Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 9

Користење слики и видеоклипови

Користење слики и видеоклипови

1. Мојсеева 15:5

ЦЕЛ: Користи слики и видеоклипови за да поучуваш на поживописен начин и за да можат оние што те слушаат полесно да ги запамтат главните мисли.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Користи слики за подобро да поучуваш. Кога држиш говор, можеш да користиш фотографии, цртежи, карти, графикони или други визуелни средства за да ги истакнеш главните мисли, а не некои ситни детали. Помогни им на слушателите да го запамтат не само она што им го прикажуваш туку и поуката што сакаш да им ја пренесеш.

  • Оние на кои им се обраќаш треба да можат јасно да ги гледаат сликите или видеоклиповите. На пример, ако користиш слика додека си на бината, таа треба да биде доволно голема за да можат да ја видат сите присутни.