Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДЕЛ 4

Што се случило затоа што Адам и Ева го послушале Сатана?

Што се случило затоа што Адам и Ева го послушале Сатана?

Адам и Ева не го послушале Бог, и затоа умреле (1. Мојсеева 3:6, 23).

Ева ја послушала змијата и јадела од плодот. Потоа му дала и на Адам, па и тој јадел.

Она што го направиле било погрешно — било грев. Поради тоа, Бог ги истерал од рајската градина.

Надвор од градината, тие и нивните деца имале тежок живот. Почнале да стареат и на крајот умреле. Дали отишле некаде? Не, едноставно престанале да постојат.

Мртвите не постојат — тие се враќаат во прав (1. Мојсеева 3:19).

Ние умираме бидејќи сите потекнуваме од Адам и Ева. Мртвите не можат да гледаат и да слушаат, и не можат да прават ништо (Проповедник 9:5, 10).

Јехова не сака луѓето да умираат. Наскоро тој ќе ги врати мртвите во живот. Ако му бидат послушни, ќе живеат засекогаш.