Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Милиони духовни суштества

Милиони духовни суштества

Библијата вели дека има многу духовни суштества. Самиот Јехова е дух (Јован 4:24; 2. Коринќаните 3:17, 18).

Едно време Јехова бил сам во вселената. Потоа почнал да создава духовни суштества наречени ангели. Тие се многу посилни и поинтелигентни од луѓето. Јехова создал многу ангели. Божјиот слуга Даниел во едно видение можел да види стотици милиони ангели (Даниел 7:10; Евреите 1:7).

Бог ги создал овие ангели пред да ја создаде Земјата (Јов 38:4-7). Ниеден од нив не е човек што некогаш живеел и умрел на Земјата.

Јехова, кој и самиот е дух, создал милиони духовни суштества