Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 18

Поучно за слушателите

Поучно за слушателите

1. Коринќаните 9:19-23

ЦЕЛ: Поттикни ги слушателите да размислуваат, и на крајот да имаат чувство дека научиле нешто корисно.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Размисли кои работи им се познати на слушателите. Наместо само да повторуваш мисли кои веќе ги знаат, помогни им да ги гледаат работите од друг агол.

  • Истражувај и размислувај. Кога е можно, поткрепи ги главните мисли со тековни настани или со факти кои не им се толку познати на слушателите. Длабоко размислувај за материјалот и за тоа како тој е поврзан со фактите што сакаш да ги наведеш.

  • Истакни ја практичната вредност на она што го кажуваш. Објасни како мислите од Библијата можат да им користат на твоите слушатели во нивниот живот. Обработи конкретни ситуации, ставови и постапки кои ги засегаат слушателите.