Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 14

Како може да го обожаваме Бог на исправен начин?

Како може да го обожаваме Бог на исправен начин?

Како што видовме во претходната лекција, Бог не ги одобрува сите религии. Сепак, ние можеме да го обожаваме нашиот Творец на начин со кој ќе го радуваме. Која религија Бог ја одобрува? (Јаков 1:27, фуснота). Да видиме што вели Библијата.

1. На што треба да се темели обожавањето на вистинскиот Бог?

Обожавањето на нашиот Творец треба да се темели на Библијата. Исус му рекол на Бог: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17). Некои религии ја отфрлаат вистината која се наоѓа во Божјата вдахновена Реч, Библијата, и се држат за човечки учења и традиции. Но, на Јехова не му се мили оние што не се послушни на неговите заповеди. (Прочитај Марко 7:9.) Тој се радува кога цврсто се држиме за она што стои во Библијата.

2. Како треба да го обожаваме Јехова?

Како наш Творец, Јехова заслужува да му бидеме потполно оддадени (Откровение 4:11). Тоа значи дека треба да го сакаме со сето срце и да го обожаваме само него, без притоа да користиме икони, кипови или други религиозни предмети. (Прочитај Исаија 42:8.)

Ние треба да го обожаваме Јехова на начин кој е свет и прифатлив за него (Римјаните 12:1). Ова значи дека треба да живееме во склад со неговите морални мерила. На пример, оние што го сакаат Јехова, исто така, ги сакаат и неговите мерила за бракот и се држат за нив. Освен тоа, внимаваат да не прават работи кои се штетни за здравјето како, на пример, пушење и злоупотреба на дрога и алкохол. a

3. Зошто треба да го обожаваме Јехова заедно со други кои сакаат да го радуваат?

Нашите седмични состаноци ни даваат можност да го фалиме Јехова „среде насобраното мноштво“ (Псалм 26:12). Еден начин како го правиме ова е така што му пееме фалбени песни на Бог. (Прочитај Псалм 104:33.) Јехова бара од нас да присуствуваме на состаноците затоа што нѐ сака и знае дека тие ќе ни помогнат да му се радуваме на животот засекогаш. Освен тоа, состаноците ни овозможуваат да се храбриме едни со други.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш зошто Јехова не дозволува да користиме икони и кипови кога го обожаваме. А ќе научиш и на кои важни начини може да го славиме Бог.

4. Не треба да користиме икони и кипови кога го обожаваме Бог

Од каде знаеме дека Бог не ги одобрува тие работи? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Што се случило кога некои Божји слуги од библиски времиња му се клањале на еден кип, мислејќи дека го обожаваат Јехова?

Некои луѓе користат икони или кипови бидејќи имаат чувство дека тие им помагаат да бидат поблиски со Бог. Сепак, можно ли е тоа да ги оддалечува од него? Прочитај 2. Мојсеева 20:4-6 и Псалм 106:35, 36, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Кои религиозни предмети си забележал дека луѓето ги користат во обожавањето на Бог?

  • Како се чувствува Јехова кога луѓето користат икони, кипови и слично?

  • Што мислиш ти за користењето на такви предмети?

5. Ако го обожаваме само Јехова, ќе бидеме ослободени од лажните верувања

Дознај како тоа што ќе го обожаваме Јехова на исправен начин ќе нѐ ослободи од лажните верувања. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Прочитај Псалм 91:14, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што ни ветува Јехова доколку покажеме дека го сакаме обожавајќи го само него?

6. Го обожаваме Бог на собраниските состаноци

Кога пееме и даваме коментари на состаноците, му носиме слава на Јехова и меѓусебно се охрабруваме. Прочитај Псалм 22:22, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Дали ти се допаѓа кога слушаш како другите коментираат на состаноците?

  • Дали и ти би сакал да подготвиш коментар?

7. Јехова се радува кога го споделуваме со другите она што сме го научиле

Има многу начини на кои може да ги споделуваме библиските вистини со другите. Прочитај Псалм 9:1 и 34:1, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Има ли нешто што си го научил од Библијата и сакаш да го споделиш со некого?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Не е важно како го обожаваме Бог, важно е само искрено да веруваме во него“.

  • Што мислиш ти за тоа?

ШТО НАУЧИ:

Нашиот Творец сака да го обожаваме само него, да го славиме на собраниските состаноци и да го споделуваме со другите она што сме го научиле.

Како би одговорил?

  • Од каде може да дознаеме како треба да го обожаваме Бог?

  • Зошто треба да го обожаваме само Јехова?

  • Зошто треба да го обожаваме Бог заедно со други кои сакаат да го радуваат?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Во животната приказна со наслов „Повеќе не им робувам на идолите“ прочитај зошто една жена престанала да обожава идоли.

„Библијата менува животи“ (Стражарска кула од 1 јули 2011)

Дознај што може да ти помогне да даваш коментари на состаноците.

„Фали го Јехова во собранието“ (Стражарска кула од јануари 2019)

Види како му користеле состаноците на еден млад човек, иако отпрвин не му било лесно да присуствува.

Јехова се грижеше за мене (3:07)

За многу луѓе крстот е симбол на христијанството. Но, како Бог гледа на овој предмет?

„Зошто Јеховините сведоци не користат крст во обожавањето?“ (Статија на интернет)

a Нешто повеќе за ова ќе разгледаме во некои од наредните лекции.