ЛЕКЦИЈА 54
Која е улогата на „верниот и разборит роб“?
Исус е глава на христијанското собрание (Ефешаните 5:23). Како Цар кој владее на небото, тој денес ги води своите следбеници на Земјата преку „верниот и разборит роб“. (Прочитај Матеј 24:45.) Самиот Исус го поставил тој роб и го овластил да носи одредени одлуки. Сепак, овој роб му е послушен на Христос и им служи на Христовите браќа. Кој е тој роб и како се грижи за нас?
1. Кој е „верниот и разборит роб“?
Јехова отсекогаш го водел својот народ преку некој човек или мала група луѓе (Малахија 2:7; Евреите 1:1). По смртта на Исус, „апостолите и старешините во Ерусалим“ почнале да им даваат водство на вистинските христијани (Дела 15:2). Тој пример денес го следи една мала група старешини — Водечкото тело на Јеховините сведоци — која се грижи да имаме духовна храна и го води проповедничкото дело. Оваа група е „верниот и разборит роб кого [Исус] го поставил над своите слуги“ (Матеј 24:45а). Сите членови на Водечкото тело се помазани со светиот дух. Откако ќе заврши нивниот живот на Земјата, тие ќе владеат со Христос во небесното Царство.
2. Како верниот роб ни дава духовна храна?
Исус рекол дека верниот роб ќе им дава на неговите следбеници „храна во вистинско време“ (Матеј 24:45б). Исто како што храната која ја јадеме ни помага да бидеме физички јаки и здрави, така и духовната храна — поуките од Божјата Реч — нѐ зајакнува за да можеме да му останеме верни на Јехова и да го вршиме делото што Исус ни го доверил (1. Тимотеј 4:6). Оваа духовна храна ја добиваме преку состаноците, собирите и конгресите, како и преку библиските публикации и видеоклипови. Таа ни помага да разбереме која е Божјата волја и да си го зајакнуваме нашето пријателство со Јехова.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе дознаеш зошто ни е потребен „верниот и разборит роб“, односно Водечкото тело.
3. Јеховините слуги мора да бидат организирани
Под водство на Исус, Водечкото тело ги организира активностите на Јеховините сведоци. Слично било и со христијаните во првиот век. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.
Прочитај 1. Коринќаните 14:33, 40, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Како овие стихови покажуваат дека Јехова сака неговите слуги да бидат организирани?
4. Верниот роб го организира проповедничкото дело
Проповедањето било најважната задача што ја извршувале првите христијани. Прочитај Дела 8:14, 25, а потоа разговарајте за овие прашања:
-
Кој им давал упатства на првите христијани во врска со проповедањето?
-
Што направиле Петар и Јован откако добиле едно упатство од останатите апостоли?
И денес, проповедањето е најважната задача која ја организира Водечкото тело. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.
Марко 13:10, а потоа разговарајте за овие прашања:
Исус истакнал колку е важно проповедањето. Прочитај-
Зошто проповедничкото дело е толку важно за Водечкото тело?
-
Зошто улогата на „верниот и разборит роб“ е неопходна за да може да се организира ова меѓународно дело?
5. Верниот роб ни дава водство
Водечкото тело им дава водство на Божјите слуги низ целиот свет. Како овие браќа одлучуваат какви упатства да дадат? Да видиме како го правело тоа водечкото тело од првиот век. Прочитај Дела 15:1, 2, а потоа разговарајте за овие прашања:
-
До какво несогласување дошло меѓу некои христијани од првиот век?
-
Од кого побарале упатства Павле, Варнава и други браќа во врска со тоа како да се реши несогласувањето?
Прочитај Дела 15:12-18, 23-29, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Кои работи ги зело предвид водечкото тело од првиот век со цел одлуката да биде во склад со Божјата волја? (Види ги стиховите 12, 15 и 28.)
Прочитај Дела 15:30, 31 и 16:4, 5, а потоа разговарајте за овие прашања:
-
Како реагирале христијаните од првиот век на упатствата од водечкото тело?
-
Како ги благословил Јехова поради нивната послушност?
Прочитај 2. Тимотеј 3:16 и Јаков 1:5, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Што прави Водечкото тело денес пред да донесе некоја одлука?
НЕКОИ ВЕЛАТ: „Ако го слушаш Водечкото тело, всушност, следиш луѓе“.
-
Што те уверува тебе лично дека Исус го води Водечкото тело?
ШТО НАУЧИ:
Водечкото тело е „верниот и разборит роб“. Тоа е поставено од Христос и има задача да им дава водство и духовна храна на Божјите слуги низ целиот свет.
Како би одговорил?
-
Кој го поставил „верниот и разборит роб“?
-
Што прави Водечкото тело за нас денес?
-
Дали веруваш дека Водечкото тело е „верниот и разборит роб“?
ИСТРАЖУВАЈ
Прочитај како е организирано Водечкото тело за да може да ги извршува своите задачи.
„Што е Водечкото тело на Јеховините сведоци?“ (Статија на интернет)
Види како Водечкото тело се грижи информациите во нашите публикации да бидат точни.
Подготовка на изданија кои пренесуваат точни информации (17:18)
Како членовите на Водечкото тело гледаат на задачата што Исус им ја дал?
Како нашите состаноци и конгреси се доказ дека Јехова го води Водечкото тело?