Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Предговор

Предговор

Размисли за овој парадокс: Во една индустријализирана земја, повеќе од 90 проценти од луѓето сметаат дека се многу среќни или дека се прилично среќни. Но, од секои 10 лекови кои најмногу се користат во таа земја, 3 се препишуваат за депресија. Во истата земја, 91 процент од луѓето сметаат дека нивниот семеен живот е задоволувачки. Сепак, речиси половина од тамошните бракови завршуваат со развод!

Всушност, една анкета што била спроведена меѓу луѓе од 18 земји, што претставува околу една половина од светското население, покажува дека „голем дел од светот како да е прекриен со покривка на песимизам во врска со иднината“. Значи, очигледно е дека многумина не водат сосема задоволувачки живот. Како е со тебе? Оваа брошура е подготвена за да ти помогне да го направиш својот живот навистина задоволувачки.