Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДОДАТОК А

Вистини за кои сакаме да поучуваме

Вистини за кои сакаме да поучуваме

Исус рекол дека искрените луѓе ќе ја препознаат вистината кога ќе ја слушнат (Јован 10:4, 27). Затоа, секогаш кога зборуваме со некој, сакаме да му пренесеме едноставни библиски вистини. Би можел да воведеш некоја библиска вистина така што ќе прашаш: „Дали си знаел дека...?“ или „Дали некогаш си слушнал дека...?“ Потоа, за да ја објасниш таа вистина, прочитај еден или повеќе од наведените стихови. Дури и само да пренесеш некоја едноставна библиска вистина, можеш да посееш семе во нечие срце, а Бог може да направи тоа да расте (1. Кор. 3:6, 7).

 ИДНИНАТА

  1. 1. Настаните кои се случуваат во светот и начинот на кој постапуваат луѓето покажуваат дека наскоро работите ќе се променат (Мат. 24:3, 7, 8; Лука 21:10, 11; 2. Тим. 3:1-5).

  2. 2. Земјата никогаш нема да биде уништена (Пс. 104:5; Проп. 1:4).

  3. 3. Животната средина на Земјата ќе биде обновена (Иса. 35:1, 2; Отк. 11:18).

  4. 4. Секој човек ќе има совршено здравје (Иса. 33:24; 35:5, 6).

  5. 5. Ти можеш да живееш засекогаш на Земјата (Пс. 37:29; Мат. 5:5).

 СЕМЕЈСТВО

  1. 6. Сопругот треба „да ја сака својата жена како самиот себе“ (Еф. 5:33; Кол. 3:19).

  2. 7. Сопругата треба „длабоко да го почитува својот маж“ (Еф. 5:33; Кол. 3:18).

  3. 8. Сопругот и сопругата треба да си бидат верни еден на друг (Мал. 2:16; Мат. 19:4-6, 9; Евр. 13:4).

  4. 9. На децата кои им се послушни на своите родители и ги почитуваат ќе им биде добро (Изр. 1:8, 9; Еф. 6:1-3).

NASA, ESA and the Hubble Heritage Team (STScI/​AURA)-ESA/​Hubble Collaboration. Licensed under CC BY 4.0. Source.

 БОГ

  1. 10. Бог има име (Пс. 83:18; Ерем. 10:10).

  2. 11. Бог комуницира со нас (2. Тим. 3:16, 17; 2. Пет. 1:20, 21).

  3. 12. Бог е непристрасен (5. Мој. 10:17; Дела 10:34, 35).

  4. 13. Бог сака да ни помогне (Пс. 46:1; 145:18, 19).

 МОЛИТВА

  1. 14. Бог сака да му се молиме (Пс. 62:8; 65:2; 1. Пет. 5:7).

  2. 15. Од Библијата дознаваме како да се молиме (Мат. 6:7-13; Лука 11:1-4).

  3. 16. Треба да се молиме често (Мат. 7:7, 8; 1. Сол. 5:17).

 ИСУС

  1. 17. Исус бил голем учител и неговите совети ни користат и нам денес (Мат. 6:14, 15, 34; 7:12).

  2. 18. Исус ги прорекол настаните што ги гледаме денес (Мат. 24:3, 7, 8, 14; Лука 21:10, 11).

  3. 19. Исус е Божји Син (Мат. 16:16; Јован 3:16; 1. Јов. 4:15).

  4. 20. Исус не е Семоќниот Бог (Јован 14:28; 1. Кор. 11:3).

Based on NASA/​Visible Earth imagery

 БОЖЈЕТО ЦАРСТВО

  1. 21. Божјето Царство е вистинска влада на небото (Дан. 2:44; 7:13, 14; Мат. 6:9, 10; Отк. 11:15).

  2. 22. Божјето Царство ќе ги замени човечките влади (Пс. 2:7-9; Дан. 2:44).

  3. 23. Божјето Царство е единственото решение за проблемите на човештвото (Пс. 37:10, 11; 46:9; Иса. 65:21-23).

 СТРАДАЊА

  1. 24. Бог не го предизвикува нашето страдање (5. Мој. 32:4; Јак. 1:13).

  2. 25. Сатана владее со овој свет (Лука 4:5, 6; 1. Јов. 5:19).

  3. 26. Бог забележува кога страдаме и сака да ни помогне (Пс. 34:17-19; Иса. 41:10, 13).

  4. 27. Наскоро, Бог ќе им стави крај на сите страдања (Иса. 65:17; Отк. 21:3, 4).

 СМРТ

  1. 28. Мртвите не се свесни за ништо; тие не страдаат (Проп. 9:5; Јован 11:11-14).

  2. 29. Мртвите не можат ниту да ни помогнат ниту да ни наштетат (Пс. 146:4; Проп. 9:6, 10).

  3. 30. Нашите сакани кои починале ќе бидат воскреснати (Јов 14:13-15; Јован 5:28, 29; Дела 24:15).

  4. 31. „Смрт нема да има веќе“ (Отк. 21:3, 4; Иса. 25:8).

 РЕЛИГИЈА

  1. 32. Не сите религии го прават она што му е угодно на Бог (Ерем. 7:11; Мат. 7:13, 14, 21-23).

  2. 33. Бог го мрази лицемерството (Иса. 29:13; Мих. 3:11; Мар. 7:6-8).

  3. 34. Вистинската религија се препознава по искрената љубов (Мих. 4:3; Јован 13:34, 35).