почитуваме оние што имаат авторитет. Ајде сега да разгледаме три важни подрачја од животот на кои треба да покажуваме почит кон оние што имаат авторитет.
ПОЧИТ ВО СЕМЕЈСТВОТО
12. Каква задача му дал Јехова на мажот во семејството, и како еден маж треба да си ја врши таа задача?
12 Јехова е тој што го осмислил семејството. Бидејќи е Бог на редот, тој така ги уредил работите за да може семејството добро да функционира (1. Коринќаните 14:33). Тој му дал на мажот авторитет, односно го поставил за глава на семејството. Мажот покажува почит кон својата Глава, Христос Исус, со тоа што постапува онака како што Исус постапува со собранието (Ефешаните 5:23). Значи, мажот не треба да бега од својата одговорност туку треба сериозно да си ја сфати. Но, не треба да биде суров или груб, туку треба да е љубезен, разумен и да си го сака семејството. Не смее да заборави дека авторитетот што го има е релативен — секогаш е подреден на авторитетот на Јехова.
Таткото, како поглавар, го следи примерот на Христос
13. Како една жена ќе ја исполни улогата што ја има во семејството на начин со кој ќе го радува Јехова?
13 Жената, односно мајката, му е помошничка, или дополнение на мажот. И неа ѝ е даден авторитет во семејството, зашто Библијата зборува за „упатствата на мајка ти“ (Изреки 1:8). Но, се разбира, таа се подложува на авторитетот на маж ѝ. Една христијанка ќе покаже дека го почитува авторитетот на својот маж со тоа што ќе му помага да си ја врши задачата како глава на семејството. Нема да го омаловажува, да манипулира со него или да ја презема неговата задача, туку ќе го поддржува и ќе соработува со него. Кога некоја негова одлука нема да ѝ се допадне, може со почит да си го каже мислењето, но сепак ќе биде подложна. Ако маж ѝ не ги дели нејзините верувања, можеби ќе се најде во некои потешки ситуации, но со тоа што ќе му биде подложна може да го поттикне и тој да почне да му служи на Јехова. (Прочитај 1. Петрово 3:1.)
14. Како децата ќе ги радуваат своите родители и Јехова?
Изреки 10:1). Во семејствата со еден родител, децата се придржуваат за истото начело, зашто се свесни дека на родителот можеби уште повеќе му треба нивната поддршка и соработка. Во семејствата во кои секој член си се држи за улогата што Бог му ја доделил владеат мир и радост. Тоа, пак, му носи чест на Основачот на семејството, Јехова Бог (Ефешаните 3:14, 15).
14 Децата го радуваат Јехова кога им се послушни на татко си и мајка си. Со тоа им носат чест и радост и на своите родители (ПОЧИТ ВО СОБРАНИЕТО
15. а) Како ќе покажеме во собранието дека го почитуваме авторитетот на Јехова? б) Кои начела може да ни помогнат да им бидеме послушни на оние што нѐ предводат? (Види ја рамката „ Бидете им послушни на оние што ве предводат“.)
15 Јехова го поставил својот Син над христијанското собрание (Колошаните 1:13). Исус, пак, му дал задача на „верниот и разборит роб“ да се грижи за духовните потреби на Божјиот народ на Земјата (Матеј 24:45-47). Тој роб го сочинуваат членовите на Водечкото тело на Јеховините сведоци. Исто како во христијанските собранија во првиот век, и денес старешините добиваат упатства и совети од Водечкото тело, било директно било преку неговите претставници, како што се патувачките надгледници. Кога го почитуваме авторитетот што го имаат христијанските старешини, ние всушност сме послушни на Јехова. (Прочитај 1. Солуњаните 5:12; Евреите 13:17.)
16. Во која смисла старешините се именувани од светиот дух?
16 Старешините и слуга-помошниците не се совршени. Како што сите имаме маани, така имаат и тие. Сепак, старешините се „како дарови“ кои му помагаат на собранието да остане духовно јако (Ефешаните 4:8). Тие се именувани од светиот дух (Дела 20:28). Во која смисла? Па, тие мораат прво да ги исполнат условите што се дадени во Божјата Реч вдахновена од светиот дух (1. Тимотеј 3:1-7, 12; Тит 1:5-9). Освен тоа, старешините кои проценуваат дали некој брат ги исполнува условите да биде именуван горливо се молат да ги води Јеховиниот свет дух.
17. Зошто кога извршуваат собраниски работи жените носат покривало на главата?
17 Понекогаш во собранието можеби ќе нема старешини и слуга-помошници кои ќе ги извршуваат задачите што вообичаено ги извршуваат тие, на пример да го водат состанокот за проповедање. Во такви случаи, тие задачи може да ги вршат други крстени браќа. А ако воопшто нема браќа, тогаш тоа може да го прават некои сестри. Меѓутоа, кога една жена извршува задача што нормално би ја извршувал крстен брат, таа треба да носи покривало на главата * (1. Коринќаните 11:3-10). Ова не ги омаловажува жените. Напротив, тоа им дава можност да покажат дека го почитуваат поглаварството што го воспоставил Јехова, и во семејството и во собранието.
ПОЧИТ КОН ВЛАСТИТЕ
18, 19. а) Како ќе ги објасниш начелата изнесени во Римјаните 13:1-7? б) Како покажуваме почит кон властите?
18 Вистинските христијани совесно се држат за начелата изнесени во Римјаните 13:1-7. (Прочитај.) Додека ги читаш овие стихови, ќе видиш дека се однесуваат на државните власти. Сѐ додека Јехова дозволува овие власти да постојат, тие вршат важни функции — се грижат да има извесна мера ред и обезбедуваат разни услуги. Ќе покажеме дека ги почитуваме овие власти ако ги почитуваме законите. Ги плаќаме сите даноци и давачки, чесно ги пополнуваме сите формулари или документи што ги бара државата и ги почитуваме сите закони што се однесуваат на нас, на нашето семејство, нашиот бизнис или имот. Меѓутоа, не се подложуваме на властите ако од нас бараат да му бидеме непослушни на Бог. Во такви случаи, нашиот став би бил ист со ставот на апостолите во првиот век: „Мораме да му се покоруваме на Бог, а не на луѓето“ (Дела 5:28, 29; види ја рамката „ Чиј авторитет треба да го почитувам?“).
19 И со своето држење можеме да покажеме дека ги почитуваме властите. Понекогаш, можеби ќе имаме работа со некои владини службеници. Апостол Павле се нашол пред владетели како царот Ирод Агрипа и управителот Фест. Тие луѓе имале сериозни маани, но Павле зборувал со нив со почит (Дела 26:2, 25). Треба да го следиме неговиот пример, сеедно дали службениците со кои си имаме работа се моќни владетели или обични полицајци. На училиште, младите христијани треба да покажат слична почит кон своите наставници и кон другите вработени во училиштето. Се разбира, не покажуваме почит само кон оние на кои им се допаѓаат нашите верувања. Покажуваме почит дури и кон оние што не ги сакаат Јеховините сведоци. Всушност, сите што не ги делат нашите верувања треба да чувствуваат дека ги почитуваме. (Прочитај Римјаните 12:17, 18; 1. Петрово 3:15.)
20, 21. Кои се некои од резултатите кога покажуваме почит кон оние што имаат авторитет?
20 Да не бидеме скржави со почитта. Апостол Петар напишал: „Почитувајте го секого“ (1. Петрово 2:17). Врз луѓето може да остави силен впечаток ако чувствуваат дека вистински ги почитуваме. Да не изгубиме од вид дека оваа особина сѐ поретко ја има. Според тоа, кога покажуваме почит, ја следиме заповедта на Исус: „Нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да го слават вашиот Татко, кој е на небесата“ (Матеј 5:16).
21 Во овој мрачен свет, добродушните луѓе се привлечени од духовната светлина. Затоа, кога покажуваме почит во семејството, во собранието и кон властите, на некои луѓе тоа може да им се допадне и да ги поттикне да одат во светлината заедно со нас. Тоа би било навистина убаво! Но, дури и да не биде така, едно е сигурно. Кога ги почитуваме луѓето, го радуваме Јехова и ја имаме неговата љубов. Зарем има поголем благослов од тоа?
^ пас. 17 Во Додатокот под темата „Кога и зошто се носи покривало на главата?“ се разгледани некои практични начини како да се примени ова начело.