Сигурна надеж за мртвите
ЕДНА 25-годишна девојка напишала: „Во 1981, мојата маќеа почина од рак. Нејзината смрт многу тешко се одрази врз мене и врз мојот полубрат. Јас имав 17, а брат ми 11 години. Многу ми недостигаше. Бидејќи бев поучена дека се наоѓа на небото, едноставно сакав да се самоубијам за да бидам со неа. Таа ми беше најдобрата пријателка“.
Изгледа премногу неправедно смртта да ја има моќта да го земе оној што го сакаш. И кога тоа ќе се случи, помислата дека никогаш повеќе не ќе можеш да разговараш, да се смееш или да ја држиш саканата личност, тешко може да се поднесе. Таа болка не се брише ако ти кажат дека саканата личност се наоѓа горе на небото.
Библијата, меѓутоа, дава една многу поинаква надеж. Како што забележавме порано, Светото писмо покажува дека постои можност повторно да бидеш заедно со починатата драга личност во блиска иднина, а не на некое непознато небо, туку токму овде на Земјата под мирољубиви, праведни околности. А во тоа време, луѓето ќе можат да се радуваат на совршено здравје и не ќе мораат никогаш да умрат. Но некои може да речат: ‚Па зарем тоа не е само градење кула од карти!‘
Што е потребно за да се увериш дека тоа е сигурна надеж? За да прифатиш едно ветување, мораш да се увериш дека оној кој го дава ветувањето е и спремен и способен да го исполни. Тогаш, кој е тој кој ветува дека мртвите повторно ќе живеат?
Во пролетта 31. н. е., Исус Христос смело ветил: „Како што Отецот воскреснува од мртви и оживува, така и Синот ги оживува оние, кои што сака. Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои што се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји [Исус]“ (Јован 5:21, 28, 29). Да, Исус Христос ветил дека милиони кои се сега мртви повторно ќе живеат на Земјата и ќе ја имаат можноста да останат засекогаш на неа под мирољубиви, рајски околности (Лука 23:43, НС; Јован 3:16; 17:3; спореди Псалм 36:29 и Матеј 5:5). Бидејќи Исус го дал ветувањето, со сигурност можеме да заклучиме дека тој е спремен и да го исполни. Но, дали е во состојба да го стори тоа?
По помалку од две години откако го дал тоа ветување, Исус на еден моќен начин покажал дека е и спремен и способен да го изврши воскреснувањето.
„Лазаре, излези надвор!“
Тоа била трогателна сцена. Лазар бил тешко болен. Неговите две сестри, Марија и Марта, пуштиле глас до Исус, кој бил преку реката Јордан: „Господи, ете, оној што го милуваш, болен е“ (Јован 11:3).
Тие знаеле дека Исус многу го сака Лазар. Зарем Исус нема да сака да го види својот болен пријател? Наместо веднаш да оди во Витанија, Исус на изненадување на сите, останал таму каде што се наоѓал следните два дена (Јован 11:5, 6).
Лазар умрел по некое време откако била испратена пораката за неговата болест. Исус знаел кога умрел Лазар и сакал нешто да стори за тоа. Кога Исус најпосле стигнал во Витанија, неговиот драг пријател веќе четири дена бил мртов (Јован 11:17, 39). Можел ли Исус да врати во живот некого кој бил мртов толку долго?
Кога слушнала дека Исус доаѓа, Марта, жена од акција, истрчала да го пречека. (Спореди Лука 10:38-42.) Трогнат од нејзината тага, Исус ја утешил: „Твојот брат ќе воскресне“. Кога ја покажала својата вера во идното воскресение, Исус отворено ѝ кажал: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее“ (Јован 11:20-25).
Кога стигнал кај гробот, Исус заповедал да го тргнат каменот со кој бил затворен влезот. Потоа, откако се помолил гласно, заповедал: „Лазаре, излези надвор!“ (Јован 11:38-43).
Сите очи биле вперени кон гробот. Во тој миг, од темнината се појавила една фигура. Рацете и нозете му биле завиткани со завои, а лицето со крпа. „Одвиткајте го и оставете го да оди“, наредил Исус. Последните одвиткани завои паднале на земјата. Да, тоа бил Лазар, човекот кој четири дена бил мртов! (Дали навистина се случило тоа?
Извештајот за подигањето на Лазар е изнесен во Евангелието по Јован како историски факт. Деталите се премногу живи за да биде само алегорија. Да се оспорува неговата историска веродостојност е исто како да се оспоруваат сите чуда од Библијата, па дури и воскресението на самиот Исус Христос. А да се порекнува воскресението на Исус е исто како да се порекнува христијанската вера во целина (1. Коринтјаните 15:13-15).
Всушност, ако го прифаќаш постоењето на Бог, не би требало да имаш никакви проблеми да веруваш во воскресението. Да илустрираме: Еден човек може на видеокасета да ја сними својата последна желба и тестамент, и откако ќе умре, неговите роднини и пријатели можат да го видат и чујат, всушност, додека објаснува како треба да се постапи со неговиот имот. Пред стотина години, такво нешто било незамисливо. И за некои луѓе кои сега живеат во оддалечени делови од светот, технологијата на видеоснимките е толку несфатлива што им изгледа како некое чудо. Ако можат луѓето да ги користат научните закони кои ги поставил Творецот за да конструираат такви видео и аудио сцени, зарем Тој не би можел да стори и многу повеќе? Зарем тогаш не е разумно Оној кој го создал животот да е способен повторно да го создаде?
Чудото на враќањето на Лазар во живот послужило да се зголеми верата во Исус и воскресението (Јован 11:41, 42; 12:9-11, 17-19). На еден трогателен начин, тоа ја открива и спремноста и желбата на Јехова и неговиот Син да го изведат воскресението.
‚Бог ќе пожела‘
Исусовата реакција на Лазаровата смрт открива една многу нежна страна на Божјиот Син. Неговите длабоки чувства во оваа прилика јасно укажуваат на неговата силна желба да ги воскресне мртвите. Читаме: „Марија, штом пристигна таму, каде што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: ‚Господи, да беше Ти овде, немаше да умре брат ми‘. Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се возмути, па рече: ‚Каде сте го положиле?‘ Му рекоа: ‚Господи, дојди и види!‘ Исус просолзи. Тогаш Јудејците рекоа: ‚Гледај, колку го милувал‘“ (Јован 11:32-36).
Исусовото искрено сочувство овде е прикажано преку три изрази: „се натажи“, „се возмути“ и „просолзи“. Зборовите на првобитниот јазик, што се употребени за да се запише оваа трогателна сцена, покажуваат дека Исус бил толку длабоко потресен од смртта на својот драг пријател Лазар и од тагата на Лазаровите сестри, што во очите му навреле солзи. *
Она што е посебно впечатливо е тоа што Исус претходно вратил други двајца во живот. И Јован 11:11, 23, 25). Па сепак, ‚просолзил‘. Значи, за Исус враќањето на луѓето во живот не е една обична процедура. Неговите нежни и длабоки чувства манифестирани во таа прилика јасно ја покажуваат неговата силна желба да го отстрани разорното дејство на смртта.
бездруго имал намера да го стори истото со Лазар (Исусовите нежни чувства кога го воскреснал Лазар ја покажале неговата силна желба да го отстрани разорното дејство на смртта
Бидејќи Исус е ‚обличје [точниот отпечаток, НС] на Неговото суштество‘, со право очекуваме повеќе од нашиот небесен Татко (Евреите 1:3). За Јеховината спремност да го изврши воскресението, верниот човек Јов рекол: „Кога ќе умре човек ќе живее ли пак? . . . Ти би викнал, и јас би Ти дал одговор, и Ти би покажал благоволение кон [ќе го пожелаш, НС] созданието на Твоите раце“ (Јов 14:14, 15). Зборот на оригиналниот јазик кој овде е преведен со „ќе пожелаш“, го покажува Божјиот искрен копнеж и желба (1. Мојсеева 31:30; Псалм 83:2). Очигледно, Јехова горливо го очекува воскресението.
Можеме ли навистина да веруваме во ветувањето за воскресение? Да, нема сомнение дека Јехова и неговиот Син се и спремни и способни да го исполнат. Што значи тоа за тебе? Го имаш изгледот повторно да бидеш обединет со блиските кои умреле токму овде на Земјава, но под многу поинакви околности!
Јехова Бог, кој му дал почеток на човештвото во една прекрасна градина, ветил дека ќе го обнови Рајот на Земјата под владата на Неговото небесно Царство под управата на сега прославениот Исус Христос (1. Мојсеева 2:7-9; Матеј 6:10; Лука 23:42, 43, НС). Во тој обновен Рај, човечкото семејство ќе го има изгледот да се радува на бескраен живот, без никаква болест и заболување (Откровение 21:1-4; спореди Јов 33:25; Исаија 35:5-7). Ќе исчезне и сета омраза, сите расни предрасуди, етничкото насилство и економското угнетување. На таква очистена Земја Јехова Бог преку Исус Христос ќе ги воскресне мртвите.
Воскресението, темелено на откупната жртва на Исус Христос, ќе донесе радост за сите народи
Тоа е надежта на христијанката спомената во почетокот на овој дел. Неколку години по смртта на мајка ѝ, Јеховините сведоци ѝ помогнале грижливо да ја проучи Библијата. Таа се присетува: „Кога дознав за надежта во воскресение, плачев. Прекрасно беше да дознаам дека повторно ќе ја видам мајка ми“.
Ако твоето срце исто така копнее повторно да види некој драг, Јеховините сведоци радо ќе ти помогнат да научиш како можеш и ти да ја имаш оваа сигурна надеж. Зошто не им се јавиш во некоја Сала на Царството во твојата близина или не пишеш до најблиската адреса наведена на страница 32.
^ пас. 21 Грчкиот збор преведен со „се натажи“ доаѓа од глагол (ембрима́омај) кој означува да се биде болно или длабоко потресен. Еден библичар наведува: „Овде единствено може да значи дека Исус го обзела таква длабока емоција што од Неговото срце била испуштена несакана воздишка“. Изразот „возмути“ доаѓа од грчкиот збор (тара́со) кој укажува на вознемиреност. Според еден лексикограф, тоа значи „да се предизвика внатрешен немир, . . . да биде погоден со голема болка или жалост“. Изразот „просолзи“ доаѓа од грчкиот глагол (дакри́о) кој значи „да се ронат солзи, тивко да се плаче“.