Песна 72
Да покажуваме љубов
1. Особини како Божјите
се трудиме да развиеме,
а од нив сите најважната
е дарот прекрасен: љубовта.
Талентот, мудроста, храброста
ни вредат малку без љубовта.
Со љубов штом постапуваме,
Бог најмногу го радуваме.
2. А кога учиме некого,
знаењето не е најважно.
И љубов треба да осети
во секој збор, сите постапки.
Од љубов, неправди трпиме
и може сѐ да издржиме.
Да, љубовта сѐ ќе поднесе
и никогаш не ќе престане.
(Види и Јован 21:17; 1. Кор. 13:13; Гал. 6:2.)