Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 6

Да се објасни зошто се чита стихот

Да се објасни зошто се чита стихот

Јован 10:33-36

ЦЕЛ: Немој само да го прочиташ стихот без да го објасниш. Погрижи се слушателите јасно да разберат како тој стих е поврзан со она што сакаш да го истакнеш.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Истакни ги клучните зборови. Откако ќе го прочиташ стихот, нагласи ги зборовите кои директно се поврзани со главната мисла што сакаш да ја кажеш. Можеш да го постигнеш тоа така што ќе ги повториш тие зборови или така што ќе поставиш прашање кое ќе им помогне на твоите слушатели самите да сфатат кои се клучните зборови.

  • Нагласи ја главната мисла. Ако јасно си ја навел причината поради која го читаш стихот, објасни како клучните зборови од стихот се поврзани со таа причина.

  • Објасни го стихот на едноставен начин. Немој да се задржуваш на детали кои не се поврзани со главната мисла. Имај на ум колку им е познато на твоите слушатели она што го зборуваш. Тоа ќе ти помогне да одредиш колку факти да им изнесеш за полесно да го разберат објаснувањето.