Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 42

Што вели Библијата за самештвото и за бракот?

Што вели Библијата за самештвото и за бракот?

Во некои култури луѓето сметаат дека, ако некој не е во брак, не може да биде среќен. Сепак, не се среќни сите оние што се во брак и не се несреќни сите оние што не се во брак. Всушност, Библијата вели дека и самештвото и бракот се дар од Јехова.

1. Кои се некои предности на самештвото?

Библијата вели: „Кој одлучил... да стапи во брак, добро прави, но кој одлучил... да не стапува во брак, прави уште подобро“. (Прочитај 1. Коринќаните 7:32, 33, 38.) Според Библијата, во која смисла самештвото е подобар избор? Христијаните кои се самци не се соочуваат со одредени грижи и обврски кои се јавуваат во бракот. Затоа, тие главно имаат поголема слобода. Некои можат да прават повеќе за Јехова. На располагање им стојат интересни можности како, на пример, да се преселат на друго место за да ја проповедаат добрата вест. И, што е најважно, тие можат да посветат повеќе време за да станат поблиски со Јехова.

2. Кои се некои предности на бракот?

Исто како самештвото, и бракот си има свои предности. Библијата вели: „Подобро им е на двајца отколку на еден“ (Проповедник 4:9). Ако мажот и жената ги применуваат библиските начела, тогаш нивниот брак ќе биде цврст. Оние што законски се венчани си дале завет дека ќе се сакаат, почитуваат и дека ќе се грижат еден за друг. Како резултат на тоа, тие обично се чувствуваат посигурно од оние што живеат во вонбрачна заедница. Освен тоа, бракот овозможува и децата да се чувствуваат посигурно.

3. Како гледа Јехова на бракот?

Кога го основал првиот брак, Јехова рекол: „Човек ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена“ (1. Мојсеева 2:24). Јехова сака мажот и жената да се сакаат еден со друг и да останат заедно сѐ додека се живи. Тој дозволува брачните другари да се разведат само ако еден од нив направил прељуба. Во таков случај, Јехова му дава право на невиниот брачен другар да одлучи дали ќе се разведе или не a (Матеј 19:9). Христијаните не треба да имаат повеќе од еден брачен другар бидејќи Јехова не одобрува полигамија (1. Тимотеј 3:2).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како можеш да бидеш среќен и како можеш да го радуваш Јехова сеедно дали си во брак или не.

4. Добро користи го самештвото

Исус гледал на самештвото како на дар (Матеј 19:11, 12). Прочитај Матеј 4:23, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како Исус го користел самештвото?

Исто како Исус, и христијаните кои не се во брак можат да водат исполнет живот. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Што сѐ можат да прават оние кои не се во брак?

Дали си знаел?

Библијата не кажува на која возраст некој може најрано да стапи во брак. Меѓутоа, таа ги поттикнува младите најпрво да почекаат да помине „цутот на младоста“, односно периодот кога нивните сексуални желби се толку силни што можат да им ја искриват способноста за расудување (1. Коринќаните 7:36).

5. Мудро избери го својот брачен другар

Изборот на брачен другар е една од најважните одлуки во животот. Прочитај Матеј 19:4-6, 9, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто не треба избрзано да се стапува во брак?

Библијата може да ти помогне да процениш дали некој би бил добар брачен другар за тебе. Пред сѐ, барај некој што го сака Јехова. b Прочитај 1. Коринќаните 7:39 и 2. Коринќаните 6:14. Потоа, разговарајте за овие прашања:

  • Зошто треба да стапиме во брак само со некој што му служи на Јехова?

  • Што мислиш, како ќе се чувствува Јехова ако одлучиме да стапиме во брак со некој што не го сака Него?

Ако две животни кои се многу различни се впрегнат во ист јарем, и двете ќе се мачат. Слично на тоа, ако некој христијанин стапи во брак со некој што не му служи на Јехова, ќе има многу проблеми

6. Гледај на бракот како што гледа Јехова

Во древниот Израел, некои мажи се разведувале од своите жени од себични причини. Прочитај Малахија 2:13, 14, 16, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто Јехова мрази кога луѓето се разведуваат без да имаат библиска основа?

Прељубата и разводот им нанесуваат огромна болка на невиниот брачен другар и на децата

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Ако твојот сопружник не му служи на Јехова, што можеш да правиш за да имаш среќен брак?

7. Живеј во склад со Јеховините мерила за бракот

Можеби ќе биде потребно да вложиме голем труд за да живееме во склад со Јеховините мерила за бракот. c Но, Јехова ги благословува оние што го прават тоа. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Прочитај Евреите 13:4, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што мислиш, дали Јеховините мерила за бракот се разумни? Зошто мислиш така?

Во повеќето земји, склопувањето брак и разводот се регулирани со закон. Јехова очекува од своите слуги да ги почитуваат тие закони. Прочитај Тит 3:1, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Дали твојот брак е законски регистриран?

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Што има лошо во тоа двајца да живеат невенчано?“

  • Што би му одговорил?

ШТО НАУЧИ:

И самештвото и бракот се дар од Јехова. Сеедно дали сме во брак или не, може да водиме среќен и исполнет живот доколку ја вршиме Јеховината волја.

Како би одговорил?

  • Како можат оние што не се во брак најдобро да го искористат тој дар?

  • Зошто Библијата вели дека треба да стапуваме во брак само со некој што му служи на Јехова?

  • Која е единствената библиска основа за развод?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Што значи да се стапува во брак „само во Господарот“?

„Прашања од читателите“ (Стражарска кула од 1 јули 2004)

Погледни што може да ти помогне да донесеш добри одлуки во врска со запознавањето и со бракот.

Како да се подготвиш за брак (11:53)

Дознај зошто еден брат смета дека она што го добил од Јехова е многу повредно од сето она од кое се откажал.

Се надевав дека таа ќе ја прифати вистината (1:56)

За кои работи треба да размисли некој пред да одлучи да се разведе или одвои од својот брачен другар?

„Почитувај го бракот како дар од Бог“ (Стражарска кула од декември 2018)

a Види ја Белешка 4, во која се зборува за одвојување на брачните другари во случај кога не била направена прељуба.

b Во некои култури, родителите им бираат брачен другар на своите синови и ќерки. Во таков случај, на родителите кои вистински ги сакаат своите деца не им е најважно каква е финансиската состојба или социјалниот статус на идниот зет или снаа, туку дали го сака Јехова.

c Оние што живеат невенчано треба самите да одлучат дали ќе раскинат или ќе се венчаат.