Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 50

Љубов како Божјата

Љубов како Божјата

(1. Јованово 4:19)

1. Јехова дал пример како се сака,

за мене,

за тебе.

И секој што учи така да сака

најсреќен е,

најсреќен е!

Бог прекрасен пат ни покажал сега

кон љубезни, добри, праведни дела,

кон слога и мир на Земјата цела.

Тој Божји пат

на љубов е пат.

2. По Божјиот пат со љубов се оди,

искрена,

вистинска.

Да даваме помош таа нѐ бодри

секогаш нас,

секогаш нас.

Да прејдеме преку грешките ситни

и еден со друг да бидеме блиски,

на нашиот Бог да станеме слични,

кој толку нам

од љубов ни дал.

3. Со нашиот Татко одиме верно

секој ден,

секој час.

Најголема љубов гори за него

силно во нас,

силно во нас.

А таквата љубов сомилост буди,

и сакаме спас да најдат и други,

да станат и тие негови слуги.

Да, овој пат

на љубов е пат.