Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 24

Гледај ја наградата!

Гледај ја наградата!

(2. Коринќаните 4:18)

1. Глеј, слепи прогледуваат,

а глувите, пак, слушаат.

Глеј, пустина процветува

и свежа вода бликнува.

Сакатиот ко елен е,

ја нема смртта повеќе.

Да, вакво време пред нас е.

Наградата прекрасна е!

2. Глеј, неми прозборуваат

и старите се млади пак.

Глеј, нивите се преполни

со плодови најразлични.

Си пеат деца песнички

и меѓу сите има мир.

Пак живи се умрените.

Наградата прекрасна е!

3. Глеј, волк со јагне живее

и мечката со теленце.

Дечињата ги водат нив,

а тие им се послушни.

Во заборав се солзите,

ги нема стравот, болките.

Сѐ ново Бог ќе создаде.

Наградата прекрасна е!