Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прекрасна иднина

Прекрасна иднина

Наскоро Сатана и демоните ќе бидат отстранети

Сатана и неговите демони нема да ги мамат луѓето уште долго. Јехова веќе ги исфрлил од небото (Откровение 12:9). Во блиска иднина, Бог повторно ќе преземе мерки против Сатана и неговите демони. Во видение од Бог, апостол Јован рекол: „И видов еден ангел како слегува од небото со клучот од бездната и со голем синџир во раката. И го фати змејот, празмијата, кој е Ѓавол и Сатана, и го врза за илјада години. И го фрли во бездната, која ја заклучи и ја запечати над него, за да не ги заведува повеќе народите додека не завршат тие илјада години“ (Откровение 20:1-3). Подоцна, Ѓаволот и неговите демони ќе бидат уништени засекогаш (Откровение 20:10).

Лошите луѓе на Земјата исто така ќе бидат отстранети засекогаш (Псалм 37:9, 10; Лука 13:5).

Мртвите повторно ќе живеат!

Мртвите ќе се вратат во живот на Земјата

Откако Сатана и демоните ќе бидат тргнати, Јехова ќе излее многу благослови врз луѓето. Сигурно се сеќаваш дека мртвите не се живи, тие не постојат. Исус ја споредил смртта со спиење — длабоко спиење без да се сонува (Јован 11:11-14). Ја споредил со спиење затоа што знаел дека ќе дојде време кога оние што заспале во смрт ќе бидат разбудени за живот. Тој рекол: „Доаѓа часот во кој сите оние што се во гробовите... ќе излезат“ (Јован 5:28, 29; спореди Дела 24:15).

Ќе бидат вратени во живот овде на Земјата. Наместо да слушаме жални вести дека некој починал, ќе слушаме радосни вести за оние што се вратиле во живот! Колкава радост ќе биде да се пречекаат нашите најмили што сега се мртви!