Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 3

Користење прашања

Користење прашања

Матеј 16:13-16

ЦЕЛ: Поставувај промислени прашања за да го побудиш и задржиш интересот на оние што те слушаат, за да им помогнеш самите да дојдат до исправен заклучок и за да ги нагласиш важните мисли.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Побуди го и задржи го интересот на слушателите. Поставувај реторички прашања за да поттикнеш интерес кај другите или да ги наведеш да размислуваат.

  • Образложи го она за кое зборуваш. Со помош на низа прашања, помогни им на слушателите да ја следат логиката на она што го кажуваш и да дојдат до исправен заклучок.

  • Нагласи ги главните мисли. Постави интересно прашање пред да наведеш некоја клучна мисла. А откако ќе обработиш некоја важна мисла или пред да го заклучиш своето излагање, користи прашања за повторување.