Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Рај на Земјата

Рај на Земјата

Јехова ќе ја поправи сета штета што ја предизвикува Сатана. Бог веќе го поставил Исус за Цар над целата Земја. Под владеењето на Исус, Земјата ќе биде претворена во рај (Даниел 7:13, 14; Лука 23:43).

Јехова ги ветува следниве работи:

  • ХРАНА ВО ИЗОБИЛСТВО: „Земјата ќе го даде својот род, ќе нѐ благослови Бог, нашиот Бог“. „На земјата житото богато ќе роди, по планинските врвови ќе го има во изобилство“ (Псалм 67:6; 72:16).

  • НЕМА ВЕЌЕ ВОЈНИ: „Дојдете, гледајте ги делата на Јехова, зачудувачките работи што ги направи на земјата! Ги прекинува војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:8, 9).

  • НЕМА ЛОШИ ЛУЃЕ: „Зашто, оние што прават зло, ќе бидат истребени... Уште малку, и злиот ќе го снема. Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема“ (Псалм 37:9, 10).

  • НЕМА НИ БОЛЕСТИ, НИ ТАГА НИ СМРТ: „Тогаш ќе им се отворат очите на слепите и ќе им се отнат ушите на глувите. Тогаш сакатиот ќе скока како елен, а јазикот на немиот радосно ќе извикува“ (Исаија 35:5, 6).

    „И самиот Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:3, 4).

За разлика од Сатана и демоните, Јехова никогаш не лаже. Сѐ што ветува сигурно ќе се исполни (Лука 1:36, 37). Јехова те сака и сака да живееш во Рајот што ќе го направи. Затоа, контактирај со Јеховините сведоци за да дознаеш повеќе за прекрасните вистини што се наоѓаат во Божјата реч. Ако ја применуваш вистината во својот живот, ќе бидеш ослободен од ропството на лагата, суеверието и незнаењето. Со текот на времето, ќе бидеш ослободен дури и од ропството на гревот и смртта. Исус рекол: „Ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32).