ВТОРО ПОГЛАВЈЕ
,Одел со вистинскиот Бог‘
1, 2. Што почнале да градат Ное и неговото семејство, и со какви тешкотии се соочиле?
НОЕ го болело секое делче од телото поради долгото седење на тврдата греда и напорната работа. Полека го исправил свитканиот грб, протегнувајќи ги згрчените мускули. Потоа со погледот поминал преку огромното здание на кое тој и неговото семејство трудољубиво работеле веќе со децении. Во воздухот се чувствувал остриот мирис на врелата смола. Силно одекнувале звуците од дрводелските алатки. Кога погледнал во своите синови, кои глава не кревале од работа, мислите му одлетале на времето кога почнале со градењето. Иако оттогаш завршиле многу работа, Ное добро знаел дека арката нема сама да се заврши. Ги чекало уште работа.
2 Сите што го познавале и сите што чуле за него и неговото семејство сметале дека, во најмала рака, со нив нешто не е во ред. Како што привршувало градењето на арката, луѓето ги засмејувала и самата помисла дека ќе дојде потоп на Земјата кој ќе уништи сѐ живо. Ное ги предупредувал дека ќе дојде неволја каква што никој никогаш не видел, а на луѓето тоа им звучело како приказна за мали деца. Не можеле да сфатат зошто човек би си го потрошил целиот свој живот и животот на сите од семејството на еден таков смешен потфат. Но, Јехова, Богот на Ное, имал сосема поинакво мислење за овој човек.
3. Во која смисла Ное одел со Бог?
3 Во Божјата Реч пишува: „Ное одеше со вистинскиот Бог“. (Прочитај 1. Мојсеева 6:9.) Се разбира, овие зборови не значат дека Бог се симнал на Земјата ниту, пак, дека Ное на некој начин се качил на небото. Тие покажуваат дека Ное толку многу го слушал и го сакал својот Бог што тие двајца станале блиски како најдобри пријатели. Неколку илјади години по неговата смрт, во Библијата било запишано дека со својата вера Ное го осудил светот (Евр. 11:7). Што значи тоа? И што можеме да научиме од овој верен Божји слуга?
Праведен човек во еден расипан свет
4, 5. Зошто луѓето во времето на Ное станале толку злобни?
4 Ное пораснал во свет кој брзо одел од лошо на полошо. 1. Мој. 5:22; 6:11; Јуда 14, 15). Зошто работите толку се влошиле?
Луѓето биле злобни уште кога живеел неговиот прадедо Енох, кој исто така му бил верен на Бог. Но, во времето на Ное, нивната злоба ја поминала секоја мера. Очигледно дошло време да се исполни пророштвото на Енох дека Бог ќе им суди на безбожниците. На секој чекор имало толку насилство што Јехова сметал дека целиот свет бил потполно расипан (5 Меѓу Божјите духовни синови, ангелите, се случило нешто страшно. Уште во почетокот на човечката историја, еден ангел се побунил против Јехова. Со тоа што го наклеветил Јехова и ги навел Адам и Ева да му згрешат, тој станал Сатана Ѓаволот. Во времето на Ное, и други ангели се повеле по него и почнале да се бунат против Јеховиното праведно владеење. Библијата открива дека тие бунтовни ангели престанале да ја вршат Божјата волја и го напуштиле своето место на живеење на небото. Се симнале на Земјата во облик на луѓе и си зеле убави жени. Овие горди, себични и бунтовни ангели го расипале целото човештво (1. Мој. 6:1, 2; Јуда 6, 7).
6. Какво влијание врз луѓето имале нефилите, и што одлучил да направи Јехова?
6 Од нивните неприродни врски се раѓале потомци кои биле многу високи и имале натчовечка сила. Во Библијата тие се наречени нефили, што буквално значи „соборувачи“. Поради тие насилници светот се исполнил со безбожност и насилство. Не е ништо чудно што, во очите на Творецот, ‚лошотијата на човекот на земјата била голема и сите мисли на човековото срце биле секогаш насочени само кон зло‘. Токму затоа одлучил за 120 години да го уништи расипаното човештво. (Прочитај 1. Мојсеева 6:3-5.)
7. Што требало да прават Ное и неговата жена за да ги заштитат своите синови од штетното влијание во нивно време?
* Ное и жена му требало да даваат сѐ од себе за да ги заштитат своите синови од штетното влијание околу нив. Децата обично им се восхитуваат на силните луѓе, па и на синовите на Ное можеби им било интересно да ги гледаат нефилите. Нивните родители не можеле да ги чуваат под стаклено ѕвоно, но можеле да им помогнат да го засакаат Јехова, кој од дното на душата го мрази злото. Исто така, можеле да им помогнат да сфатат колку го болело тоа што морал да го гледа насилството кое било раширено на Земјата (1. Мој. 6:6).
7 Како било да се подига семејство во еден таков расипан свет? Одговорот на тоа прашање е јасен. Откако Ное наполнил 500 години, жена му родила три сина — Сем, Хам и Јафет.8. Како можат мудрите родители денес да се угледаат на Ное и неговата жена?
8 Родителите денес лесно можат да сфатат колку тешка задача имале Ное и неговата жена. И денешното општество е полно со насилни и безбожни луѓе. Во многу градови владеат банди од млади што се бунат против секаков авторитет. Дури и забавата наменета за деца може да биде полна со насилство. Мудрите родители прават сѐ што можат за да го спречат таквото влијание со тоа што ги поучуваат своите деца дека Јехова го сака мирот и дека еден ден ќе му стави крај на насилството (Пс. 11:5; 37:10, 11). Семејството на Ное е доказ дека и во еден безбожен свет децата може да се изведат на прав пат. Сем, Хам и Јафет станале верни слуги на Јехова и си зеле жени кои исто така му служеле на Бог.
„Направи си арка“
9, 10. а) Која заповед од Јехова му го променила животот на Ное? б) Какви упатства во врска со арката му дал Јехова на Ное?
9 Еден ден, животот на Ное се променил од корен. Јехова му кажал на својот сакан слуга дека има намера да му стави крај на тој свет. Бог му заповедал: „Направи си арка од смолесто дрво“ (1. Мој. 6:14).
10 Арката не била брод, како што си мислат некои. Немала клун, крма, кобилица, кормило, а немала ниту едра. Таа била како еден огромен сандак, или кутија. Јехова му ги дал на Ное точните димензии на арката, му дал детали во врска со нејзиниот изглед и му рекол да ја премачка однатре и однадвор со смола. Потоа му кажал зошто треба да ја направи арката: „Ќе ги пуштам на земјата водите на потопот... Ќе изгине сѐ на земјата“. Освен тоа, Јехова склучил сојуз со Ное. Тој му рекол: „Влези во арката ти, и со тебе твоите синови и твојата жена и жените на 1. Мој. 6:17-20).
твоите синови“. Исто така, Ное требало да внесе во арката по еден пар од сите видови животни. Јехова му ветил дека оние што ќе бидат во арката ќе го преживеат Потопот (11, 12. Каква огромна задача добил Ное, и како ја извршил?
11 Ное го чекало многу работа. Арката требало да биде огромна — долга 133 метри, широка 22 метри и висока 13 метри. Таа била поголема и од едно фудбалско игралиште. Дали Ное се откажал од оваа задача уште пред да ја започне? Дали му се пожалил на Јехова дека е невозможно да се изгради такво нешто? Дали, за да си олесни, некои работи ги направил по свое? Библијата вели: „Ное направи сѐ така како што му беше заповедал Бог. Токму така направи“ (1. Мој. 6:22).
12 Целата работа траела со години, можеби 40 или 50. Требало да се исечат многу дрвја, да се пренесат трупците до местото на изградба, а потоа да се изделкаат греди и од нив да се направи цврста конструкција. Арката требало да биде на три ката, а секој кат требало да биде поделен на простории. Од едната страна требало да има отвор за врата, а на горниот кат прозорци. Покривот требало да биде благо закосен за водата да се слева од него (1. Мој. 6:14-16).
13. Освен градењето на арката, што друго требало да прави Ное? Како реагирале луѓето?
13 Како што одминувале годините и арката сѐ повеќе го добивала својот облик, Ное сигурно бил многу радосен за поддршката од семејството. Градењето на арката било многу тешка работа, но не и единствената што морал да ја изврши овој Божји слуга. Во Библијата тој е наречен ‚проповедник на праведноста‘. (Прочитај 2. Петрово 2:5.) Ное со пример му покажал на своето семејство што друго треба да прават — бестрашно да ги предупредуваат луѓето дека сите злобни наскоро ќе бидат збришани од лицето на Земјата. Како реагирале луѓето? Исус Христос подоцна рекол дека не им било гајле за она што им го кажувал Ное. Нивниот живот се сведувал на јадење, пиење, мажење и женење, па затоа ‚не обрнувале внимание‘ на она што им го зборувал (Мат. 24:37-39). Без сомнение, мнозина ги исмевале него и неговото семејство, а некои можеби и им се заканувале или биле насилни кон нив. Можеби дури и се обиделе да ја спречат изградбата на арката.
14. Што можат да научат од Ное и неговото семејство христијаните кои имаат семејства?
14 Сепак, Ное и неговото семејство не дозволиле околината да ги обликува нивните гледишта. Тие верно ја извршувале задачата што им ја дал Бог, иако луѓето околу нив сметале дека мора да се мрднале од умот штом толку години градат некој чуден пловен објект кој никогаш нема да заплови. Ное и неговото семејство им се добар пример на христијаните кои имаат семејства. Зошто? Затоа што Библијата вели дека живееме во „последните денови“ на овој злобен свет (2. Тим. 3:1). Исус рекол дека нашево време ќе биде слично на времето во кое Ное ја градел арката. Кога луѓето не сакаат ни да ја слушнат веста за Божјето Царство, кога нѐ исмејуваат или дури и нѐ прогонуваат затоа што проповедаме, добро е да помислиме на Ное. Тој храбро го издржал противењето од луѓето меѓу кои живеел.
„Влези во арката“
15. Какви загуби доживеал Ное пред да наполни 600 години?
15 Полека минувале децении и изградбата на арката се ближела кон својот крај. Пред да наполни 600 години, Ное доживеал неколку загуби. Прво умрел татко му, Ламех. * Пет години подоцна, истата година кога Потопот ја прекрил Земјата, умрел и дедо му, Метузалем, на возраст од 969 години. Според Библијата, ниеден друг човек не живеел подолго од него (1. Мој. 5:27). И Метузалем и Ламех се родиле додека сѐ уште бил жив првиот човек, Адам.
16, 17. а) Што му рекол Јехова на Ное кога имал 600 години? б) Опиши ја незаборавната глетка која се одиграла пред очите на Ное и неговото семејство.
16 Кога Ное имал 600 години, Јехова му рекол: „Влези во арката, ти и целото твое семејство“. Исто така, му рекол во неа да внесе и животни — од сите чисти, односно од оние што можел да ги принесе како жртва, требало да земе по седум, а од останатите само по две, мажјак и женка (1. Мој. 7:1-3).
17 Деновите што следеле веројатно засекогаш се врежале во сеќавањето на Ное. Тоа било незаборавна глетка: од сите страни кон арката оделе, летале, лазеле или се влечеле илјадници животни — мали и големи, диви и питоми. Ное не требало да ги внесува сосила ниту, пак, некако да ги намамува да влезат. Библијата вели дека животните едноставно ‚влегле кај Ное во арката‘ (18, 19. а) Што може да им одговориме на оние кои се сомневаат дека настаните во времето на Ное навистина се случиле? б) Како начинот на кој Јехова ги спасил животните ја покажува неговата мудрост?
18 Некои можеби ќе речат: ‚Како е можно такво нешто? Зар може сите тие животни да живеат мирољубиво на толку мал простор?‘ Но, зарем Творецот на целата вселена не може да ги скроти, па дури и да ги припитоми животните? Јехова го создал сиот животински свет. Многу подоцна тој исто така ги одвоил водите на Црвеното Море и направил Сонцето да застане сред бел ден. Зар било невозможно да го направи и она што е запишано во извештајот за Ное? Се разбира дека не.
19 Иако Бог можел да ги спаси животните и на некој друг начин, тој мудро одлучил оваа задача да му ја даде на Ное. Тоа нѐ потсетува дека на почетокот Бог го задолжил човекот да се грижи за сите живи суштества на Земјата (1. Мој. 1:28). Многу родители денес на своите деца им ја раскажуваат приказната за Ное за да ги поучат дека Јехова ги сака и животните и луѓето.
20. Со што биле зафатени Ное и неговото семејство седум дена пред да почне Потопот?
20 Јехова му рекол на Ное дека Потопот ќе почне по седум дена. Оттогаш, ни тој ни неговото семејство не помислувале на одмор. Во арката требало да ги внесат животните и доволно
храна за нив. А морало да мислат и на себе, затоа што во арката ќе требало да поминат прилично долго време. И ним им било потребно место за спиење, храна и други работи. Жена му на Ное и жените на Сем, Хам и Јафет сигурно биле многу зафатени околу чистењето и средувањето на арката за да биде што поудобно во неа.21, 22. а) Зошто не треба да нѐ изненади тоа што луѓето во времето на Ное биле рамнодушни? б) Кога луѓето престанале да им се потсмеваат на Ное и неговото семејство?
21 Но, како реагирале другите луѓе? Што помислиле кога виделе како во арката влегуваат толку многу животни? И понатаму ‚не обрнувале внимание‘ на предупредувањето кое им го кажувал Ное, иако било очигледно дека Јехова го благословувал она што го правел. Ни со прст не мрднале за да си го спасат животот. Колку и да е чудна нивната реакција, не треба да нѐ изненади. И денес луѓето не обрнуваат внимание на јасните докази дека живееме во последните денови на овој свет. Апостол Петар одамна прорекол дека ќе има потсмевачи кои ќе им се подбиваат на оние што објавуваат дека на овој свет му се ближи крај. (Прочитај 2. Петрово 3:3-6.) Ное и неговото семејство не поминале ништо подобро.
22 Сепак, на потсмевањата им дошол крај. Библијата кажува дека, штом Ное ги внел во арката своето семејство и животните, ‚Јехова ја затворил вратата зад него‘. Ако некои од оние што го исмевале Ное го виделе ова, во тој момент сигурно замолкнале. Ако не биле во близина, тогаш замолкнале кога на лицата ги почувствувале првите капки дожд кои станувале сѐ покрупни! Наскоро почнало да врне пороен дожд. Водите ја прекриле целата Земја, токму како што кажал Јехова (1. Мој. 7:16-21).
23. а) Од каде знаеме дека на Јехова не му било мило што умреле злобните луѓе во времето на Ное? б) Зошто е мудро да имаме вера каква што имал Ное?
23 Дали на Јехова му било мило што изумреле толку многу луѓе? Не! (Езек. 33:11). Напротив, тој им дал прилика на луѓето да се променат и да постапуваат исправно. Одлуките и животот на Ное јасно покажуваат дека и останатите можеле да постапат според Божјата волја. Ное го слушал Бог во сѐ — одел со Бог — и затоа го преживеал Потопот. Во таа смисла, Библијата вели дека Ное со својата вера го осудил тогашниот свет. Начинот на кој постапувал тој разоткрил колку расипан бил човечкиот род, а неговата вера му го спасила животот и нему и на неговото семејство. Ако имаш вера каква што имал Ное, и ти ќе се спасиш себеси и оние што ги сакаш. Јехова може да биде и твој Пријател, и тоа засекогаш!
^ пас. 7 Во тоа време, луѓето живееле многу подолго од денес. Нивната долговечност најверојатно се должела на тоа што биле поблиску до совршенството што го изгубиле Адам и Ева.
^ пас. 15 На својот син, Ламех му го дал името Ное, што веројатно значи „одмор“ или „утеха“. Тој прорекол дека Ное ќе го исполни значењето на своето име со тоа што ќе им донесе на луѓето одмор од маките што ги трпеле додека ја обработувале проколнатата земја (1. Мој. 5:28, 29). Сепак, Ламех не доживеал да види како се исполнило неговото пророштво. Мајката, браќата и сестрите на Ное можеби загинале во Потопот.