ЛЕКЦИЈА 27
Како може да нѐ спаси смртта на Исус?
Сите ние грешиме, страдаме и умираме поради тоа што првите луѓе, Адам и Ева, му биле непослушни на Бог. a Но, нашата ситуација не е безнадежна. Јехова се погрижил да бидеме ослободени од ропството на гревот и смртта преку својот Син, Исус Христос. Библијата открива дека со својата смрт Исус обезбедил откупнина. Откупнина е цена што се плаќа за некој да биде ослободен. Цената што ја платил Исус за да нѐ откупи била неговиот совршен човечки живот. (Прочитај Матеј 20:28.) Со тоа што Исус спремно се откажал од своето право вечно да живее на Земјата, ни овозможил да го добиеме она што Адам и Ева го изгубиле. Така ни покажал и колку многу нѐ сакаат тој и Јехова. Оваа лекција ќе ти помогне уште повеќе да го цениш тоа што Исус умрел за нас.
1. Што ни овозможува смртта на Исус уште денес?
Поради тоа што сме наследиле грев и несовршеност, честопати правиме работи што не му се допаѓаат на Јехова. Сепак, ако искрено се каеме за нашите грешки, ако го молиме Јехова преку Исус Христос да ни прости и ако даваме сѐ од себе да не ги повториме, може да бидеме блиски пријатели со Бог (1. Јованово 2:1). Во Библијата пишува: „Христос умре еднаш засекогаш за гревовите, праведник за неправедните, за да ве доведе кај Бог“ (1. Петрово 3:18).
2. Што ќе ни овозможи смртта на Исус во иднина?
Јехова го испратил својот Син да го даде својот совршен човечки живот „за секој што верува во [Исус] да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Благодарение на она што го направил Исус, наскоро Јехова ќе ја поправи сета штета која била предизвикана од непослушноста на Адам. Значи, ако покажуваме вера во жртвата на Исус, ќе можеме засекогаш да му се радуваме на животот во рајски услови (Исаија 65:21-23).
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе дознаеш нешто повеќе за тоа зошто Исус го дал својот живот и ќе видиш како тоа може да ти користи и тебе.
3. Исус умрел за да нѐ ослободи од гревот и смртта
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:
-
Што изгубил Адам со својата непослушност кон Бог?
Прочитај Римјаните 5:12, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Како гревот на Адам влијае врз твојот живот?
Прочитај Јован 3:16, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Зошто Јехова го испратил својот Син на Земјата?
-
А. Адам бил совршен човек кој му бил непослушен на Бог. Како последица на тоа, луѓето се грешни и умираат
-
Б. Исус бил совршен човек кој му бил послушен на Бог. Благодарение на тоа, луѓето имаат можност да станат совршени и да живеат вечно
4. Смртта на Исус може да им користи на сите луѓе
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:
-
Како може смртта на еден човек да им користи на сите луѓе?
Прочитај 1. Тимотеј 2:5, 6, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Адам бил совршен човек кој им пренел на луѓето грев и смрт. И Исус бил совршен човек. Зошто може да се каже дека тој е „соодветна откупнина за сите“?
5. Откупнината е дар кој Јехова ти го дава тебе лично
Оние што му се пријатели на Јехова гледаат на откупнината како на дар што тој им го дава лично ним. Прочитај Галатите 2:20, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Како од овој стих се гледа дека апостол Павле ја сметал откупнината за дар што Бог му го дал лично нему?
Со тоа што Адам згрешил, тој и сите негови потомци биле осудени на смрт. Но, Јехова го испратил својот Син да умре за да можеш и ти да живееш засекогаш.
Додека ги читаш следниве стихови, замисли си како се чувствувал Јехова додека гледал како неговиот Син страда. Прочитај Јован 19:1-7, 16-18, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Како се чувствуваш поради она што Јехова и Исус го направиле за тебе?
АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Како е можно еден човек да умре за сите луѓе?“
-
Што би му одговорил?
ШТО НАУЧИ:
Благодарение на тоа што Исус умрел, Јехова има основа да ни ги прости гревовите и да ни даде вечен живот.
Како би одговорил?
-
Зошто умрел Исус?
-
Зошто може да се каже дека тоа што Исус го дал својот совршен човечки живот е соодветна откупнина?
-
Како може да ти користи смртта на Исус?
ИСТРАЖУВАЈ
Прочитај зошто совршениот човечки живот на Исус е наречен откупнина.
„Во која смисла жртвата на Исус е ’откупнина за мнозина‘?“ (Статија на интернет)
Дознај што треба да правиме за да бидеме спасени од гревот и смртта.
„Исус е нашиот Спасител — што значи тоа?“ (Статија на интернет)
Дали Јехова простува дури и сериозни гревови?
„Одговор на библиски прашања“ (Стражарска кула од 1 мај 2013)
Прочитај како жртвата на Христос му помогнала на еден човек да се избори со болните спомени.
a Зборот „грев“ не укажува само на некоја лоша постапка, туку укажува и на несовршеноста која сме ја наследиле и поради која сме склони да правиме лоши работи.