ПОГЛАВЈЕ 123
Исус се молел исполнет со немир
МАТЕЈ 26:30, 36-46; МАРКО 14:26, 32-42; ЛУКА 22:39-46; ЈОВАН 18:1
-
ИСУС ВО ГРАДИНАТА ГЕТСИМАНИЈА
-
ПОТТА МУ СТАНАЛА КАКО КАПКИ КРВ
Исус ја завршил молитвата со своите верни апостоли. Потоа, ‚откако испеале фалбени песни, излегле на Маслинската Гора‘ (Марко 14:26). Се упатиле на исток кон градината Гетсиманија, каде што Исус честопати одел.
Откако стигнале на тоа убаво место полно со маслинови дрвја, Исус се оддалечил со тројца од апостолите. Останатите осуммина најверојатно останале некаде кај влезот на градината, бидејќи Исус им рекол: „Седнете овде додека јас да појдам онаму и да се помолам“. Заедно со Петар, Јаков и Јован, Исус влегол во градината. Таму го обзел голем жал, и на тројцата апостоли им рекол: „Душата ми е нажалена до смрт. Останете овде и бдејте со мене“ (Матеј 26:36-38).
Потоа малку се оддалечил од нив, ‚паднал наземи и почнал да се моли‘. За што се молел во тој тежок момент? Исус рекол: „Татко, за тебе сѐ е можно! Тргни ја оваа чаша од мене! Но нека не биде како што сакам јас, туку како што сакаш ти“ (Марко 14:35, 36). Зошто Исус го рекол тоа? Дали посакал да се откаже од својата улога на Откупител? Во никој случај.
Додека бил на небото, Исус можел да види колку многу страдале оние што биле погубувани од Римјаните. Сега, кога и самиот бил човек, Исус можел да го почувствува сето она што го чувствуваат луѓето и сигурно не му било сеедно кога ќе помислел низ што сѐ требало да помине. Освен тоа, му било тешко затоа што знаел дека ќе умре како тежок злосторник и го мачела помислата дека со тоа би можел да го оцрни името на својот Татко. Знаел дека за само неколку часа ќе биде прикован на столб како богохулник.
Откако долго се молел, Исус се вратил кај тројцата апостоли и ги нашол како спијат. Тогаш му рекол на Петар: „Зар не можевте да бдеете со мене ниту еден час? Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение“. Сепак, свесен дека биле под голем притисок и дека веќе било прилично доцна, им рекол: „Духот, навистина, е спремен, но телото е слабо“ (Матеј 26:40, 41).
Потоа отишол да се моли по вторпат и го замолил Бог да ја тргне од него ‚таа чаша‘. Кога се вратил кај тројцата апостоли, повторно ги затекнал како спијат, иако им рекол да се молат за да не паднат во искушение. Тогаш ‚не знаеле што да му одговорат‘ (Марко 14:40). Исус отишол да се моли и по третпат, клекнувајќи на колена.
Бидејќи знаел дека ќе биде осуден како злосторник, Исус се плашел дека тоа би можело негативно да се одрази врз името на неговиот Татко. Јехова ги слушнал молитвите на својот Син и испратил ангел за да го зајакне. Сепак, Исус не престанал да бара помош од својот Татко, туку продолжил да се моли „уште посесрдно“. Бил под неверојатно силен притисок. Колку огромен товар носел! Од него зависел не само неговиот вечен живот туку и животот на целиот човечки род. Лука 22:44).
Му било толку тешко што ‚потта му станала како капки крв што паѓале на земјата‘ (Кога Исус по третпат се вратил кај апостолите, видел дека повторно заспале. „Во ваков момент спиете и се одморате“, им рекол. „Еве, се приближи часот Синот човечки да биде издаден и предаден во рацете на грешници. Станете, да одиме! Еве, мојот предавник се приближи!“ (Матеј 26:45, 46).