Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 13

Да се истакне практичната корист

Да се истакне практичната корист

Изреки 3:21, фус.

ЦЕЛ: Помогни им на слушателите да сфатат како она што го кажуваш е поврзано со нивниот живот и објасни им како можат да го применат.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Мисли на оние што те слушаат. Размислувај зошто е важно другите да го слушнат она што сакаш да го кажеш и кои работи особено можат да им бидат од помош.

  • Во текот на твоето излагање, објаснувај им на слушателите што треба да прават. Уште од самиот почеток, секој треба да сфати дека она што го кажуваш е корисно лично за него. Додека ја обработуваш секоја главна мисла, објасни како може да се примени. Биди јасен и конкретен.