Духовите не живееле и не умреле на Земјата
Духови навистина постојат! Во невидливиот духовен свет постојат и добри и лоши духови. Дали се тие луѓе што живееле и умреле на Земјата?
Не. Кога човек ќе умре, не преминува во духовниот свет, како што мислат многумина. Од каде знаеме? Библијата ни го кажува тоа. Библијата е книга на вистината чиј автор е единствениот вистински Бог, Јехова. Јехова ги создал луѓето и тој добро знае што се случува со нив кога ќе умрат (Псалм 83:18; 2. Тимотеј 3:16).
Библијата вели дека Бог го создал Адам, првиот човек, „од земниот прав“ (1. Мојсеева 2:7). Бог го сместил во Рајот, во градината Еден. Ако Адам им бил послушен на Јеховините закони, немало да умре — би живеел на Земјата до ден-денес. Но, кога Адам намерно го прекршил Божјиот закон, Бог му рекол: „[Ќе] се вратиш во земјата, бидејќи од неа си земен. Зашто си прав, и во прав ќе се вратиш“ (1. Мојсеева 3:19).
Што значи ова? Па, каде бил Адам пред Јехова да го создаде од прав? Никаде. Не бил нероден дух на небото. Тој не постоел. Затоа, кога Јехова рекол дека Адам ќе се ‚врати во земјата‘,тоа значело дека Адам ќе умре. Адам не преминал во духовниот свет. При смртта, тој го изгубил животот, престанал да постои.
Смртта значи отсуство на живот.Но, што е со другите кои умреле? Дали и тие не постојат? Библијата одговара:
-
„Сите [и луѓето и животните] одат на едно место. Сите настанале од прав и сите се враќаат во прав“ (Проповедник 3:20).
-
„Мртвите... не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5).
-
„И љубовта нивна, и омразата нивна, и љубомората нивна ја снема“ (Проповедник 9:6).
-
„Нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост во гробот во кој одиш“ (Проповедник 9:10).
-
„[Човекот] се враќа во својот прав; во тој ден пропаѓаат неговите мисли“ (Псалм 146:4).
Дали ти е тешко да се сложиш со овие библиски стихови? Ако е така, тогаш Псалм 115:17).
размисли за следново: Во многу семејства, мажот заработува за да ги издржува своите домашни. Кога тој ќе умре, семејството обично трпи тешкотии. Понекогаш жената и децата немаат доволно пари ни за храна. Можеби дури и се малтретирани од непријателите на мажот. Прашај се: Ако мажот е жив во духовниот свет, зошто и понатаму не се грижи за своето семејство? Зошто не го заштити од лошите луѓе? Затоа што библиските стихови се точни. Тој човек не е жив, и затоа не е способен да направи ништо (Дали ова значи дека мртвите никогаш повторно нема да се вратат во живот? Не. За воскресението ќе зборуваме подоцна. Но сепак, тоа значи дека мртвите не знаат што правиш ти. Не можат да те видат, да те слушнат или да зборуваат со тебе. Не треба да се плашиш од нив. Тие не можат ниту да ти помогнат ниту да ти наштетат (Проповедник 9:4; Исаија 26:14).