ПРАВЕЊЕ ПОВТОРНИ ПОСЕТИ
ЛЕКЦИЈА 9
Сочувство
Начело: „Радувајте се со оние што се радуваат, плачете со оние што плачат“ (Рим. 12:15)
Што направил Исус?
1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Марко 6:30-34. Потоа размисли за следниве прашања:
Што учиме од Исус?
2. Сочувството нѐ поттикнува да се грижиме за луѓето, а не само да им ја пренесеме нашата порака.
Следи го примерот на Исус
3. Слушај внимателно. Дозволи му на лицето да си ги искаже своите мисли и чувства. Не го прекинувај и не ги игнорирај неговите чувства, грижи или приговори. Со тоа што внимателно ќе го слушаш, ќе му покажеш дека ти е важно неговото мислење.
4. Размислувај за интересентот. На темел на разговорите што си ги имал со него, прашај се:
5. Зборувај за работи што нему лично ќе му користат. Што е можно поскоро, покажи му како библискиот курс ќе му помогне да добие одговор на неговите прашања и како ќе му помогне на практичен начин.