Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 2

Природност

Природност

2. Коринќаните 2:17

ЦЕЛ: Зборувај природно и искрено за да можат слушателите да видат дека навистина се грижиш за нив и дека си уверен во она што им го кажуваш.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Подготви се темелно и под молитва. Моли го Јехова да ти помогне да не се концентрираш на себеси, туку на она што сакаш да го кажеш. Имај ги на ум клучните мисли. Изразувај се со свои зборови; немој само да го рецитираш од збор до збор она што е напишано.

  • Зборувај искрено и од срце. Размислувај зошто е важно другите да го слушнат она што сакаш да го кажеш. Мисли на нив. Тогаш твојата искрена заинтересираност и срдечност ќе можат да се видат и во твоето држење, гестови и израз на лицето.

  • Гледај во оние на кои им се обраќаш. Гледај ги другите во очи кога зборуваш. Додека држиш говор, одвреме-навреме погледнувај во некој од присутните наместо цело време да гледаш во една точка или, пак, само да прелетуваш со погледот над целата публика.