Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 8

Поучни споредби

Поучни споредби

Матеј 13:34, 35

ЦЕЛ: Подобри го начинот на кој поучуваш така што ќе користиш едноставни споредби кои ќе побудат интерес кај оние што те слушаат и ќе им помогнат да извлечат важни поуки.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Користи едноставни споредби. Слично на Исус, користи секојдневни работи за да објасниш подлабоки вистини, и поедноставни работи за да објасниш посложени вистини. Не додавај непотребни детали што можат да ја усложнат споредбата. Потруди се во неа навистина да има сличности со поуката што сакаш да ја пренесеш. Во спротивно, твоите слушатели би можеле да се збунат од деталите кои не се поврзани со главната поука.

  • Мисли на оние што те слушаат. Користи споредби од секојдневието на луѓето, кои се поврзани со работи што ги интересираат. Внимавај да не ги засрамиш или навредиш слушателите со споредбата што ќе им ја кажеш.

  • Потруди се да ја пренесеш главната поука. Размислувај како да ги нагласиш главните мисли, а не некои ситни детали. Погрижи се другите да ја запамтат не само споредбата туку и главната поука од неа.