ПОГЛАВЈЕ 24
Немој никогаш да станеш крадец!
ДАЛИ некогаш некој ти украл нешто?— Како се чувствуваше?— Кој и да го направил тоа, тој бил крадец, а никој не сака крадци. Што мислиш, како некој станува крадец? Дали таков се родил?—
Видовме дека луѓето се раѓаат со грев. Значи, сите ние сме несовршени. Но, никој не се раѓа како крадец. Крадецот може да е од добро семејство. Неговите родители, неговите браќа и сестри може да се чесни. Но, неговата сопствена желба за такви работи како пари и за она што може да се купи со пари може да го натера да стане крадец.
Кој бил првиот крадец, што мислиш?— Да размислиме за тоа. Големиот Учител ја знаел таа личност кога бил на небото. Тој крадец бил ангел. Но, ако Бог ги направил сите ангели совршени, како тој ангел станал крадец?— Па, како што научивме во 8. поглавје од оваа книга, тој сакал да има нешто што не било негово. Се сеќаваш ли што беше тоа?—
Откако Бог ги создал првите маж и жена, тој ангел сакал тие да го обожаваат него. Тој немал никакво право да го обожаваат. Нивното обожавање му припаѓало на Бог. Но, тој го украл! Со тоа што ги навел Адам и Ева да го обожаваат него, ангелот станал крадец. Станал Сатана Ѓаволот.
Што е тоа што прави некој да стане крадец?— Желбата да го има она што не му припаѓа. Оваа желба може да стане толку силна што може да наведе дури и добри луѓе да прават лоши работи. Понекогаш, оние луѓе што стануваат
крадци никогаш не се каат и не го прават повторно она што е добро. Таков бил и еден апостол на Исус. Се викал Јуда Искариот.Јуда знаел дека е погрешно да се краде затоа што бил поучуван за Божјиот закон уште како мало дете. Знаел дека еднаш Бог дури зборувал од небото и на својот народ му рекол: ‚Не кради‘ (Излез 20:15). Кога пораснал, Јуда го запознал Големиот Учител и станал негов ученик. Подоцна, Исус дури го избрал Јуда да биде еден од неговите 12 апостоли.
Исус и неговите апостоли патувале заедно. Јаделе заедно. И сите заеднички пари ги чувале во една кутија. Исус дал Јуда да ја чува таа кутија. Се разбира, парите не му припаѓале на Јуда. Но, знаеш ли што сторил Јуда по некое време?—
Јуда почнал да си зема пари од кутијата и тогаш кога не требало. Земал кога другите не го гледале, па дури и пробал да најде начини да собере повеќе пари. Цело време размислувал за пари. Ајде да видиме до што довела оваа погрешна желба само неколку дена пред да биде убиен Големиот Учител.
Марија, сестрата на Исусовиот пријател Лазар, зела едно многу убаво масло и му ги намачкала нозете на Исус. Но, Јуда се бунел. Знаеш ли зошто?— Тој рекол дека се буни затоа што маслото требало да се продаде и парите требало да им се дадат на сиромашните. Но, она што навистина го сакал било да собере повеќе пари во кутијата за да може да ги украде (Јован 12:1-6).
Исус му рекол на Јуда да не ѝ додева Марија, која била толку љубезна. На Јуда не му се допаднало што Исус му рекол така, па отишол кај главните свештеници, кои му биле
непријатели на Исус. Тие сакале да го уапсат Исус, но сакале да го направат тоа ноќе за да не ги видат луѓето.Јуда им рекол на свештениците: ‚Јас ќе ви кажам како да го фатите Исус ако ми дадете пари. Колку ќе ми дадете?‘
‚Ќе ти дадеме триесет сребреници‘, одговориле свештениците (Матеј 26:14-16).
Јуда ги зел парите. Тоа било исто како да им го продал Големиот Учител на тие луѓе! Можеш ли да си замислиш некој да направи толку лошо нешто?— Па, токму тоа се случува кога некој станува крадец и краде пари. Тој ги сака парите повеќе од луѓето, па дури и од Бог.
Можеби ќе речеш: ‚Јас никогаш нема да сакам нешто друго повеќе отколку што го сакам Јехова Бог‘. Добро е што мислиш така. Кога Исус го избрал Јуда за апостол, најверојатно и Јуда го мислел истото. Можеби така мислеле и други што станале крадци. Да позборуваме за некои од нив.
Еден бил Божји слуга што се викал Ахан и кој живеел долго пред да се роди Големиот Учител. Ахан видел една многу убава облека, златна плоча и неколку сребреници. Тие не му припаѓале нему. Библијата вели Исус Навин 6:19; 7:11, 20-22).
дека тие му припаѓале на Јехова бидејќи биле одземени од непријателите на Божјиот народ. Но, Ахан толку многу сакал да ги има што ги украл (Еве уште еден пример. Многу одамна, Јехова го избрал Давид да им биде цар на луѓето од Израел. Еден ден, Давид се загледал во убавата жена Витсавеа. Тој и понатаму продолжил да ја гледа Витсавеа и да размислува да си ја земе дома за да биде со неа. Меѓутоа, таа му била жена на Уриј. Што требало да направи Давид?—
Давид требало да престане да размислува како да ја добие Витсавеа. Но, не престанал. Така, Давид ја зел дома. А потоа средил да биде 2. Самоил 11:2-27).
убиен Уриј. Зошто ги направил Давид овие лоши работи?— Затоа што продолжил да посакува жена што му припаѓала на друг (Бидејќи на Давид му било жал за тоа што го направил, Јехова го оставил во живот. Но, сега Давид имал многу проблеми. Син му Авесалом сакал да го заземе местото на Давид како цар. Па кога луѓето доаѓале кај Давид, Авесалом ги прегрнувал и ги бакнувал. Библијата вели: „Авесалом ги придобиваше [крадеше, NW] срцата на Израелците за себе“. Тој ги убедил тие луѓе да го сакаат него за цар наместо Давид (2. Самоил 15:1-12).
Дали некогаш многу си сакал нешто, како Ахан, Давид и Авесалом?— Ако тоа нешто му припаѓа на некој друг, да го земеш без да прашаш е крадење. Се сеќаваш ли што сакал првиот крадец, Сатана?— Сакал луѓето да го обожаваат него наместо Бог. Значи, Сатана крадел кога ги навел Адам и Ева да го послушаат него.
Кога некој поседува нешто, тој има право да каже кој може да го користи тоа. На пример, можеби одиш да си играш со другите деца кај нив дома. Дали би било во ред да земеш нешто оттаму и да си го однесеш дома?— Не, освен ако татко им и мајка им не ти кажат дека можеш. Ако си земеш нешто за дома без да ги прашаш, тоа е крадење.
Зошто би можел да бидеш искушан да украдеш?— Затоа што сакаш нешто што не е твое. Па дури и ако не те види никој друг дека го земаш, кој те гледа?— Јехова Бог. И, треба да запомниме дека Бог го мрази крадењето. Значи, љубовта кон Бог и кон ближниот ќе ти помогне никогаш да не станеш крадец.
Библијата јасно покажува дека е погрешно да се краде. Те молам, прочитај во Марко 10:17-19; Римјаните 13:9 и Ефешаните 4:28.