Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Заклучок

Заклучок

Дали понекогаш се присетуваш на убавите моменти што ги имаше со Јеховиниот народ? Дали се сеќаваш на некој охрабрувачки состанок или конгрес, интересно искуство од службата или пријатен разговор со некој соверник? Сигурно не си го заборавил Јехова, а и тој не те заборавил тебе. Јехова многу добро се сеќава на твојата верна служба и има голема желба да ти помогне да се вратиш кај него.

Јехова вели: „Јас ќе ги побарам своите овци и ќе се погрижам за нив. Како што оној кој го пасе стадото се грижи за своите овци кога ќе ги најде расеани така и јас ќе се погрижам за своите овци. Ќе ги избавам од сите места низ кои се распрснаа“ (Езекиел 34:11, 12).