ПЕТТО ПОГЛАВЈЕ
„Сите богатства на мудроста“
1-3. Во какви околности Исус одржал проповед еден пролетен ден во 31 год. од н.е., и зошто неговите слушатели биле восхитени?
ПРОЛЕТЕН ден е, 31 година од нашата ера. Исус Христос се наоѓа во близина на Капернаум, прометен град на северозападниот брег на Галилејското Море. Откако цела ноќ се молел сам на блиската планина, сега, в зори, ги повикува своите ученици и од нив избира 12-мина, кои ги нарекува апостоли. Во меѓувреме, големото мноштво луѓе кои го следеле до ова место веќе се собрани и го чекаат на една висорамнина. Многумина од нив поминале долг пат за да стигнат до тука. Тие со нетрпение очекуваат да слушнат што ќе им каже Исус и да бидат излекувани од своите болести. И навистина, тој нема да ги разочара (Лука 6:12-19).
2 Исус оди кај нив и ги лекува сите болни. На крајот, кога ниту еден од мноштвото не чувствува болка од некоја тешка болест, Исус седнува да ги поучи. * Луѓето сигурно се изненадени од зборовите што ги слушаат тоа свежо пролетно утро. Всушност, тие никогаш не чуле некој друг да поучува на таков начин. Исус не се повикува на усните преданија и на познатите еврејски рабини за да им даде тежина на своите учења. Наместо тоа, постојано цитира од вдахновените Хебрејски списи. Зборува директно, едноставно и јасно. Кога завршува, мноштвата се восхитени. И треба да бидат, затоа што го слушале најмудриот човек што некогаш живеел! (Матеј 7:28, 29).
Колошаните 2:3). Од каде ја стекнал таа мудрост, односно способност да го примени во пракса она што го знаел и го разбирал? Како ја покажал, и како можеме и ние да го следиме неговиот пример?
3 Оваа проповед, а и многу други работи што Исус ги кажал и ги направил се запишани во Божјата реч. Би било добро да испитаме што вели Библијата, бидејќи во Исус се собрани „сите богатства на мудроста“ (‚Од каде има мудрост?‘
4. Кое прашање го поставиле луѓето што го слушале Исус во Назарет, и зошто?
4 Откако започнал да проповеда, Исус дошол во Назарет, градот каде што пораснал, и влегол да поучува во тамошната синагога. Многу од неговите слушатели биле восхитени и се прашувале: „Од каде има овој мудрост?“ Тие го познавале неговото семејство — неговите родители и неговите браќа и сестри — и добро знаеле дека се сиромашни (Матеј 13:54-56; Марко 6:1-3). Без сомнение, знаеле и дека овој дрводелец што зборува толку убаво не одел во ниту една од прочуените рабински школи (Јован 7:15). Затоа, нивното прашање било на место.
5. Според Исус, кој бил изворот на неговата мудрост?
5 Мудроста што ја покажал Исус не била производ само на неговиот совршен ум. Нешто подоцна во текот на својата служба, кога јавно поучувал во храмот, Исус открил дека неговата мудрост доаѓа од многу повозвишен извор. Тој рекол: „Она за кое поучувам не е мое, туку доаѓа од оној што ме испрати“ (Јован 7:16). Да, Таткото, кој го испратил Синот, бил вистинскиот извор на Исусовата мудрост (Јован 12:49). Но, како Јехова му дал таква мудрост?
6, 7. Како Јехова му дал мудрост на својот Син?
6 Јеховиниот свет дух дејствувал врз срцето и врз умот на Исус. Во врска со Исус — ветениот Месија — Исаија прорекол: „Врз него ќе почива Јеховиниот дух, духот на мудроста и разборитоста, духот на советот и Исаија 11:2). Значи, Јеховиниот дух почивал врз Исус и влијаел врз неговото размислување и врз неговите одлуки. Затоа воопшто не е чудно што неговите зборови и постапки откривале дека тој поседува ненадминлива мудрост!
на силата, духот на знаењето и на стравот од Јехова“ (7 Јехова му дал мудрост на Исус на уште еден посебен начин. Како што видовме во второто поглавје, пред да се роди како човек, Исус живеел неброени години покрај својот Татко и можел да ги впива Неговите мисли. Не можеме ни да си замислиме колку голема мудрост стекнал Синот служејќи како „вешт градител“ покрај својот Татко додека заедно создавале сѐ друго — и живиот и неживиот свет. Со добра причина за Синот се вели дека, уште пред да живее како човек, бил вистинско олицетворение на мудроста (Изреки 8:22-31; Колошаните 1:15, 16). Во текот на целата своја служба, Исус можел да црпи од мудроста што ја стекнал додека бил со својот Татко на небото * (Јован 8:26, 28, 38). Затоа, ни најмалку не треба да нѐ изненади тоа што неговите зборови откривале огромно знаење и длабоко разбирање, а неговите постапки ја откриле неговата способност непогрешливо да ги процени работите.
8. На кој начин ние, како следбеници на Исус, можеме да стекнеме мудрост?
8 Како следбеници на Исус, и ние треба да бараме мудрост од Јехова бидејќи Тој е нејзиниот вистински Извор (Изреки 2:6). Се разбира, Јехова не ја дава преку чудо. Сепак, тој нѐ услишува кога искрено го молиме да ни ја даде мудроста што ни е потребна за да се справиме со проблемите во животот (Јаков 1:5). Треба да вложиме многу труд за да ја стекнеме таа мудрост. Мора да ја бараме како „скриено богатство“ (Изреки 2:1-6). Мора да продолжиме длабоко да копаме во Библијата, каде што ни е откриена Божјата мудрост, а потоа да живееме во склад со она што го учиме. Примерот на Јеховиниот Син може многу да ни помогне да станеме мудри. Да видиме како Исус покажал мудрост на неколку полиња од животот, и да дознаеме како можеме да го следиме неговиот пример во овој поглед.
Мудри зборови
9. Зошто учењата на Исус биле толку мудри?
9 Безброј луѓе доаѓале кај Исус само за да го слушаат како зборува (Марко 6:31-34; Лука 5:1-3). А не е ни чудо, зашто зборовите што излегувале од неговата уста откривале невидена мудрост! Од она што го поучувал Исус јасно можело да се види дека тој многу добро ја разбира Божјата реч и дека има извонредна способност да продре во суштината на работите. Неговите учења им се допаѓаат на луѓето низ целиот свет и важат во секое време. Да разгледаме некои од мудрите зборови што ги кажал Исус, проречениот „Прекрасен Советник“ (Исаија 9:6).
10. Кои добри особини нѐ советува Исус да ги развиеме, и зошто?
10 Проповедта на гората, која беше спомната во почетокот, е најголемата збирка поуки од Исус кои се запишани без меѓу нив да биде вметнато раскажување или зборови што ги кажал некој друг. Во оваа проповед, Матеј 5:5-9, 43-48). Ако ги развиваме ваквите особини во нашето срце, тогаш нашиот говор ќе биде изградувачки и исправно ќе постапуваме. Ова не само што го радува Јехова, туку ни помага да имаме и добри односи со другите луѓе (Матеј 5:16).
Исус не нѐ советува само да зборуваме и да се однесуваме како што треба. Тој укажува на нешто многу подлабоко. Свесен дека во коренот на зборовите и постапките, всушност, лежат мислите и чувствата, Исус советува да развиваме добри особини во умот и во срцето. Некои од тие особини се благост, жед за праведност, милосрдие, мирољубивост и љубов кон другите (11. Како Исус објаснил каде лежи коренот на проблемот кога давал совети за грешното постапување?
11 Кога дава совети во врска со грешното постапување, Исус објаснува каде, всушност, лежи коренот на проблемот. Тој не вели само дека не треба да постапуваме насилно, туку нѐ предупредува да не дозволиме во нашето срце да тлее гнев (Матеј 5:21, 22; 1. Јованово 3:15). Тој не вели само дека не смееме да вршиме прељуба, туку нѐ предупредува да не дозволиме во срцето да се роди страст која ќе доведе до прељуба. А за да не се родат кај нас страст и неисправни желби, нѐ опоменува да внимаваме што гледаме (Матеј 5:27-30). Исус го свртува вниманието на причините, а не само на последиците. Тој зборува за ставовите и за желбите кои лежат во самиот корен на грешните постапки (Псалм 7:14).
12. Што претставуваат Исусовите совети за неговите следбеници, и зошто?
12 Колку се мудри зборовите на Исус! Не е ни чудо што ‚мноштвата биле восхитени од неговото поучување‘ (Матеј 7:28). За нас, неговите следбеници, тие мудри совети претставуваат упатство за живот. Ние се трудиме да ги развиваме добрите особини на кои нѐ поттикнал тој, како што се милосрдие, мирољубивост и љубов, бидејќи знаеме дека тие особини ќе ни помогнат да постапуваме онака како што сака Бог. Освен тоа, се трудиме да ги искорениме од срцето сите непожелни чувства на кои предупредил тој, како што се гневот, огорченоста и неморалните желби, затоа што знаеме дека тие можат да нѐ наведат на грев (Јаков 1:14, 15).
Мудар начин на живот
13, 14. Што покажува дека Исус исправно ги проценил работите кога одлучил како да го живее својот живот?
13 Мудроста на Исус не се гледала само во неговите зборови туку и во неговите постапки. Во целиот негов живот — во одлуките што ги донесувал, во начинот на кој гледал на себеси и во постапките со другите — јасно можеле да се видат многуте прекрасни аспекти на мудроста. Да разгледаме некои примери што покажуваат дека Исус го воделе „мудроста и способноста за расудување“ (Изреки 3:21).
14 Мудрото лице знае исправно да ги процени работите. Исус добро проценил кој е најдобриот начин на живот. Можеш ли да замислиш каков живот можел да има тој? Можел да направи најубава куќа, да има одличен бизнис и да стекне голем углед во светот. Но, Исус знаел дека таквиот живот „е суета и трчање по ветар“ (Проповедник 4:4; 5:10). Тој начин на живот би бил чиста глупост, сосема спротивно на мудроста. Исус решил да води едноставен живот. Не сакал да заработи пари или да си трупа материјално богатство (Матеј 8:20). Постапил како што поучувал — задржал бистро око, односно потполно се посветил на вршењето на Божјата волја (Матеј 6:22). Тој мудро ги трошел своето време и сила за Царството, нешто што е многу поважно и носи многу поголеми благослови од материјалните работи (Матеј 6:19-21). Така ни оставил пример што вреди да го следиме.
15. Како следбениците на Исус можат да покажат дека имаат бистро око, и зошто тоа е мудро?
15 Денес, следбениците на Исус сфаќаат зошто е мудро да задржат бистро око. Затоа не се оптоваруваат со непотребни долгови и со световни активности кои одземаат 1. Тимотеј 6:9, 10). Мнозина презеле чекори да си го поедностават животот за да имаат повеќе време за христијанската служба, можеби дури и да служат како полновремени проповедници на Царството. Нема помудар начин на живот, бидејќи тој што ќе го стави Царството на исправното место ќе биде многу среќен и задоволен (Матеј 6:33).
премногу сила и внимание (16, 17. а) Како покажал Исус дека е скромен и реалистичен во она што го очекувал од себеси? б) Како можеме и ние да покажеме дека сме скромни и реалистични во она што го очекуваме од себеси?
16 Библијата ја поврзува мудроста со скромноста, а скромен е оној што е свесен за сопствените ограничувања (Изреки 11:2). Исус бил скромен и реалистичен во она што го очекувал од себеси. Знаел дека нема да ги преобрати сите што ќе ја слушнеле неговата порака (Матеј 10:32-39). Освен тоа, сфаќал дека бројот на луѓе што лично ќе може да ги достигне е ограничен. Затоа мудро ги овластил своите следбеници да продолжат да ги поучуваат другите (Матеј 28:18-20). Скромно признал дека тие ќе ‚прават и поголеми дела‘ од неговите, бидејќи ќе проповедаат на повеќе луѓе, на поголемо подрачје, и тоа ќе го прават многу подолго од него (Јован 14:12). Исус исто така признавал дека му треба помош. Ја прифатил помошта од ангелите кои дошле да му служат во пустината и од ангелот што дошол да го зајакне во градината Гетсиманија. Во најтешките моменти од својот живот, Божјиот Син силно повикал за помош (Матеј 4:11; Лука 22:43; Евреите 5:7).
17 И ние треба да бидеме скромни и реалистични во она што го очекуваме од себеси. Се разбира, сакаме со сета душа и со сета сила да се напрегаме да проповедаме и да поучуваме (Лука 13:24; Колошаните 3:23). Но, не треба да заборавиме дека Јехова не нѐ споредува со другите, па затоа и самите не треба да се споредуваме (Галатите 6:4). Мудроста ќе ни помогне да си поставиме достижни цели во склад со нашите способности и околности. Освен тоа, мудроста ќе ги води оние што се на одговорни положби да си признаат дека имаат ограничувања и дека одвреме-навреме им треба помош и поддршка. Скромноста ќе им помогне со благодарност да ја прифатат таквата помош, бидејќи сфаќаат дека Јехова може да употреби некој соверник за да ги зајакне (Колошаните 4:11).
18, 19. а) Од каде знаеме дека Исус постапувал разумно и позитивно со своите ученици? б) Зошто имаме многу причини да бидеме позитивни и разумни во меѓусебните односи, и како можеме да постапуваме така?
18 ,Мудроста одозгора е разумна‘, стои во Јаков 3:17. Исус постапувал разумно со своите ученици и имал позитивен став кон нив. Иако бил свесен за нивните грешки, тој го барал доброто кај нив (Јован 1:47). Знаел дека ќе го остават сам ноќта кога бил уапсен, но сепак, не се сомневал во нивната верност (Матеј 26:31-35; Лука 22:28-30). Петар дури трипати одрекол дека го познава, а Исус сепак сесрдно се молел за него и покажал дека има доверба во верноста на својот апостол (Лука 22:31-34). Последната ноќ од неговиот живот на Земјата, кога му се молел на својот Татко, Исус воопшто не ги спомнал грешките што ги направиле неговите ученици. Напротив, гледал позитивно на сето она што го правеле до таа ноќ, и рекол: „Тие ја држеа твојата реч“ (Јован 17:6). И покрај тоа што биле несовршени, тој им го доверил делото на проповедање и поучување (Матеј 28:19, 20). Нема сомнение, верата и довербата што Исус ги покажал во своите ученици ги зајакнала да го извршат налогот што им го дал.
19 Следбениците на Исус имаат причини да го следат неговиот пример во овој поглед. Ако совршениот Божји Син бил стрплив со своите несовршени ученици, колку повеќе треба ние, како грешни луѓе, да постапуваме разумно едни со други! (Филипјаните 4:5). Наместо постојано да мислиме на слабостите на нашите духовни браќа, би било убаво да ги бараме нивните добри страни. Мудро е да не забораваме дека Јехова ги привлекол кон себе (Јован 6:44). Значи, сигурно гледа нешто добро во нив, па затоа треба да гледаме и ние. Ако сме позитивни, не само што ќе успееме да ‚преминеме преку престапите‘, односно грешките на другите, туку ќе размислуваме и за кои работи можеме да ги пофалиме (Изреки 19:11). Кога покажуваме доверба во нашите браќа и сестри, им помагаме да дадат сѐ од себе за да му служат на Јехова и да се радуваат на таа служба (1. Солуњаните 5:11).
20. Што треба да правиме со ризницата на мудрост која се наоѓа во евангелијата, и зошто?
20 Евангелијата, во кои се опишани животот и службата на Исус, се вистинска ризница на мудрост! Што да правиме со ова бесценето богатство кое ни е подарено? На крајот од Проповедта на гората, Исус ги поттикнал своите слушатели не само да ги слушаат неговите мудри зборови туку и да ги извршуваат, односно да ги применат во пракса (Матеј 7:24-27). Ако ги обликуваме нашите мисли, мотиви и постапки според мудрите зборови и дела на Исус, ќе водиме најдобар можен живот сега, и ќе останеме на патот што води до вечен живот (Матеј 7:13, 14). Навистина, ова е најдобрата и најмудрата одлука што човек може да ја донесе!
^ пас. 2 Говорот што Исус го одржал тој ден е познат како Проповед на гората. Запишан е во Матеј 5:3 — 7:27 и содржи 107 стихови. Веројатно му биле потребни дваесетина минути за да го изнесе.
^ пас. 7 Библијата вели дека, кога се крстил Исус, ‚се отвориле небесата‘. Се чини дека тогаш му се вратило сеќавањето на времето пред да се роди како човек (Матеј 3:13-17).