Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ВОДЕЊЕ БИБЛИСКИ КУРСЕВИ

ЛЕКЦИЈА 12

Храброст

Храброст

Начело: „Маслото и темјанот го веселат срцето, а исто и пријателот кој е мил, зашто дава совет од душа“ (Изр. 27:9)

Што направил Исус?

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Марко 10:17-22. Потоа размисли за следниве прашања:

  1.   а) Кои добри особини можеби ги забележал Исус кај младиот човек?

  2.  б) Зошто на Исус му биле потребни и љубов и храброст за да му даде совет на овој човек?

Што учиме од Исус?

2. И ние треба со нашите интересенти да зборуваме љубезно, но сепак отворено, за да им помогнеме да напредуваат во духовен поглед.

Следи го примерот на Исус

3. Помогни му на интересентот да си поставува цели и да ги остварува.

  1.   а) Користи ја рамката „Цел“ која се наоѓа во секоја лекција од книгата Радувај му се на животот засекогаш.

  2.  б) Помогни му на интересентот да увиди кои конкретни чекори треба да ги направи за да ги исполни своите краткорочни и долгорочни цели.

  3.  в) Редовно пофалувај го твојот интересент за неговиот напредок.

4. Труди се да забележиш што го спречува твојот интересент да напредува и потоа помогни му да ги надмине тие пречки.

  1.   а) Прашај се:

    • „Ако мојот интересент не напредува кон крштавање, што го спречува во тоа?“

    • „На кој практичен начин можам да му помогнам?“

  2.  б) Моли се за храброст за да зборуваш отворено и љубезно со интересентот за она што треба да го направи.

5. Прекини го курсот доколку интересентот не напредува.

  1.   а) Размисли дали твојот интересент напредува така што ќе се прашаш:

    • „Дали го применува она што го учи?“

    • „Дали присуствува на собраниските состаноци и дали зборува со другите за она што го учи?“

    • „Ако веќе подолго време проучува, дали сака да стане Јеховин сведок?“

  2.  б) Ако твојот интересент не сака да напредува:

    • Кажи му да размисли што можеби го спречува.

    • Тактично и љубезно објасни му зошто го прекинуваш библискиот курс.

    • Кажи му кои промени треба да ги направи пред да продолжите да проучувате.