СЕДМО ПОГЛАВЈЕ
Погледнете го добро оној што истраја
1-3. а) Колку тешка душевна мака чувствувал Исус во Гетсиманија, и зошто? б) Што може да се каже за Исусовиот пример на истрајност, и кои прашања се поставуваат?
ИСУС е под страшен притисок. Никогаш во животот не му било потешко. Ова се последните часови од неговиот живот на Земјата. Сега, заедно со апостолите, тој пристигнува на едно познато место — градината Гетсиманија. Исус честопати бил овде со нив. Но, вечерва има потреба да биде малку сам. Затоа се оддалечува од учениците, одејќи подлабоко во градината. Потоа клекнува и почнува да се моли. Се моли толку сесрдно и чувствува толку тешка душевна мака што потта му ‚станува како капки крв што паѓаат на земјата‘ (Лука 22:39-44).
2 Зошто Исус е толку вознемирен? Тој знае дека наскоро го чека тешко физичко страдање, но тоа не е главната работа што го загрижува. Го мачи нешто многу поважно. Тој е многу загрижен да не му нанесе срам на името на својот Татко. Исто така, свесен е дека иднината на човечкото семејство зависи од тоа дали ќе остане верен. Исус знае колку е важно да истрае. Ако попушти, ќе му нанесе голем срам на Јеховиното име. Но, тој не попушта. Подоцна истиот ден, само неколку мига пред да го испушти последниот здив, овој човек — кој го дал најдобриот пример за истрајност во историјата на човештвото — победнички извикува: „Довршено е!“ (Јован 19:30).
3 Библијата нѐ поттикнува ‚добро да го погледнеме‘ Исус, кој истрајал (Евреите 12:3). Ова наметнува некои важни прашања: Какви искушенија морал да претрпи Исус? Што му помогнало да истрае? Како можеме да го следиме неговиот пример? Пред да одговориме на овие прашања, да видиме што сѐ спаѓа во истрајноста.
Што е истрајност?
4, 5. а) Што е „истрајност“? б) Наведи една споредба која ни помага да разбереме дека истраен не е оној што доживува тешкотија која не можел да ја избегне.
4 Одвреме-навреме, сите ние сме ‚ожалостени поради разни искушенија‘ (1. Петрово 1:6). Дали самото тоа што трпиме некое искушение автоматски значи и дека сме истрајни? Не. Грчката именка преведена со „истрајност“ значи „способност да се издржи, односно да не се попушти во тешки околности“. Во врска со истрајноста за која зборуваат писателите на Библијата, еден изучувач вели: „Се работи за став кој му помага на човек да го поднесе она што му се случува, не само затоа што се помирил со неволјата, туку затоа што има жива надеж... Ова е особина што му дава сила на човекот да остане на нозе иако го шиба силен ветар. Тоа е доблест што може и најтешкото искушение да го овенча со слава бидејќи зад болката ја гледа својата цел“.
5 Според тоа, истраен не е оној што минува низ тешкотија само затоа што не можел да ја избегне. Во библиска смисла, истраен е оној што е цврст, што има исправен став и не губи надеж кога доживува искушенија. Да ја земеме за пример следнава споредба: Двајца мажи лежат в затвор. Иако таму живеат во слични услови, тие се затворени од сосема различни причини. Едниот е обичен криминалец. Тој се помирил дека мора да ја издржи казната, но огорчен е поради тоа. А другиот е вистински христијанин кој е затворен затоа што му е верен на Бог. Овој човек е спремен да издржи секаква казна без да се жали бидејќи смета дека оваа ситуација му дава можност да ја покаже својата вера. Тешко може да се каже дека криминалецот е пример за истрајност. Но, верниот христијанин навистина дава извонреден пример за оваа прекрасна особина (Јаков 1:2-4).
6. Како можеме да развиваме истрајност?
Матеј 24:13). Меѓутоа, оваа многу важна особина не ни е вродена. Истрајноста мора да се развива. Како? „Неволјата донесува истрајност“, стои во Римјаните 5:3. Ако навистина сакаме да бидеме истрајни, не можеме плашливо да ги избегнуваме сите испити на верата. Напротив, мораме да се соочиме со нив. Истрајноста се стекнува кога од ден на ден наидуваме на најразлични искушенија и успешно ги пребродуваме. Секој испит што ќе го поминеме нѐ зајакнува за да се справиме со следниот. Се разбира, не можеме да развиеме истрајност со сопствена сила. Ние ‚се потпираме на силата што ја дава Бог‘ (1. Петрово 4:11). Јехова ни ја дал најдобрата можна помош за да останеме цврсти — примерот на својот Син. Да видиме во кои сѐ ситуации Исус покажал беспрекорна истрајност.
6 Истрајноста е неопходна за спасение (Што претрпел Исус
7, 8. Што претрпел Исус додека се ближел крајот на неговиот живот на Земјата?
7 Како што се ближел крајот на неговиот живот на Земјата, Исус се соочувал со сѐ потешки и поболни ситуации. Освен силниот психички притисок под кој бил последната вечер, помисли и на сите разочарувања и понижувања што ги претрпел. Прво го издал еден близок соработник, а потоа го напуштиле најдобрите пријатели. При незаконското судење што следело, членовите на највисокиот верски суд во земјата го исмевале, го плукале и го удирале со тупаници. Сепак, тој го поднел сето тоа мирно и достоинствено (Матеј 26:46-49, 56, 59-68).
8 Во последните часови од својот живот, Исус претрпел неописливо физичко страдање. Тој бил толку сурово искамшикуван што, според едно познато медицинско списание, целиот грб му бил „избразден со длабоки рани, а изгубил и многу крв“. На крајот бил прикован на столб. Оној што е погубен на таков начин „умира бавно и во невидени Јован 19:1, 16-18). Можеш ли да замислиш каква неподнослива болка почувствувал кога го исправиле столбот, и кога неговото тело со сета тежина виснало на шајките, а расечениот грб се лизнал по рапавото дрво? И не заборавај, сето ова огромно физичко страдање го поднел додека го притискале грижите за кои стана збор во почетокот на ова поглавје.
маки“. Можеш ли да си ги замислиш ужасните болки што ги чувствувал Исус додека му ги забивале долгите шајки во рацете и во нозете? (9. Што значи да го земеме својот „маченички столб“ и да го следиме Исус?
9 Како следбеници на Христос, во какви околности ќе мора да истраеме ние? Исус рекол: „Ако некој сака да оди по мене... нека го земе својот маченички столб и нека оди по мене“ (Матеј 16:24). Овде изразот „маченички столб“ се користи како симбол што означува страдање и срам, па дури и смрт. Не е лесно да се следи Христос. Поради христијанските мерила за кои се држиме, ние сме поинакви од другите. Овој свет нѐ мрази затоа што не сме дел од него (Јован 15:18-20; 1. Петрово 4:4). Но, и покрај тоа, ние сме спремни да го земеме нашиот маченички столб. Всушност, поспремни сме да страдаме, па дури и да умреме, отколку да престанеме да го следиме Христос, нашиот Пример (2. Тимотеј 3:12).
10-12. а) Зошто несовршеноста на луѓето околу Исус претставувала испит за неговата истрајност? б) Со какви сѐ испити се соочил Исус?
10 Поради несовршеноста на луѓето околу него, Исус се соочил и со други испити во текот на својата служба. Сети се дека тој бил ‚вештиот градител‘ кого Јехова го употребил за да ја создаде Земјата и целокупниот живот на неа (Изреки 8:22-31). Затоа Исус знаел каква намера имал Јехова со луѓето — Бог сакал тие да ги одразуваат Неговите особини и да бидат совршено здрави за да уживаат во животот (1. Мојсеева 1:26-28). Додека бил на Земјата, Исус ги видел трагичните последици на гревот од поинаков агол. И самиот бил човек и ги имал истите чувства како сите други луѓе. Сигурно многу го болело кога видел од прва рака колку се оддалечиле луѓето од совршенството на своите први родители, Адам и Ева. Ова било испит за истрајноста на Исус. Дали се обесхрабрил и кренал раце од луѓето, сметајќи дека им нема лек? Да видиме.
11 Исус бил толку разочаран од незаинтересираноста на Евреите што се расплакал пред сите. Сепак, дали дозволил нивната рамнодушност да му ја згасне ревноста или да го наведе да престане да проповеда? Не! Напротив, ‚секој ден поучувал во храмот‘ (Лука 19:41-44, 47). Тој бил „длабоко разжалостен“ поради бесчувствителните срца на фарисеите, кои едвај чекале да излекува еден болен човек во сабота за да го обвинат. Дали дозволил овие самоправедни противници да го заплашат? Се разбира дека не! Исус не потклекнал. Го излекувал човекот — и тоа токму таму, среде синагогата! (Марко 3:1-5).
третото поглавје, ним им било многу важно да бидат на висока положба (Матеј 20:20-24; Лука 9:46). Исус повеќе пати ги советувал да бидат понизни (Матеј 18:1-6; 20:25-28). Но, ова не им одело баш лесно. Дури и во текот на последната ноќ што ја поминале со него, тие се расправале кој од нив е најголем! (Лука 22:24). Дали Исус кренал раце од нив, заклучувајќи дека се безнадежен случај? Не. Стрплив како и секогаш, тој останал позитивен и не изгубил надеж — продолжил да го гледа доброто кај нив. Исус знаел дека длабоко во срцето тие го сакаат Јехова и навистина сакаат да ја вршат Неговата волја (Лука 22:25-27).
12 Исус морал да се справи со уште еден испит — слабостите на своите најблиски ученици. Како што видовме во13. Со какви испити, слични на оние што ги претрпел Исус, можеби ќе се соочиме?
13 Можеби и ние ќе се соочиме со испити слични на оние што ги претрпел Исус. На пример, можеби ќе наидеме на луѓе што се рамнодушни, па дури и се противат на пораката за Царството. Дали ќе дозволиме таквите негативни реакции да го згаснат нашиот жар или ќе продолжиме да проповедаме со ревност? (Тит 2:14). Можеби ќе бидеме испитани преку несовршеноста на нашите соверници. Можеби некој ќе нѐ повреди со непромислен збор или со невнимателна постапка (Изреки 12:18). Дали ќе дозволиме недостатоците на нашите браќа да нѐ натераат да кренеме раце од нив или, пак, и понатаму ќе ги поднесуваме нивните слабости и ќе го бараме доброто кај нив? (Колошаните 3:13).
Зошто Исус истрајал
14. Кои две работи му помогнале на Исус да не попушти?
14 Што му помогнало на Исус да не попушти и да остане беспрекорен и покрај сите понижувања, разочарувања и страдања кои ги претрпел? Две многу важни работи: Прво, тој барал помош одозгора, молејќи го „Бог, кој дава истрајност“ (Римјаните 15:5). И второ, Исус гледал напред, и го насочил своето внимание на она што ќе го постигне ако истрае. Да ги разгледаме овие две работи.
15, 16. а) Што покажува дека Исус не очекувал да истрае со сопствена сила? б) Каква доверба имал Исус во својот Татко, и зошто?
15 Иако бил совршен Божји Син, Исус не очекувал да истрае со сопствена сила. Напротив, тој во молитва барал помош од својот небесен Татко. Апостол Павле напишал: „Христос со силни извици и солзи упатуваше сесрдни молитви и молби до оној што можеше да го спаси од смртта“ (Евреите 5:7). Забележи дека Исус не упатил само молби туку и „сесрдни молитви“. Кога некој се моли сесрдно значи дека се моли искрено, од дното на душата, односно преколнува за помош. Тоа што се користи множина, „сесрдни молитви“, покажува дека Исус не го молел Јехова само еднаш. Всушност, во градината Гетсиманија, тој се молел горливо повеќепати (Матеј 26:36-44).
16 Исус имал потполна доверба дека Јехова ќе одговори на неговите сесрдни молитви, бидејќи знаел дека неговиот Татко „ги слуша молитвите“ (Псалм 65:2). Пред да стане човек, првородениот Син имал можност да види како неговиот Татко одговара на молитвите на своите верни слуги. На пример, Синот, кој тогаш бил на небото, со свои очи видел како Јехова испраќа ангел за да одговори на искрената молитва на пророкот Даниел, и тоа уште пред Даниел да заврши со молењето (Даниел 9:20, 21). Тогаш, како можел Таткото да не одговори кога неговиот единороден Син му го излеал срцето со „силни извици и солзи“? Јехова одговорил на сесрдните молитви на својот Син и испратил ангел да го зајакне за да може да го поднесе тоа тешко искушение (Лука 22:43).
17. Зошто мора да бараме помош одозгора за да истраеме, и како можеме да го правиме тоа?
17 За да истраеме, и ние мора да бараме помош одозгора Филипјаните 4:13). Ако совршениот Божји Син имал потреба сесрдно да го моли Јехова за помош, колку повеќе треба да го молиме ние! Исто како Исус, можеби ќе треба постојано да бараме помош од Јехова во молитва (Матеј 7:7). Иако не очекуваме тој да ни испрати ангел, едно е сигурно: Нашиот Татко полн со љубов ќе ги услиши верните христијани кои ‚истрајно упатуваат барања и молитви ноќ и ден‘ (1. Тимотеј 5:5). Сеедно какви испити можеби ќе доживееме — слабо здравје, смрт на некој близок или прогонство од противниците — Јехова ќе одговори на нашите горливи молитви за мудрост, храброст и сила да истраеме (2. Коринќаните 4:7-11; Јаков 1:5).
— од Бог кој „дава сила“ (18. Што му помогнало на Исус да гледа напред и да не мисли на страдањата?
18 Втората работа што му помогнала на Исус да истрае е тоа што гледал напред. Наместо да размислува за страдањата, тој мислел на она што требало да следи по нив. Во врска со Исус, Библијата вели: „Поради радоста што стоеше пред него, претрпе маченички столб“ (Евреите 12:2). Примерот на Исус покажува каква е врската меѓу надежта, радоста и истрајноста. Ова може да се каже со неколку збора: Надежта нѐ исполнува со радост, а радоста ни дава сила да истраеме (Римјаните 15:13; Колошаните 1:11). Пред Исус стоела прекрасна иднина. Тој знаел дека, ако остане верен, ќе докаже дека неговиот Татко има право да владее и ќе го откупи човечкото семејство од гревот и од смртта. Исто така, Исус имал цврста надеж дека ќе владее како Цар и ќе служи како првосвештеник, и на тој начин ќе им донесе уште поголеми благослови на послушните луѓе (Матеј 20:28; Евреите 7:23-26). Исус мислел на надежта и на иднината што лежела пред него, и затоа неизмерно се радувал, а таа радост му дала сила да истрае.
19. Како можат надежта, радоста и истрајноста да ни помогнат кога ќе ни биде испитана верата?
19 За да успееме, и нам, исто како на Исус, ни се потребни сите три работи — надеж, радост и истрајност. „Радувајте се во надежта“, рекол апостол Павле, а потоа додал: „Стрпливо поднесувајте неволја“ (Римјаните 12:12). Дали моментално минуваш низ некој тежок испит на верата? Тогаш, по секоја цена, гледај напред! Немој да изгубиш од вид дека со својата истрајност ќе му донесеш слава на Јеховиното име. Мисли на скапоцената надеж за Царството. Замисли си дека Божјиот нов свет веќе дошол и дека ти уживаш во Рајот. Додека очекуваш Јехова да го оправда своето право да владее и да ги отстрани злото, болестите и смртта од Земјата, и да ги оствари сите други прекрасни работи што ги ветил, срцето ќе ти се исполни со радост. Таа радост, пак, ќе ти даде сила да истраеш, сеедно какви искушенија можеби ќе те снајдат. Во споредба со сето она што ќе го добиеме кога Царството ќе ги оствари сите наши надежи, секое страдање во овој свет навистина е ‚моментално и лесно‘ (2. Коринќаните 4:17).
‚Одете во сѐ по неговите стапки‘
20, 21. Што очекува Јехова од нас во поглед на истрајноста, и на што треба да бидеме решени?
20 Исус знаел дека нема да е лесно да се биде негов следбеник бидејќи за тоа е потребна истрајност (Јован 15:20). Самиот тој бил спремен да истрае, бидејќи бил свесен дека неговиот пример ќе ги зајакне другите (Јован 16:33). Всушност, Исус дал совршен пример за истрајност. Но, ние ни оддалеку не сме совршени. Што очекува Јехова од нас? Петар објаснува: „Христос страдаше за вас и ви даде пример во сѐ да одите по неговите стапки“ (1. Петрово 2:21). Со начинот на кој се справил со искушенијата, Исус ни оставил пример што треба да го следиме. * Секоја ситуација во која истрајал може да се спореди со ‚стапка‘. Иако ние не можеме да газиме точно по неговите стапки, сепак можеме да ги следиме.
21 Затоа, да бидеме решени да го следиме примерот на Исус најдобро што можеме. Никогаш да не заборавиме дека, колку повеќе се трудиме да газиме по неговите стапки, толку полесно ќе ни биде да истраеме „до крајот“ — до крајот на сегашниов стар свет или до крајот на нашиот живот. Иако не знаеме кој крај ќе дојде побрзо, во едно сме сигурни: Јехова ќе нѐ благослови за нашата истрајност во сета вечност (Матеј 24:13).
^ пас. 20 Грчкиот збор преведен со „пример“ буквално значи „шаблон“. Апостол Петар е единствениот писател на Христијанските грчки списи што го користи овој збор, за кој се вели дека значи „,мостра‘ во работна тетратка, односно совршено напишан текст кој детето треба да го препише колку што е можно поточно“.