ПРВО ПОГЛАВЈЕ
„Појди по мене!“ — што сакал да каже Исус?
1, 2. Која е најважната покана што може да ја добие еден човек, и кое прашање би можеле да си го поставиме?
КОЈА е најважната покана што си ја добил во животот? Можеби помислуваш на моментот кога си добил покана за некој посебен настан, на пример, кога си бил поканет на свадба кај некои драги пријатели. Или, пак, ти се враќа во мислите денот кога ти било понудено некое добро работно место. Ако си добил вакви покани, сигурно си бил пресреќен, па дури и почестен. Но, всушност, сите ние сме добиле една многу поважна покана. Дали ќе ја прифатиме? Одговорот на ова прашање длабоко ќе влијае врз нас. Всушност, тоа е најважната одлука што ќе ја донесеме во животот!
2 За каква покана станува збор? Тоа е поканата што ја упатува Исус Христос, единородниот Син на Семоќниот Бог, Јехова. Таа е запишана во Библијата, во Јован 1:43, каде што стојат следниве зборови на Исус: „Појди по мене!“ Исус му ја упатува оваа покана на секого од нас. Затоа е добро да се прашаме: ‚Дали ќе ја прифатам?‘ Можеби си мислиш: ‚Па, јасно дека ќе ја прифатам! Кој би одбил една ваква извонредна покана?‘ За чудо, многу луѓе ја одбиваат. Зошто?
3, 4. а) На кои работи мнозина би му позавиделе на младиот човек кој го прашал Исус како да добие вечен живот? б) Кои добри особини веројатно ги видел Исус кај богатиот млад поглавар?
3 Размисли, на пример, за еден човек кој ја добил оваа покана лично од Исус пред околу 2.000 години. Овој човек бил многу угледен. Поседувал најмалку три работи што луѓето обично ги посакуваат, па дури и Матеј 19:20; Лука 18:18, 23). Но, нешто друго во врска со овој млад човек било уште поважно. Тој бил меѓу оние што слушале кога поучувал Големиот Учител, Исус, и многу му се допаднало она што го чул.
им завидуваат на оние што ги имаат — младост, богатство и власт. За него Библијата вели дека бил „млад“, „многу богат“ и дека бил „поглавар“ (4 Повеќето поглавари во тоа време не му укажале должна почит на Исус (Јован 7:48; 12:42). Но, овој поглавар не постапил како нив. Библијата ни кажува: „Кога [Исус] тргнуваше на пат, дотрча еден човек, падна на колена пред него и го праша: ‚Учителе добар, што морам да сторам за да наследам вечен живот?‘“ (Марко 10:17). Забележи колку многу сакал овој младич да зборува со Исус. Тој не само што му притрчал пред сите, како што правеле сиромашните и обичните луѓе, туку со почит паднал на колена пред Христос. Очигледно е дека бил донекаде понизен, а бил и свесен за своите духовни потреби. Исус ги ценел таквите добри особини (Матеј 5:3; 18:4). Затоа воопшто не е чудно што ‚го погледнал [младиот човек] со наклоност‘ (Марко 10:21). Но, како одговорил на неговото прашање?
Најважната покана во животот
5. Што му одговорил Исус на богатиот млад човек, и од каде знаеме дека, кога рекол „едно ти недостига“, не сакал да каже дека младичот морал да живее во сиромаштија? (Види ја и фуснотата.)
5 Исус одговорил наведувајќи стихови од Писмото. Така покажал дека неговиот Татко веќе дал информации за тоа како може да се добие вечен живот. Тогаш младиот човек возвратил дека верно ги држи заповедите од Мојсеевиот закон. Но, благодарение на својата извонредна проникливост, Исус видел дека, длабоко во срцето, овој поглавар сепак имал сериозен проблем што влијаел врз неговиот однос со Бог (Јован 2:25). Затоа му рекол: „Едно ти недостига“. Што било тоа? Исус продолжил: „Оди, продај сѐ што имаш и парите дај им ги на сиромасите“ (Марко 10:21). Дали Исус сакал да каже дека човек треба да биде без скршена пара за да може да му служи на Бог? Не. * Христос зборувал за нешто многу поважно.
6. Која покана ја упатил Исус, и што открила реакцијата на богатиот млад поглавар?
6 За јасно да покаже што му недостигало, Исус му понудил на овој човек нешто извонредно. Му рекол: „Дојди и оди по мене“. Замисли си — лично Синот на Највишиот Бог го поканил овој човек да стане негов следбеник! Освен тоа, Исус му ветил една речиси незамислива награда. Тој му рекол: „Ќе имаш богатство на небото“. Дали богатиот поглавар ја прифатил оваа почесна покана со раширени раце? Во извештајот стои: „Тој се растажи од тие зборови и си замина нажален, зашто имаше голем имот“ (Марко 10:21, 22). Така, Исусовите неочекувани зборови откриле каков проблем се крие во срцето на овој човек. Тој бил премногу приврзан кон својот имот и, без сомнение, кон положбата и угледот што му ги носело богатството. За жал, неговата љубов кон тие работи била далеку поголема од љубовта што ја чувствувал кон Христос. Значи, тоа „едно“ што му недостигало била сесрдна, самопожртвувана љубов кон Исус и кон Јехова. Бидејќи немал таква љубов, тој ја одбил најважната покана во животот! Но, каква врска има ова со тебе?
7. Зошто сме сигурни дека Исус ни ја упатува оваа покана и нам денес?
7 Исус не му ја упатил поканата само на овој човек ниту, пак, на само неколку луѓе. Тој рекол: „Ако некој сака да оди по мене... нека појде по мене!“ (Лука 9:23). Забележи дека секој може да „оди“ по Христос, односно да биде негов следбеник, ако навистина го „сака“ тоа. Бог ги привлекува таквите искрени лица кон својот Син (Јован 6:44). Не само богатите, не само сиромасите, не само луѓе од одредена раса или народ, и не само тие што живееле во времето на Исус, туку сите можат да ја прифатат поканата што ја упатува тој. Затоа, неговите зборови „Појди по мене!“ се однесуваат и на тебе. Но, зошто би сакал да го следиш Христос? И што точно значи тоа?
Зошто да го следиме Христос?
8. Каква потреба имаат сите луѓе, и зошто?
8 Треба да признаеме една многу важна работа — сите ние имаме потреба од добар водач. Иако многумина не признаваат дека ја имаат оваа потреба, таа сепак постои. Јеховиниот пророк Еремија бил вдахновен да ја запише оваа вечна вистина: „Добро знам, Јехова, дека патот на земниот човек не е во негова власт. Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23). Луѓето не се ниту способни ниту, пак, имаат право самите да владеат со други луѓе. Всушност, во поголемиот дел од историјата народот имал лоши водачи (Проповедник 8:9). Во времето на Исус, водачите ги угнетувале, ги малтретирале и ги лажеле луѓето. Тој мудро забележал дека обичните луѓе биле „како овци без пастир“ (Марко 6:34). Истото важи и денес. И како група и како поединци, имаме потреба од водач во кого ќе имаме доверба и кого ќе го почитуваме. Дали Исус може да ја задоволи таа потреба? Да разгледаме неколку причини зошто одговорот на ова прашање е „да“.
9. По што се разликува Исус од сите други водачи?
9 Прво, Исус е избран од Јехова Бог. Повеќето човечки водачи ги избираат други луѓе кои се исто така несовршени. Тие лесно можат да бидат измамени, и обично не можат добро да ги проценат работите. Исус не е Матеј 12:18). Никој друг не знае подобро од нашиот Творец каков водач ни треба. Бидејќи Јеховината мудрост е бесконечна, имаме добра причина да покажеме доверба во неговиот избор (Изреки 3:5, 6).
таков водач. Ова се гледа од самата негова титула. Зборот „Христос“, исто како и зборот „Месија“, значи „Помазаник“. Исус бил помазан, односно поставен на својата света положба од самиот Севишен Господар на вселената. Во врска со својот Син, Јехова Бог рекол: „Еве го мојот слуга, кого го избрав, мојот сакан, кој е по волја на мојата душа! На него ќе го ставам својот дух“ (10. Зошто примерот што го дал Исус е најдобриот пример што луѓето можат да го следат?
10 Второ, Исус ни дал совршен пример кој нѐ мотивира да го следиме. Најдобриот водач поседува особини на кои неговите поданици можат да им се восхитуваат и кои самите би сакале да ги покажуваат. Тој предводи со пример, мотивирајќи ги другите од ден на ден да стануваат подобри личности. Кои особини најмногу би ги ценел кај еден водач? Храброст? Мудрост? Сочувство? Или, пак, цврстина и постојаност кога ќе дојдат тешки времиња? Додека проучуваш како живеел Исус на Земјата, ќе видиш дека тој ги имал сите овие особини — а и многу други. Бидејќи бил совршена слика на својот небесен Татко, Исус ги поседувал сите Божји особини, и тоа во потполна мера. Тој во секој поглед бил совршен човек. Во сѐ што правел, во секој збор што го кажал и во секое чувство што го покажал има нешто на кое можеме да се угледаме. Библијата вели дека тој ни дал ‚пример во сѐ да одиме по неговите стапки‘ (1. Петрово 2:21).
11. Како Исус покажал дека е „добриот пастир“?
11 Трето, Христос навистина живеел во склад со својата изјава: „Јас сум добриот пастир“ (Јован 10:14). Оваа споредба со пастир им била многу блиска на луѓето што живееле во библиски времиња. Пастирите напорно работеле грижејќи се за овците што ги чувале. Еден ‚добар пастир‘ ги ставал доброто и безбедноста на своето стадо на прво место, дури и пред сопствените потреби. На пример, додека бил млад, Давид, еден од предците на Исус, и самиот бил пастир и неколку пати го ризикувал животот за да ги одбрани своите овци од диви ѕверови (1. Самоилова 17:34-36). Исус направил нешто уште поголемо за своите следбеници. Тој го положил својот живот за нив! (Јован 10:15). Колку водачи имаат таков самопожртвуван дух?
12, 13. а) Во која смисла пастирот ги познава своите овци, и во кој поглед тие го познаваат него? б) Зошто сакаш да те води Добриот Пастир?
12 Исус бил „добриот пастир“ и во една друга смисла. Тој рекол: „Ги познавам своите овци, и моите овци ме познаваат мене“ (Јован 10:14). Размисли што сакал да каже Исус со ова. За некој случаен минувач, едно стадо овци можеби не е ништо друго освен куп рунтави животинчиња. Но, пастирот си ја познава секоја овца. Тој знае на кои овци ќе мора да им помогне затоа што наскоро ќе се ојагнат, знае кои јагниња сѐ уште треба да ги носи в раце бидејќи се премалечки или премногу слаби за да одат сами, и знае кои овци неодамна биле болни или повредени. И овците го познаваат својот пастир. Тие го препознаваат неговиот глас, и никогаш не го мешаат со гласот на некој друг пастир. Кога ќе почувствуваат вознемиреност или исплашеност во гласот на пастирот, веднаш реагираат. Каде што оди тој, таму одат и тие. И, тој знае точно каде треба да ги води. Знае каде тревата е бујна и зелена, каде потоците се студени и чисти и кои пасишта се безбедни. Овците не се плашат од ништо додека пастирот се грижи за нив (Псалм 23).
13 Зарем не би сакал да имаш еден ваков водач? Добриот Пастир се однесувал со своите следбеници на токму таков извонреден начин. Освен тоа, тој ветува дека ќе ти помогне да имаш среќен и исполнет живот уште сега, а и понатаму, во сета вечност (Јован 10:10, 11; Откровение ). Затоа треба да дознаеме што точно значи да се оди по Христовите стапки. 7:16, 17
Што значи да се следи Христос
14, 15. За да се биде следбеник на Христос, зошто не е доволно човек да тврди дека е христијанин или дека го сака Исус?
14 Стотици милиони луѓе денес веројатно мислат дека ја прифатиле Христовата покана. Впрочем, тие самите избрале да се нарекуваат христијани. Можеби се членови на црквата во која ги крстиле нивните родители или, пак, тврдат дека го сакаат Исус и дека го прифаќаат како свој личен Спасител. Но, дали ова е доволно за да се биде следбеник на Христос? Дали Исус имал такво нешто на ум кога нѐ поканил да го следиме? Потребно е нешто многу повеќе од тоа.
15 Да го земеме за пример христијанскиот свет, односно земјите во кои повеќето жители тврдат дека се следбеници на Христос. Дали во христијанскиот свет можат да се видат учењата на Исус Христос? Или, пак, во тие земји гледаме омраза, угнетување, криминал и неправди исто како и во другите делови од светот? Ценетиот индиски водач Махатма Ганди еднаш рекол: „Не знам кој друг направил за човештвото повеќе од Исус. Всушност, во христијанството нема ништо лошо“. Но додал: „Проблемот е во вас христијаните. Вие ни оддалеку не живеете во склад со вашите сопствени учења“.
16, 17. Што честопати им недостига на оние кои се изјаснуваат како христијани, и по што се гледа дали некој е вистински следбеник на Христос?
16 Исус рекол дека неговите вистински следбеници ќе се познаат главно по своите дела, а не само по своите зборови или по името што ќе си го дадат. На пример, тој рекол: „Не секој што ми вели: ‚Господару, Господару‘, ќе влезе во небесното царство, туку оној што ја врши волјата на мојот Татко, кој е на небесата“ (Матеј 7:21). Зошто толку многу луѓе кои го сметаат Исус за свој Господар не ја вршат волјата на неговиот Татко? Сети се на богатиот млад поглавар. На оние што се изјаснуваат како христијани многу често им ‚недостига едно‘ — сесрдна љубов кон Исус и кон Оној што го испратил.
17 Како е можно тоа? Зарем милионите лица кои се нарекуваат христијани не тврдат дека го сакаат Христос? Се разбира дека тврдат. Но, љубовта кон Исус и кон Јехова не се покажува само со зборови. Исус рекол: „Ако некој ме сака, ќе ја држи мојата реч“ (Јован 14:23). Потоа, зборувајќи повторно од гледна точка на пастир, изјавил: „Моите овци го слушаат мојот глас, и јас ги знам, и тие одат по мене“ (Јован 10:27). Да, вистинското мерило за нашата љубов кон Христос не се само нашите зборови или чувства, туку првенствено нашите постапки.
18, 19. а) Како треба да влијае врз нас она што ќе го учиме за Исус? б) Која е целта на оваа книга, и како ќе им користи на оние што веќе долго се сметаат за следбеници на Христос?
18 Нашите постапки покажуваат што навистина имаме во срцето. И токму срцето е она на што треба да работиме. Исус рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Ако добро го запознаеме Исус и ако размислуваме за она што го учиме за него, тоа ќе влијае врз нашето срце. Ќе го сакаме сѐ повеќе, и нашата желба да го следиме од ден на ден ќе станува сѐ посилна.
19 Оваа книга е наменета токму за тоа. Нејзината цел не е да даде потполн преглед на животот и службата на Исус, туку подобро да ни разјасни како да го следиме. * Наменета е да ни помогне да се погледнеме во Библијата како во огледало, и да се прашаме: ‚Дали јас навистина го следам Исус?‘ (Јаков 1:23-25). Можеби веќе долго време си мислиш дека си една од овците што ги води Добриот Пастир. Сепак, зарем нема да се сложиш дека секогаш има место за подобрување? Библијата нѐ поттикнува: „Испитувајте дали сте во верата, проверувајте се самите себе“ (2. Коринќаните 13:5). Вреди да дадеме сѐ од себе за да се увериме дека навистина го следиме нашиот грижлив Добар Пастир, Исус, кого лично Јехова го поставил да нѐ води.
20. Што ќе разгледаме во следното поглавје?
20 Се надеваме дека со проучувањето на оваа книга уште повеќе ќе ги засакаш Исус и Јехова. Додека таа љубов те води во животот, ќе го стекнеш најголемиот можен мир и задоволство во овој стар свет, и ќе живееш за да го фалиш Јехова засекогаш затоа што ни го дал Добриот Пастир. Се разбира, ние треба да ги проучуваме особините и животот на Христос на темел на точни информации. Затоа во второто поглавје ќе разгледаме каква улога има Исус во Јеховината намера.
^ пас. 5 Исус не барал од сите што го следеле да се откажат од сѐ што имаат. Иако кажал дека ќе биде многу тешко еден богат човек да влезе во Божјето Царство, сепак додал: „За Бог сѐ е возможно“ (Марко 10:23, 27). Всушност, неколку богати луѓе станале следбеници на Христос. Иако добиле посебни совети во христијанското собрание, од нив не се барало да им го дадат сето богатство на сиромасите (1. Тимотеј 6:17).
^ пас. 19 Во книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, издадена од Јеховините сведоци, е даден целосен, хронолошки преглед на настаните од животот и службата на Исус.