Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 11

Воодушевеност

Воодушевеност

Дела 18:24, 25

ЦЕЛ: Охрабри ги и мотивирај ги оние што те слушаат така што ќе зборуваш со жар.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Внеси се и со умот и со срцето. Додека го подготвуваш говорот, длабоко размислувај за важноста на она што сакаш да го кажеш. Запознај се добро со материјалот за да можеш да го изнесеш со чувства.

  • Имај ги на ум слушателите. Размислувај како она што ќе го прочиташ или ќе го кажеш може да им користи на другите. Размисли на кој начин да ги изнесеш информациите за да можат слушателите јасно да ја сфатат нивната практична вредност.

  • Внеси живост во излагањето. Зборувај со жар. Твоите чувства треба јасно да се гледаат во искрениот израз на лицето и во спонтаните гестови.