Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 3

„Бог е љубов“

„Бог е љубов“

(1. Јованово 4:7, 8)

1. Бог е љубов! Тој нѐ учи:

‚Сѐ од љубов правете.

Секој ден со добри дела

мене да ме славите‘.

Исус пример нам ни дава

љубов да даруваме;

само така трајна среќа

може да чувствуваме.

2. Бог нѐ сака, тоа мотив

силен е да служиме.

Паднеме ли, тој нѐ крева,

напред да продолжиме.

Љубовта е чиста, блага.

Таа не завидува.

Љубезна е, трпи многу,

никогаш не згаснува.

3. Тој што љуби не се лути,

простува, заборава,

водство бара од Јехова,

совет спремно прифаќа.

Љубовта кон Бог и ближен

клучот е за среќата.

Вечно во нас нека гори

љубов како Божјата!