ПОГЛАВЈЕ 29
„Да ја спознаете Христовата љубов“
1-3. а) Што го поттикнало Исус да биде како неговиот Татко? б) Кои аспекти на Исусовата љубов ќе ги разгледаме?
ДАЛИ некогаш си видел детенце што се обидува да биде како својот татко? Можеби го имитира во одењето, во зборувањето и во постапките. А со текот на времето можеби дури и ќе ги усвои неговите морални и духовни вредности. Љубовта и восхитот што синчето ги чувствува кон својот грижлив татко го поттикнуваат да биде како него.
2 А каков е односот меѓу Исус и неговиот небесен Татко? „Го сакам Таткото“, рекол Исус (Јован 14:31). Никој не може да го сака Јехова повеќе од неговиот Син, кој бил со својот Татко долго време пред создавањето на кое и да е друго живо суштество. Токму таа љубов го поттикнала овој верен Син да биде како неговиот Татко (Јован 14:9).
3 Во некои од претходните поглавја видовме како Исус совршено ги одразувал моќта, правдата и мудроста на Јехова. А како ја одразувал неговата љубов? Сега ќе разгледаме три аспекти на љубовта што ја покажувал Исус. Тоа се самопожртвуваноста, длабокото сочувство и спремноста да прости.
„Никој нема поголема љубов од оваа“
4. Како Исус покажал самопожртвувана љубов подобро од кој и да е друг човек?
4 Исус дал прекрасен пример на самопожртвувана љубов. Оној што е самопожртвуван несебично ги става потребите на другите пред своите. Како Исус покажал самопожртвувана љубов? Самиот тој објаснил: Јован 15:13). Исус без колебање го дал својот совршен живот за нас. Тоа бил најголемиот израз на љубов од страна на некој човек. Но, Исус покажал самопожртвувана љубов и на други начини.
„Никој нема поголема љубов од оваа: да го даде својот живот за своите пријатели“ (5. Зошто може да се каже дека Божјиот единороден Син покажал голема љубов со тоа што дошол на Земјата?
5 Пред да се роди како човек, Божјиот единороден син имал многу висока положба на небото. Тој бил заедно со Јехова и со огромен број духовни суштества. И покрај тоа, овој сакан Син ‚се одрекол од самиот себе, зел облик на роб и станал сличен на луѓето‘ (Филипјаните 2:7). Спремно дошол да живее меѓу грешни луѓе во свет што е „под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19). Зарем тоа не било жртва што Божјиот Син ја направил затоа што многу нѐ сака?
6, 7. а) Како Исус покажал самопожртвувана љубов додека бил на Земјата? б) Кој трогателен пример за несебична љубов е запишан во Јован 19:25-27?
6 Во текот на својата служба на Земјата, Исус покажувал самопожртвувана љубов на различни начини. Тој бил крајно несебичен. Толку ѝ се посветил на службата што се одрекол од материјалните удобности вообичаени за луѓето. „Лисиците имаат дувла и птиците небесни имаат гнезда, а Синот човечки нема каде глава да потпре“, рекол тој (Матеј 8:20). Бидејќи бил добар дрводелец, Исус можел да си направи удобен дом или, пак, да изработува убав мебел за продажба. Но, тој не ги користел своите способности за да стекнува материјални работи.
7 Еден трогателен пример за самопожртвуваната љубов на Исус е запишан во Јован 19:25-27. Замисли на што сѐ сигурно помислувал Исус попладнето пред да умре. Додека страдал на столбот, мислел на своите ученици, на проповедничкото дело, а особено на тоа дали ќе остане беспрекорен и како тоа ќе се одрази врз името на неговиот Татко. Иднината на целото човештво зависела од него! Сепак, кратко пред да умре, покажал грижа и за својата мајка, Марија, која по сѐ изгледа останала вдовица. Исус му рекол на апостол Јован да се грижи за неа како за своја мајка, и Јован ја зел во својот дом. На тој начин Исус се погрижил за физичките и за духовните потреби на неговата мајка. Каква несебична љубов!
„Се сожали на нив“
8. Што означува грчкиот збор со кој во Библијата се опишува Исусовото сочувство?
8 Исто како својот Татко, Исус бил сочувствителен. Во Библијата тој е претставен како човек кој им помагал на оние што биле во неволја затоа што му паѓало жал за нив. Сочувството на Исус е опишано со еден грчки збор кој е преведен со изразот „се сожали“. Еден изучувач рекол: „Овој израз означува... чувство што го допира човекот до дното на душата. Тој е најсилниот грчки збор за сочувство“. Да спомнеме некои ситуации во кои Исус презел нешто бидејќи бил поттикнат од длабоко сочувство.
9, 10. а) Зошто Исус и неговите апостоли сакале да заминат на мирно место? б) Како реагирал Исус кога мноштвото му ја нарушило приватноста, и зошто?
9 Ги задоволувал духовните потреби на луѓето. Од извештајот во Марко 6:30-34 дознаваме што првенствено го поттикнувало Исус да се сожали. Замисли си ја следнава сцена. Апостолите се возбудени бидејќи штотуку се вратиле од едно проповедничко патување. Доаѓаат кај Исус и одушевено му раскажуваат за сѐ што виделе и чуле. Но, се собира големо мноштво, па Исус и апостолите немаат време ни да јадат. Острото око на Исус брзо забележува дека апостолите се уморни. „Дојдете со мене на едно осамено место и одморете се малку“, им вели. Се качуваат на чамец и, одминувајќи ја најсеверната точка на Галилејското Море, продолжуваат кон едно мирно место од другата страна на брегот. Но, мноштвото гледа дека заминуваат, а за тоа слушаат и други луѓе. Сите тие брзо тргнуваат покрај северниот брег на морето и доаѓаат на тоа место уште пред да стигне чамецот!
10 Дали Исус се вознемирил затоа што му ја нарушиле приватноста? Воопшто не! Тој бил трогнат кога видел дека го чекаат илјадници луѓе. Марко напишал: „Виде многу народ, па се сожали на нив, зашто беа како овци без пастир. И почна да ги поучува за многу работи“. Исус ги гледал тие луѓе како поединци со духовни потреби. Тие биле како овци кои беспомошно талкаат затоа што немаат овчар што ќе ги води и штити. Исус знаел дека бесчувствителните верски водачи, кои требало да бидат грижливи пастири, го запоставиле обичниот народ (Јован 7:47-49). Но, тој сочувствувал со луѓето и затоа почнал да ги поучува „за Божјето царство“ (Лука 9:11). Забележи дека Исус се сожалил на луѓето уште пред да види како ќе реагираат на неговите поуки, а не потоа. Значи, сочувството било мотивот од кој поучувал.
11, 12. а) Како се гледало на лепрозните во библиски времиња, но како постапил Исус со еден човек „полн со лепра“? б) Како можеби се почувствувал лепрозниот човек кога Исус го допрел, и која случка од денешно време го потврдува тоа?
11 Им ги олеснувал страдањата на луѓето. Луѓе со најразлични болести забележувале дека Исус бил сочувствителен, па затоа оделе кај него. На пример, во една прилика кога го следело мноштво луѓе, му пристапил еден човек кој бил „полн со лепра“ (Лука 5:12). Во библиски времиња, болните од лепра живееле во изолација за да не се заразат другите (4. Мојсеева 5:1-4). Меѓутоа, со текот на времето, рабинските водачи станале безмилосни кон лепрозните и почнале да наметнуваат бездушни правила во врска со нив. * Но, забележи како постапил Исус со болниот од лепра: „И дојде кај него еден лепрозен и го молеше на колена: ‚Ако сакаш, можеш да ме исчистиш‘. Тој го сожали, ја протегна раката, го допре и му рече: ‚Сакам, исчисти се!‘ И лепрата веднаш му се изгуби, и тој стана чист“ (Марко 1:40-42). Исус знаел дека, според Законот, човекот не смеел ни да биде таму. Сепак, наместо да го избрка, Исус толку се сожалил на него што направил нешто незамисливо — го допрел лепрозниот!
12 Можеш ли да замислиш колку му значел на лепрозниот тој допир? За полесно да го сфатиме тоа, ќе ја спомнеме следнава случка. Д-р Пол Бренд, специјалист за болеста лепра, кажува што се случило додека лекувал еден лепрозен човек во Индија. За време на прегледот, докторот ја ставил раката на рамото на болниот и преку преведувач му објаснил како ќе го лекува. Одеднаш, лепрозниот почнал да плаче. „Да не кажав нешто погрешно?“, прашал докторот. Преведувачот му го превел тоа прашање на младиот човек, а потоа рекол: „Не, докторе. Тој вели дека плаче затоа што сте му ја ставиле раката на рамото. Пред да дојде кај вас, со години никој го немал допрено“. За лепрозниот што му пристапил на Исус, допирот имал уште поголемо значење — по тој допир, болеста поради која бил отфрлен од другите повеќе ја немало!
13, 14. a) На каква поворка наишол Исус во околината на Наин, и зошто глетката била особено потресна? б) Поттикнат од сожалување, што направил Исус за вдовицата од Наин?
Лука 7:11-15. Настанот што е опишан се случил некаде во средината на Исусовата служба, кога дошол во околината на галилејскиот град Наин. Кога се приближил до градската порта, наишол на погребна поворка. Глетката била многу потресна. На една вдовица ѝ умрел единствениот син, кој бил многу млад. Еднаш таа веќе била во таква поворка — кога умрел нејзиниот маж. Но, сега ѝ починал синот, кој веројатно бил единствениот што го прехранувал семејството. Во мноштвото што одело крај неа можеби имало оплакувачи кои ределе тажачки и луѓе кои свиреле погребна музика (Еремија 9:17, 18; Матеј 9:23). Но, Исус го насочил погледот кон мајката. Таа била скршена од болка и веројатно одела покрај погребната носилка на која било положено телото на нејзиниот син.
13 Ја отстранувал тагата на ужалените. Исус не бил рамнодушен кон тагата на ужалените. Тој сочувствувал со нив. Да го земеме за пример извештајот од14 Исус ‚се сожалил‘ на уплаканата мајка. Со утешен тон на гласот ѝ рекол: „Не плачи“. Потоа дошол до носилката и ја допрел. Луѓето што ја држеле, а можеби и сите останати, застанале. Со одлучен глас, Исус му рекол на безживотното тело на починатиот: „Момче, тебе ти велам, стани!“ Што се случило тогаш? ‚Мртовецот седнал и почнал да зборува‘, како да бил разбуден од длабок сон! Извештајот продолжува со следниве трогателни зборови: „А Исус го предаде на мајка му“.
15. a) Каква е врската меѓу сочувството и постапките? б) Како можеме да бидеме сочувствителни како Исус?
15 Што учиме од овие извештаи? Од нив може да се види дека вистинското сочувство вклучува постапки. Исус не можел да ја гледа маката на другите без да се сожали, а не можел да се сожали без да направи нешто во врска со тоа. Како можеме да се угледаме на него? Како христијани, имаме обврска да ја проповедаме добрата Матеј 22:37-39). А како можеме да покажеме сочувство кон нашите браќа и сестри кои имаат некоја болест или тагуваат затоа што им починал некој близок? Не можеме со чудо да ја отстраниме физичката болка ниту да ги воскреснеме умрените. Сепак, можеме да покажеме сочувство со тоа што ќе бидеме вистински заинтересирани за оној што страда и ќе се понудиме да му помогнеме (Ефешаните 4:32).
вест и да правиме ученици. На тоа првенствено нѐ мотивира љубовта кон Бог. Но, да не заборавиме дека тоа дело го вршиме и од сочувство. Ако и ние се соживуваме со луѓето како Исус, срцето ќе нѐ поттикне да правиме сѐ што можеме за да им ја пренесеме добрата вест („Татко, прости им“
16. Како Исус покажал дека бил спремен да прости дури и кога се наоѓал на маченичкиот столб?
16 Исус совршено ја одразувал љубовта на својот Татко на уште еден важен начин — тој бил ‚спремен да прости‘ (Псалм 86:5). Тоа јасно можело да се види дури и кога се наоѓал на маченичкиот столб, прободен со шајки во рацете и нозете. За што зборувал додека го очекувала срамна смрт? Дали го молел Јехова да ги казни оние што го погубиле? Не. Напротив, меѓу последното што го кажал биле зборовите: „Татко, прости им, зашто не знаат што прават!“ * (Лука 23:34).
17-19. Како Исус покажал дека му простил на апостол Петар за тоа што трипати се одрекол од него?
17 Можеби уште потрогателен пример за тоа колку простувал Исус наоѓаме во начинот на кој постапил со Лука 22:33, 61, 62).
апостол Петар. Нема сомнение дека Петар многу го сакал Исус. На 14 нисан, на последната ноќ од Исусовиот живот на Земјата, Петар му рекол: „Господару, готов сум да одам со тебе и во затвор и во смрт!“ Сепак, само неколку часа подоцна, тој трипати рекол дека воопшто не го познава Исус! Во Библијата читаме што се случило кога по третпат се одрекол од него: „Тогаш Господарот се заврте и го погледна Петар“. Скршен од тежината на својот грев, Петар ‚излегол надвор и горко плачел‘. Кога подоцна тој ден Исус умрел, апостолот веројатно се прашувал: ‚Дали Господарот ми прости?‘ (18 Петар не морал да чека долго за да го дознае одговорот. Исус воскреснал утрото на 16 нисан и лично му се појавил на Петар, очигледно истиот ден (Лука 24:34; 1. Коринќаните 15:4-8). Зошто Исус му обрнал такво посебно внимание на апостолот кој без многу двоумење се откажал од него? Можеби сакал да го увери Петар, кој се каел, дека сѐ уште го сака и го цени. Но, Исус направил уште нешто за да го утеши.
19 По некое време, им се појавил на учениците на Галилејското Море. Тогаш трипати го прашал Петар (кој претходно трипати се одрекол од својот Господар) дали го сака. По третото прашање, Петар одговорил: „Господару, ти знаеш сѐ, ти знаеш дека те сакам“. И навистина, Исус — кој можел да види што има секој човек во своето срце — бил потполно уверен дека Петар многу го сака. Сепак, му дал можност да го потврди тоа. Исто така, му дал задача да ги пасе и да ги храни неговите „овчички“ (Јован 21:15-17). Претходно, Петар добил задача да проповеда (Лука 5:10). Но, сега Исус покажал уште поголема доверба во него со тоа што му дал уште една многу одговорна задача — да се грижи за оние што ќе станат Христови следбеници. Кратко потоа, Исус му дал на Петар значајна улога во делото што требало да го вршат учениците (Дела 2:1-41). На Петар сигурно му паднал камен од срце кога сфатил дека Исус му простил и дека сѐ уште имал доверба во него!
Дали си ја ‚спознал Христовата љубов‘?
20, 21. Како можеме потполно да ја ‚спознаеме Христовата љубов‘?
20 Во Јеховината Реч, љубовта на Христос е опишана на многу убав начин. А како треба ние да реагираме на неговата љубов? Библијата нѐ поттикнува: „Да ја спознаете Христовата љубов, која го надминува знаењето“ (Ефешаните 3:19). Како што видовме, извештаите од евангелијата што зборуваат за животот и службата на Исус ни откриваат многу за неговата љубов. Меѓутоа, за потполно да ја ‚спознаеме Христовата љубов‘ потребно е повеќе отколку само да знаеме што ни кажува Библијата за него.
21 Грчкиот збор кој е преведен со изразот „да ја спознаете“ значи нешто да знаеме „практично, од искуство“. Ако покажуваме љубов како што покажувал Исус — со тоа што несебично ќе се жртвуваме за другите, сочувствително ќе им помагаме и од срце ќе им простуваме — ќе можеме потполно да ги разбереме неговите чувства. На тој начин, од лично искуство ќе ја ‚спознаеме Христовата љубов, која го надминува знаењето‘. Никогаш да не заборавиме дека, колку послични стануваме со Христос, толку поблиски ќе стануваме со нашиот добар Бог, Јехова, чии особини Исус совршено ги одразувал.
^ пас. 11 Според рабинските правила, никој не смеел да се приближи до лепрозен на растојание помало од четири лакти (речиси 2 метри). Но, ако дувало ветар, лепрозниот морал да биде оддалечен најмалку 100 лакти (скоро 45 метри). Во една збирка еврејски записи наречена Мидраш Раба се спомнува дека еден рабин се криел од лепрозните, а друг фрлал камења по нив за да ги истера што подалеку. Според тоа, лепрозните добро знаеле како е да се чувствуваш отфрлен, презрен и непожелен.
^ пас. 16 Во некои древни ракописи е испуштен првиот дел од Лука 23:34. Но, тие зборови се наоѓаат во многу други признати ракописи. Затоа се вклучени во Преводот Нов свет, како и во многу други преводи. Кога ги кажал тие зборови, Исус очигледно мислел на римските војници што го приковале. Тие не знаеле што прават бидејќи не биле свесни за тоа кој навистина бил Исус. За разлика од нив, верските водачи по чија иницијатива бил убиен Исус сноселе многу поголема вина затоа што сѐ направиле свесно и злонамерно. На многу од нив немало никаква основа да им биде простен гревот (Јован 11:45-53).