ПРВ ДЕЛ • ДЕЛА 1:1 — 6:7
„Го наполнивте Ерусалим со своето учење“
Учениците на Исус почнале ревносно да сведочат за Божјето Царство веднаш штом светиот дух бил излеан врз нив на Педесетница 33 год. од н.е. Во овој дел ќе го разгледаме интересниот извештај за почетоците на христијанското собрание, за сѐ поголемото сведоштво што се давало во Ерусалим, како и за смелоста што ја покажале апостолите, иако наишле на големо противење.