Почитувај ги постарите
Преземи:
1. Сакам да знам, драги постари,
низ што сѐ минавте.
Како ја вршевте службата,
каква радост имавте.
Каде сѐ патувавте,
со каква љубов служевте
и колку убаво меѓу себе
се дружевте.
А секој од вас како млад
со сите сили помагал,
и знам, најдоброто од себе
за Бог го дал.
Постари, прекрасен пример сте,
што многу вреди, знам.
По ваши стапки еден ден
сакам јас да чекорам.