ДЕСЕТТО ПОГЛАВЈЕ
Духовни суштества — како влијаат врз нас
-
Дали ангелите им помагаат на луѓето?
-
Како злите духови влијаат врз луѓето?
-
Треба ли да се плашиме од злите духови?
1. Зошто треба да дознаеме нешто повеќе за ангелите?
ЗА ДА запознаеме некого подобро, обично треба да дознаеме нешто и за неговото семејство. Слично, за да го запознаеме Јехова Бог, треба подобро да се запознаеме со ангелите, кои го сочинуваат неговото семејство на небото. Библијата ги нарекува ангелите „Божји синови“ (Јов 38:7). Која е нивната улога во Божјата намера? Дали имале некакво влијание врз човечката историја? Дали влијаат врз твојот живот? Ако да, како?
2. Како настанале ангелите, и колкав е нивниот број?
2 Во Библијата ангелите се спомнуваат стотици пати. Да разгледаме некои од стиховите во кои се спомнати за да дознаеме нешто повеќе за нив. Како настанале ангелите? Во Колошаните 1:16 стои: „Преку него [Исус Христос] е создадено сѐ на небесата и на земјата“. Значи, сите духовни суштества наречени ангели ги создал Јехова Бог заедно со својот првороден Син. Колку ангели има? Библијата вели дека биле создадени стотици милиони ангели, и сите тие имаат голема моќ (Псалм 103:20). *
3. Што дознаваме за ангелите од Јов 38:4-7?
Јов 38:4-7). Значи, ангелите постоеле долго време пред да бидат создадени луѓето, па дури и пред да биде создадена Земјата. Овие библиски стихови исто така покажуваат дека ангелите имаат чувства, бидејќи се вели дека ,радосно извикувале заедно‘. Забележи дека „сите Божји синови“ се радувале заедно. Во тоа време, сите ангели биле дел од едно обединето семејство што му служело на Јехова Бог.
3 Божјата Реч, Библијата, ни кажува дека, кога била создадена Земјата, ,сите Божји синови воскликнувале од радост‘ (ПОМОШ И ЗАШТИТА ОД АНГЕЛИТЕ
4. Како покажува Библијата дека верните ангели се заинтересирани за луѓето?
4 Уште од времето кога биле сведоци на создавањето на првите луѓе, верните духовни суштества покажале жив интерес за сѐ побројното човечко семејство и за остварувањето на Божјата намера (Изреки 8:30, 31; 1. Петрово 1:11, 12). Меѓутоа, како што минувало времето, ангелите можеле да видат дека повеќето луѓе престанале да му служат на својот добар Творец. Тоа сигурно многу ги растажило верните ангели. Но, кога макар и еден човек ќе се врати кај Јехова, настанува ,радост меѓу Божјите ангели‘ (Лука 15:10). Бидејќи ангелите се толку живо заинтересирани за доброто на оние што му служат на Бог, не е ништо чудно што Јехова често ги користел за да ги зајакне и да ги заштити своите верни слуги на Земјата. (Прочитај Евреите 1:7, 14.) Да разгледаме неколку примери.
5. Кои примери на помош од ангелите ги наоѓаме во Библијата?
5 Два ангела им помогнале на праведникот Лот и на неговите ќерки да го преживеат уништувањето на злобните градови Содом и Гомора со тоа што ги извеле од тоа подрачје (1. Мојсеева 19:15, 16). По многу векови, пророкот Даниел бил фрлен во лавовска јама, но воопшто не бил повреден. Тој рекол: „Мојот Бог испрати свој ангел и им ја затвори устата на лавовите“ (Даниел 6:22). Во првиот век од н.е., еден ангел го ослободил апостол Петар од затвор (Дела 12:6-11). Исто така, ангелите го охрабриле Исус кога ја започнал својата служба на Земјата (Марко 1:13). А кратко пред да умре Исус, еден ангел му се појавил и ,го зајакнал‘ (Лука 22:43). Колкава утеха мора да било тоа за Исус во тие многу важни моменти од неговиот живот!
6. а) На кој начин ангелите го штитат Божјиот народ денес? б) Кои прашања ќе ги разгледаме сега?
6 Денес, ангелите повеќе не им се појавуваат на Божјите слуги на Земјата. Но, иако се невидливи за човечките очи, Божјите моќни ангели сѐ уште го штитат неговиот народ, особено од она што може да им наштети во духовен поглед. Библијата вели: „Ангел Јеховин стои улогорен околу оние што се бојат од Бог, и ги избавува“ (Псалм 34:7). Зошто овие зборови треба да бидат многу утешни за нас? Затоа што постојат и опасни злобни духовни суштества што сакаат да ни наштетат! Кои се тие? Од каде се? Како се обидуваат да ни наштетат? За да дознаеме, да разгледаме накратко што се случило на самиот почеток од човечката историја.
ДУХОВНИ СУШТЕСТВА ШТО НИ СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
7. Во која мера Сатана успеал да ги одврати луѓето од Бог?
7 Како што видовме во третото поглавје од оваа книга, кај еден ангел се родила желба да владее над другите и така се свртел против Бог. Подоцна овој ангел станал познат како Сатана Ѓаволот (Откровение 12:9). Во текот на 1.600 години откако ја измамил Ева, Сатана успеал да ги одврати од Бог речиси сите луѓе. Останале верни само неколкумина, како што биле Авел, Енох и Ное (Евреите 11:4, 5, 7).
8. а) Како некои ангели станале демони? б) Што морале да направат ангелите за да го преживеат Потопот во времето на Ное?
8 Во времето на Ное, и други ангели се побуниле против Јехова. Тие го напуштиле своето место во Божјето 1. Мојсеева 6:2 читаме: „Синовите на вистинскиот Бог забележаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, сите што ќе ги избереа“. Но, Јехова Бог не дозволил тие ангели и понатаму да прават така, а не дозволил да потрае ни расипаноста на луѓето што произлегла од тоа. Тој предизвикал потоп на целата Земја, во кој биле уништени сите злобни луѓе, а преживеале само неговите верни слуги (1. Мојсеева 7:17, 23). Тогаш бунтовните ангели, односно демони, биле присилени да ги напуштат своите човечки тела и да се вратат на небото како духовни суштества. Тие застанале на страната на Ѓаволот, кој со тоа станал ,владетел на демоните‘ (Матеј 9:34).
небесно семејство, се симнале на Земјата и си зеле човечки тела. Зошто? Во9. а) Што се случило со демоните кога се вратиле на небото? б) Што ќе разгледаме во врска со демоните?
9 Кога непослушните ангели се вратиле на небото, повеќе не можеле да бидат дел од Божјето небесно семејство, исто како што не бил ни нивниот владетел, Сатана (2. Петрово 2:4). Иако сега не можат да земаат човечки тела, тие сѐ уште имаат многу лошо влијание врз луѓето. Всушност, со помош на овие демони, Сатана „го заведува целиот свет“ (Откровение 12:9; 1. Јованово 5:19). Како? Демоните имаат свои методи со кои ги заведуваат луѓето. (Прочитај 2. Коринќаните 2:11.) Да разгледаме некои од нив.
КАКО ДЕМОНИТЕ ГИ ЗАВЕДУВААТ ЛУЃЕТО
10. Што е спиритизам?
10 За да ги заведат луѓето, демоните се служат со спиритизам. Спиритизмот претставува стапување во контакт со демоните, било директно било индиректно, преку некој што служи како медиум, или посредник. Библијата го осудува спиритизмот и нѐ опоменува да се чуваме од сѐ што е поврзано со него (Галатите 5:19-21). Демоните се служат со спиритизмот исто како што еден рибар се служи со мамката. За различни видови риба рибарот користи различни видови мамки. На сличен начин, злите духови користат различни облици на спиритизам за да држат под контрола различни луѓе.
11. Што е гатање, и зошто не треба да се занимаваме со него?
11 Една мамка што ја користат демоните е гатањето. Што е гатање? Тоа е обид да се дознае иднината или непознатото. Некои облици на гатање се астрологија, гледање на тарот карти, гледање на кристална топка, гледање на рака и толкување на соништата. Иако многу луѓе мислат дека гатањето е безопасна работа, Библијата покажува дека гатачите, всушност, соработуваат со злите духови. На пример, во Дела 16:16-18 се спомнува „гатачки демон“ што ѝ дал моќ на една девојка да ,прорекува‘. Но, девојката ја изгубила таа способност кога демонот бил истеран од неа.
12. Зошто е опасно да се обидуваме да комуницираме со мртвите?
12 Демоните ги заведуваат луѓето и на тој начин што ги поттикнуваат да ги повикуваат мртвите. Луѓето што тажат поради смртта на некој близок честопати се измамени од погрешните верувања во врска со мртвите. Некој спиритистички медиум може да даде некои конкретни информации или да зборува со глас што личи на гласот на починатиот. Затоа многу луѓе се уверени дека мртвите се живи и дека контактирањето со нив ќе им помогне на живите полесно да ја поднесат жалоста. Но, секоја таква „утеха“ е, всушност, лажна и опасна. Зошто? Затоа што демоните можат да го имитираат гласот на починатиот и да му дадат на спиритистичкиот медиум информации во врска со него (1. Самоилова 28:3-19). Освен тоа, како што видовме во шестото поглавје, кога човек ќе умре, тој престанува да постои (Псалм 115:17). Значи, секој што „ги прашува мртвите“ е заведен од злите духови и постапува спротивно на Божјата волја. (Прочитај 5. Мојсеева 18:10, 11; Исаија 8:19.) Затоа, биди внимателен и не дозволувај да се фатиш на оваа опасна мамка што ја користат демоните.
13. Што успеале да направат многу луѓе што некогаш се плашеле од демоните?
13 Злите духови не само што ги заведуваат луѓето туку и ги плашат. Денес, Сатана и неговите демони знаат дека им останува само „кратко време“ пред да им биде одземена моќта да влијаат врз луѓето, и затоа се позлобни од кога и да е порано (Откровение 12:12, 17). И покрај тоа, илјадници луѓе што секојдневно живееле во страв од злите духови успеале да се ослободат од тој страв. Како? Што може да направи некој ако веќе се занимава со спиритизам?
КАКО ДА ИМ СЕ СПРОТИВСТАВИШ НА ЗЛИТЕ ДУХОВИ
14. Како можеме да се ослободиме од злите духови следејќи го примерот на христијаните од првиот век што живееле во Ефес?
14 Библијата ни кажува како да им се спротивставиме на злите духови и како да се ослободиме од нив. Да го разгледаме примерот на христијаните од првиот век што живееле во градот Ефес. Некои од нив се занимавале со спиритизам пред да станат христијани. Што направиле кога решиле да прекинат со спиритизмот? Библијата вели: „Мнозина од оние што се занимаваа со магија ги собраа своите книги и ги изгореа пред сите“ (Дела 19:19). Со тоа што ги уништиле своите книги за гатање, тие нови христијани им дале пример на оние што сакаат да им се спротивстават на злите духови денес. Луѓето што сакаат да му служат на Јехова треба да се ослободат од сѐ што е поврзано со спиритизмот. Тоа можат да бидат книги, списанија, филмови, постери и музика што поттикнуваат на спиритизам и го прикажуваат како нешто привлечно и возбудливо. Треба да се ослободат и од секакви амајлии или други предмети што ги носат за да ги чуваат од лошо (1. Коринќаните 10:21).
15. Што треба да правиме за да им се спротивставиме на злите духовни сили?
Ефешаните 6:12). Демоните не се откажале. Тие и понатаму се обидувале да стекнат контрола над нив. Затоа, што друго требало да направат тие христијани? „Пред сѐ“, рекол Павле, „земете го големиот штит на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите огнени стрели на Злобниот [Сатана]“ (Ефешаните 6:16). Колку е појак нашиот штит на верата, толку подобро ќе им се спротивставиме на злите духовни сили (Матеј 17:20).
15 Неколку години откако христијаните во Ефес ги изгореле своите книги за гатање, апостол Павле им напишал: ,Ние се бориме . . . против злите духовни сили‘ (16. Како можеме да си ја зајакнеме верата?
16 Тогаш, како можеме да си ја зајакнеме верата? Така што ќе ја проучуваме Библијата. Колку цврст ќе биде еден ѕид многу зависи од тоа колку е јак неговиот темел. Слично на тоа, колку ќе биде цврста нашата вера многу зависи од тоа колку е јак нејзиниот темел, имено, точното познавање на Божјата Реч, Библијата. Ако секојдневно ја читаме и ја проучуваме, нашата вера ќе се зајакне. Како некој цврст ѕид, таквата вера ќе нѐ штити од влијанието на злите духови (1. Јованово 5:5).
17. Што друго е неопходно да правиме за да им се спротивставиме на злите духови?
17 Што друго требало да направат христијаните во Ефес? Им била потребна натамошна заштита затоа што живееле во град каде што демонизмот бил многу раширен. Затоа Павле им рекол: ,Молете се во духот со секаква молитва и сесрдна молба во секоја пригода‘ (Ефешаните 6:18). Бидејќи и ние живееме во свет во којшто демонизмот е многу раширен, неопходно е горливо да го молиме Јехова да нѐ штити за да можеме да им се спротивставиме на злите духови. Се разбира, во нашите молитви треба да го користиме Јеховиното име. (Прочитај Изреки 18:10.) Значи, треба постојано да го молиме Бог ,да нѐ избави од Злобниот‘, Сатана Ѓаволот (Матеј 6:13). Јехова ќе одговори на тие искрени молитви (Псалм 145:19).
18, 19. а) Зошто можеме да бидеме сигурни дека ќе победиме во борбата против злите духовни суштества? б) На кое прашање ќе добиеме одговор во следното поглавје?
18 Иако злите духови се опасни, не треба да живееме во страв ако му се спротивставиме на Ѓаволот и ако се зближиме со Бог на тој начин што ја извршуваме Неговата волја. (Прочитај Јаков 4:7, 8.) Злите духови немаат неограничена моќ. Тие биле казнети во времето на Ное, а во иднина ги очекува и конечниот суд (Јуда 6). Исто така, не заборавај дека нѐ штитат и Јеховините моќни ангели (2. Царевите 6:15-17). Тие ангели од сѐ срце сакаат успешно да им се спротивставиме на злите духови. Всушност, праведните ангели се на наша страна и просто нѐ бодрат да успееме. Затоа, да останеме блиску до Јехова и неговото семејство од верни духовни суштества. Исто така, да избегнуваме секаков облик на спиритизам и секогаш да ги применуваме советите од Божјата Реч (1. Петрово 5:6, 7; 2. Петрово 2:9). Само така сигурно ќе победиме во борбата против злите духовни суштества.
19 Но, зошто Бог дозволил да постојат злите духови и злото што им носи толку големо страдање на луѓето? Ова прашање ќе биде одговорено во следното поглавје.
^ пас. 2 Во врска со праведните ангели, во Откровение 5:11 стои: „Бројот им беше миријади миријади“, а „една миријада се десет илјади“ (фуснота). Значи, Библијата вели дека биле создадени стотици милиони ангели.