Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА 1

Барај совети од Бог за да имаш среќен брак

Барај совети од Бог за да имаш среќен брак

„Оној што ги создаде во почетокот, ги создаде машко и женско“ (Матеј 19:4)

Првиот брак го склучил Јехова a Бог. Од Библијата дознаваме дека тој ја создал првата жена и ‚му ја довел‘ на Адам. Како реагирал Адам? Тој бил толку среќен што рекол: „Најпосле, еве коска од моите коски и месо од моето месо“ (1. Мојсеева 2:22, 23). И денес, Јехова сака оние што се во брак да бидат среќни.

Кога стапуваш во брак, можеби си мислиш дека сѐ ќе оди како подмачкано. Но, реалноста е дека во секој брак ќе има проблеми, дури и кога мажот и жената многу се сакаат (1. Коринќаните 7:28). Во оваа брошура ќе најдеш библиски совети што ќе ти помогнат да имаш среќен брак (Псалм 19:8-11).

1. ПРИФАТИ ЈА УЛОГАТА ШТО ТИ ЈА ДАЛ ЈЕХОВА

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: Глава на семејството е мажот (Ефешаните 5:23).

Ако си сопруг, Јехова очекува од тебе со љубов да се грижиш за својата жена (1. Петрово 3:7). Тој ја создал како твое дополнение и сака да се однесуваш кон неа со почит и со љубов (1. Мојсеева 2:18). Треба да ја сакаш толку многу што ќе бидеш спремен да ги ставиш нејзините потреби пред твоите (Ефешаните 5:25-29).

Ако си сопруга, Јехова очекува од тебе длабоко да го почитуваш твојот маж и да му помагаш успешно да ја извршува својата улога на сопруг (1. Коринќаните 11:3; Ефешаните 5:33). Поддржувај ги неговите одлуки и од сѐ срце соработувај со него (Колошаните 3:18). Ако го правиш тоа, ќе бидеш скапоцена и во очите на твојот сопруг и во очите на Јехова (1. Петрово 3:1-6).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Прашај го твојот брачен другар како би можел да бидеш подобар сопруг или сопруга. Слушај внимателно и направи сѐ што можеш за да се подобриш.

  • Биди стрплив. Ќе ви треба време за да научите што му носи радост на другиот.

2. ПОКАЖИ ВИСТИНСКА ГРИЖА ЗА ЧУВСТВАТА НА ТВОЈОТ СОПРУЖНИК

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: Треба да се грижиш за доброто на твојот брачен другар (Филипјаните 2:3, 4). Со твојот сопружник постапувај како со нешто скапоцено, и имај на ум дека Јехова бара да бидеме ‚благи кон сите‘ (2. Тимотеј 2:24). „Оној што зборува непромислено, како да прободува со меч, а јазикот на мудрите е лек.“ Затоа, внимавај какви зборови користиш (Изреки 12:18). Јехова ќе ти помогне да зборуваш благо и со љубов (Галатите 5:22, 23; Колошаните 4:6).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Пред да разговараш со твојот брачен другар за нешто посериозно, моли му се на Бог да ти помогне смирено да сослушаш.

  • Внимателно размисли што да кажеш и како да го кажеш тоа.

3. РАЗМИСЛУВАЈТЕ ТИМСКИ

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: Кога стапувате во брак, станувате „едно тело“ (Матеј 19:5). Но, вие сепак сте две различни личности и за некои работи ќе имате различни гледишта. Затоа, треба да научите да ги земате предвид мислењата и чувствата на другиот и да најдете заеднички јазик (Филипјаните 2:2). Тоа е особено важно кога донесувате одлуки. Библијата вели: „Успешни замисли настануваат со советување“ (Изреки 20:18). Исто така, кога треба да донесете некоја важна одлука, послушајте ги библиските совети (Изреки 8:32, 33).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Кога зборуваш со сопружникот, не му кажувај само информации или лични гледишта, туку кажувај му ги и твоите чувства.

  • Пред да договориш нешто, разговарај со твојот сопружник.

a Јехова е името на Бог, кое е запишано во Библијата.