Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 82

Биди благ како Христос

Биди благ како Христос

(Матеј 11:28-30)

1. Господарот Исус бил пратен од Бог,

бил најголем човек, но не станал горд.

Најважната улога Бог му ја дал,

а сепак бил понизен, добар и благ.

2. О вие со товар од грижи и бол,

вас Христос ве вика под јаремот свој.

До Царството тој ќе ве крепи во сѐ,

бидејќи кон кротките милостив е.

3. Господарот рекол ко браќа да сме,

да служиме, место да бараме чест.

На сите што благи и понизни се

им ветува живот во новиот свет.