ДОДАТОК В
Како да водиш библиски курсеви со помош на Радувај му се на животот засекогаш
Браќата многу се молеа и истражуваа за да одлучат кои информации да бидат вклучени во книгата Радувај му се на животот засекогаш. За да ја користиш оваа публикација на најдобар можен начин, применувај ги следниве предлози кога водиш библиски курсеви.
Пред да водиш библиски курс
-
1. Подготви се темелно. Додека го правиш тоа, размисли за потребите, околностите и верувањата на твојот интересент. Обиди се да претпоставиш што би можело да му биде тешко да разбере или примени. Размисли како материјалот во делот „Истражувај“ би можел да му помогне на интересентот и биди спремен да го користиш во текот на курсот кога тоа е соодветно.
Во текот на библискиот курс
-
2. Моли се на почетокот и на крајот од библискиот курс доколку тоа не му смета на твојот интересент.
-
3. Внимавај да не зборуваш премногу. Држи се за материјалот и дозволи му на интересентот да си ги искаже своите мисли и чувства.
-
4. Кога започнуваш нов дел од книгата, прочитај ја темата за тој дел и спомни наслови на неколку лекции.
-
5. На крајот од секој од четирите делови, помогни му на интересентот да ги запомни вистините што ги научил со помош на делот „Повторување“.
-
6. Додека ја проучуваш секоја лекција со твојот интересент:
-
а) Прочитајте ги пасусите на почетокот од лекцијата.
-
б) Прочитајте ги сите стихови што се обележани со „Прочитај“.
-
в) Прочитајте други стихови што се спомнати доколку е потребно.
-
г) Гледајте ги сите видеоклипови што се обележани со „Пушти го“ (ако е возможно).
-
д) Постави му го секое прашање на интересентот.
-
ѓ) Замоли го интересентот да коментира за сликите од делот „Дознај повеќе“.
-
е) Користи ја рамката „Цел“ за да му помогнеш на твојот интересент да го следи својот духовен напредок. Би можел да го поттикнеш да работи на целта што веќе е дадена, да си постави некоја друга цел или да ги направи и двете работи.
-
ж) Прашај го интересентот дали некоја статија или некој видеоклип од делот „Истражувај“ му оставил посебен впечаток додека се подготвувал за курсот.
-
з) Труди се секојпат да поминете цела лекција.
-
По библискиот курс
-
7. Продолжи да размислуваш за твојот интересент. Моли го Јехова да го благослови неговиот духовен напредок и да ти ја даде потребната мудрост за да знаеш како да му помогнеш.