Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Индекс на слики

Индекс на слики

Според бројот на страницата

  • Корици Павле, Тавита, Галион, Лука, храмски стражар со апостолите, садукеј, Павле со придружба на пат кон Цезареја, Сведоци кои проповедаат со фонограф и со кола со разглас.

  • Страница 1 Павле, во окови, и Лука на товарен брод кој плови кон Рим.

  • Страници 2, 3 Брат Џон Бар и брат Теодор Џерес од Водечкото тело пред карта на светот.

  • Страница 11 Исус им дава задача на 11-те верни апостоли и на другите ученици на една планина во Галилеја.

  • Страница 14 Исус се вознесува на небото. Апостолите гледаат по него.

  • Страница 20 На Педесетница, учениците почнуваат да им зборуваат на посетителите на нивниот мајчин јазик.

  • Страница 36 Апостолите стојат пред разгневениот Кајафа. Судскиот совет ги користел храмските стражари кога сакал да уапси некого.

  • Страница 44 Долу: По II Светска војна, еден суд во Источна Германија ги осуди Сведоците под лажно обвинение дека се американски шпиони (Neue Berliner Illustrierte, 3 октомври 1950).

  • Страница 46 Стефан стои обвинет пред Судскиот совет. Во заднина седат богати садукеи, а во преден план се ултраортодоксните фарисеи.

  • Страница 54 Петар полага раце на нов ученик; зад него се гледа Симон кој држи ќесе со пари.

  • Страница 75 Петар и неговите придружници влегуваат кај Корнелиј. Корнелиј носи посебен плашт кој му е префрлен преку левото рамо, по што се гледа дека е стотник.

  • Страница 83 Еден ангел го води Петар; можно е Петар да бил затворен во Кулата Антонија.

  • Страница 84 Долу: напад од насилна толпа во близина на Монтреал (Квебек) во 1945 год. (Weekend Magazine, јули 1956).

  • Страница 91 Павле и Варнава се исфрлени од писидиска Антиохија. Во заднина се гледа новиот аквадукт во градот, кој веројатно бил изграден некаде во почетокот на првиот век од н.е.

  • Страница 94 Павле и Варнава не им дозволуваат на жителите на Листра да им се клањаат. Јавното жртвување честопати било шаренолика и бучна прослава придружена со многу музика.

  • Страница 100 Горе: Сила и Јуда го храбрат собранието во сириска Антиохија (Дела 15:30-32). Долу: покраински надгледник држи говор во едно собрание во Уганда.

  • Страница 107 Собранието во Ерусалим се состанува во приватна куќа.

  • Страница 124 Павле и Тимотеј пловат на еден римски трговски брод. Во далечината се гледа светилник.

  • Страница 139 Павле и Сила во ограден двор, откако успеале да се спасат од една насилна толпа.

  • Страница 155 Галион ги истерува обвинителите на Павле. Носи облека што одговара на неговата положба: бела царска тога со широка виолетова лента и калцеи, еден вид чевли.

  • Страница 158 Димитриј зборува со занаетчиите во една сребрарница во Ефес. Сребрените храмчиња на Артемида се продавале како сувенири.

  • Страница 171 Павле и неговите придружници се качуваат на брод. Зад нив се гледа Големиот пристаништен споменик, подигнат во првиот век пр.н.е.

  • Страница 180 Долу: Во текот на 1940-тите, кога беше забранета литературата во Канада, еден млад Сведок тајно пренесува библиски публикации. (Одглумена сцена.)

  • Страница 182 Павле е послушен на барањето на старешините. Лука и Тимотеј, кои се одзади, помагаат да се достават собраните прилози.

  • Страница 190 Внукот на Павле зборува со Клавдиј Лисиј во Кулата Антонија, каде што веројатно бил затворен Павле. Во заднина се гледа храмот на Ирод.

  • Страница 206 Павле се моли за исцрпените патници под палубата на еден товарен брод.

  • Страница 222 Павле како затвореник, врзан со синџир за римски војник, гледа дел од градот Рим.