Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 124

Бидете гостољубиви

Бидете гостољубиви

(Дела 17:7)

1. Бог покажал кон нас гостољубивост,

кон сите грижлив е и без пристрасност.

Му дава сонце, дожд, на сето човештво

и храна што задоволство е.

И ние, кога даваме од срце,

на својот Татко небесен слични сме.

Ни возвраќа тој нам за сета добрина

што искрена, благородна е.

2. За оние што вистински в мака се

со малку може многу да дадеме.

И непознат да е, наш ближен секој е,

па затоа милостиви сме.

Ко Лидија пред стотици години,

од сета душа сме гостољубиви.

Јехова сигурно го цени секого

што милостив кон ближниот е.