Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 78

Долготрпеливи како Јехова

Долготрпеливи како Јехова

(Галатите 5:22)

1. За својто свето име

Јехова Бог е ревносен

и сака да е чисто

од сиот срам неправеден.

Со векови тој чека,

трпи долго таков срам,

и можност да се спасат

на луѓето им дал.

Од љубов, толку време

поднесува неуморно.

Стрпливоста на Бог е

спасение за луѓето.

2. По патот Божји мора

со стрпливост да одиме.

Од немир таа штити,

од сиот гнев неправеден.

Убавото го гледа

и го бара доброто.

Присебноста ја чува

во време тегобно.

И овој плод на духот

е толку убав дар од Бог.

Со тоа што е стрплив

за нас е голем пример Тој.